Сабајле као сум се изнервирал. Правам кафе глеам нема шеќер. Леееле и кафе и све ... Па ајде трчај до продавница да купам.
Чисто информативно, единствената разлика што ја прави стевијата "поздрава" е тоа што не е калорична па со тоа и не "здебелува" (значи буквално ова е единствената разлика и "придобивка"). Инаку во поголеми количини е подеднакво опасна како и белиот шеќер. Поголеми количини може негативно да влијаат на репродуктивниот систем, кардиоваскуларниот систем, да предизвика хипогликемија, оштетувања на бубрезите и уште неколку други работи. Нема добра/лоша храна. Се е добро во препорачани количини, и се е лошо кога ќе се претера.
Не земам многу. Користам од оние спакуваните во ќесички. Обично едно до две ќесички во ден, колку што пијам кафиња во денот. Во друго не ја ставам.
Не постои здрава или нездрава храна сама по себе, постои здрава или нездрава исхрана/начин на живеење.
Јас би рекла нутритивна храна. Ќе кажеш тоа е здрава храна со друг збор ама апсолутно ништо нема да ни биде здравствено, ако сега јас и ти изедеме бургер, значи не е нездраво. Здравата исхрана не ја прави само храната, тука спаѓа и менталниот дел. Ако имаме опсесија со "здрава" храна и не дозволуваме ништо друго = нездрава исхрана. А физичкиот дел, за физичко здравје ни треба нутритивната храна. Мене лично, етикетирање на лоша и добра храна ми баш смета и за добар однос со храната клучно ми е да не ја делам така.
И јас со ова се сложувам,ама за да имаш здрава исхрана потребна ти е здрава храна и распознавање здрава/нутритивна=добра од нездрава=лоша.
Дискусиите за добра/лоша, здрава/нездрава храна премногу ме разгневуваат затоа што ги претставуваат работите како црно-бели и само ја потенцираат неинформираноста за храна што ја имаме и ние како обични луѓе, ама дури и професионалците кон кои се свртуваме за да нè насочат (доктори, нутриционисти, фитнес тренери итн). Најреални мислења што ги прочитав се: Спојлер + мислењата на @Ajronmen, што не ги цитирам затоа што постот ми има премногу карактери и не можам да го постирам . Тоа што овој факт што претходно го споменаа и други членови што ги имав цитирано е толку научна фантастика за повеќето луѓе е она што најмногу ме лути секогаш кога се зборува за храна, особено во темите за слабеење на форумов. Луѓето се ставаат во некои драстични рестрикции на исфрлување одредени типови на храна (леб/тесто/пецива, грицки, благи работи итн) што се нереални на долгорочен план и кога не успеваат да се придржат затоа што е - нереално, влегуваат во еден магичен круг на изгладнување - прејадување (binging), вечно обвинувајќи се дека не се доволно „јаки“ и истрајни за да одолоеат, или се „зависни“. Сте пишувале за зависност од шеќер и храна општо. Официјално не постои зависност од храна, затоа што тоа би значело дека таа зависност би се манифестирала на ист/сличен начин како другите зависности - алкохол, дрога, коцкање итн. Некои типови на храна имаат т.н. addictive-like карактеристики и во тоа најчесто спаѓа junk food, но не се работи исклучиво за храна со јаглехидрати/шеќер, туку таква карактеристика има храната што содржи јаглехидрати И масти заедно (чипси, крофни, чоколади итн). Тоа што го нарекуваме „зависност“ повеќе е резултат на психолошко нарушување и емоционална приврзаност кон одредени типови на храна кои ни носат моментално задоволство, а не е реална зависност од таа храна. Кога сме веќе тука кај нарушувања, и орторексијата (јадењето исклучиво на храна што се смета за „здрава“) се смета за нарушување, а не некој идеал кон кој треба да се стремиме. Поради етикетирањата на храната како добра/лоша, здрава/нездрава многу од луѓето живеат со нарушувања во исхраната (eating disorders) кои се толку нормализирани во општеството, што не се ни перцепираат како проблем. Во последно доста професионалци почнаа да обрнуваат внимание на ова, но има уште многу работа за овие информации да станат општопознат факт. Храната нема морал, не е ни добра, ни лоша. Според мене, подобри се следните поделби на храна: - кога се разгледува од аспект на слабеење: нискокалорична и висококалорична (low/high calorie/energy dense) - кога се разгледува од аспект на здравје: попразна и пополна со нутриенти (low/high nutrient dense). За слабеење фокусот би требало да е на low calorie/energy dense, а за здравје high nutrient dense. Тоа не значи дека останите типови на храна (она што го викаме junk food) треба целосно да се отфрлат, туку само да се внимава на нивната количина. Тоа е ем пореалистично, ем поздраво од психолошки аспект во врска со односот кон храната општо. На крајот од денот, и шеќерот и junk food се добиваат со некакво процесирање, т.е. екстракција на одредени состојки од нешто од природата (пример, шеќерот нели се вади од шеќерни репки, трски, маслата се добиваат од различни растенија итн), така што не го сфаќам стравот општо од процесирана храна, не е како да нè хранат со детергенти, пак тоа потекнува од природата, само е земено во концентрирана форма, не е создадено од радиоактивни супстанци. Тука би ја додала и најголемата лага и заблуда, а тоа е дека „органската“ храна е на некој начин поздрава и побезбедна од „обичната“ храна. Се користи логичката грешка (logical fallacy) или предрасуда кај луѓето дека сè што е природно е секогаш по дифолт посупериорно од нешто што е добиено на друг начин (со користење на пестициди, што патем се користат и во органската храна, и конзерванси, кои се всушност одличен изум за да намалиме food waste, односно да го одржиме квалитетот на храната подолго време) за да се оправда бизнис со напумпани цени за обични работи. Но нејсе, не е тоа темата. Точно е дека процесираната храна се фокусира повеќе на вкус, отколку на нутриенти и затоа треба да се внесува со усул, но не ја сметам за штетна сама по себе кога се „користи“ разумно и ограничено. Ова не важи само за храна туку за сè - основа на токсикологијата која се занимава со дефинирање на штетност на некоја супстанција е дека секоја супстанција независно од потеклото (природно или синтетичко) е и безбедна и штетна, во зависност од количината во која се внесува. Само што некои супстанци имаат пониска граница, некои повисока. За крај, сте споменале и за обезност. Обезност е болест, но во општеството се редуцира само на „огромна е затоа што не знае за доста кога се работи за јадење“. Додека обезноста е резултат на долгорочен калориски суфицит (јадење вишок од што се троши) кој најчесто се постигнува со калориска исхрана (а шеќерот/мастите ја прават храната покалорична), сепак тригерот за такво однесување не може да се сведе само на „слаб карактер е, затоа се прејадува“ или „шеќерот е виновен“, туку е резултат на многу фактори. Веќе споменав психолошки нарушувања (општо, или поврзано со храна), емоционална поврзаност со храна, здравствени фактори, седентарен животен стил, социјални и културолошки влијанија... Во право е @Cosmic Girl кога кажува дека подготвувањето на овошје/зеленчук/мешунки, односно „здрава“, т.е. нутритивна храна бара повеќе труд и време, или во најмала рака не е толку лесно како „готовата“ храна што бара само да лапнеш и голтнеш и за 10 минути завршуваш со јадење. Но вината ја барам целокупно во брзиот стил на живот на кој сме приморани, а не на постоењето на процесирана храна.
Најреално претставено. Јас сум голема зависничка од благо. Таман ќе почнувам да го намалувам и ќе ми донесат како подарок чоколади, бонбониери, бидејќи ме знаат дека сум таква. Јас сум во процес да го тргнам белиот леб. Досега си бев месела Леб дома и користев интегрално ржано брашно, но кога го правам, морам да ставам малку и бело брашно за да се дигне. Би сакала да го трнам или евентуално заменам за скрос црн леб, односно бело брашно воопшто да не користам. Ако знаете некој рецепт за црн( или интегрален како и да се вика) леб, предложете ми. Би го направила со задоволство Свесна сум дека треба да направам промени во исхраната. Она што ми е желба и мечтаам е да си направам и сопствена градина, со домати, пиперки и друг зеленчук на мало место.
И јас сакав ова да го спомнам ама немам доволно читано за да зборам дека е така. Ама, поодамна прочитав дека зависност од шеќер не постои, недостасува физичката потреба за шеќер. Еден алкохоличар ако не му е дадено да внесе алкохол во организмот и не може да најде ќе посегне по алтернативи што содржат алкохол и не се најбезбедни, на пример ќе почне да пие mouthwash, алкохол за чистење итн., додека не верувам дека ќе видиме некој да јаде бел шеќер онака од кутија ко чиста супстанца или да зема небезбедна храна што била во канта за да си ја задоволи потребата за шеќер, затоа што таа не постои надвор од мозокот. Мене ова ми имаше логика кога го прочитав. Инаку браво за мислењето, тоа е тоа.
Не постои зависност од шеќер, само адитивите малку ја матат математиката https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5747444/ Секако, не е можна ни зависност од сол, иако и на таа тема има студии.
Во студијата не се спомнати адитиви. Тригерот за лачење на допаминот кај секого може да биде различен. Некој може да лачи повеќе допамин коа јаде сладолед, друг пица, трет марула со пченка. Допамин не секогаш значи зависност. Допамин значи задоволство. Најчесто многу повеќе допамин се лачи при оргазам отколку при јадење, па ете ретко кој е зависен од секс. Да не повторувам, ќе цитирам Еден пример за такво психолошко нарушување е депресијата која може да резултира со зголемена "психичка потреба" од еден или повеќе видови храна. Кафето е друга приказна бидејќи е психоактивна супстанца и влијае на функцијата на мозокот. Затоа и многумина кога го откажуваат доживуваат криза (withdrawal symptoms).
Добро, не е адитив. Наречи го како сакаш. Дали се додава во преработена храна? Дали и зошто беше забранет во Европа и зошто веќе не е? Не значи допамин зависност, ама што значи пореметен метаболизам? Туку така метаболизмот се нарушува, од мозокот, од депресија, yeah right Ќе проверам баш за марулата и допаминот
Сеедно. Јасна е студијата. Изложеност на големи количини може да биде лоша за телото. Никој не го негира тоа. Ама подеднакво штетна може да е и големата количина на јаткасти, на компир, на банани и тн. И ај сеа да не ги јадеме пошо имаат калиум па можеш да развиеш хиперкалемија и да добиеш срцев удар. Btw, не се сеќавам дека некогаш фруктозава била забранета во Европа. Туку била и се уште е количински регулирана во однос на тоа колку смеат да ја стават во производите. Никој никаде не вели сркај сируп или бел шеќер ниту пак препорачува да се изедат 10 кроасани или 2 литра газиран сок во денот. Ама смешно е и да се мисли дека ако лижнеш нешто такво ќе ти умрат сите органи.
Па нема да ти умрат сите органи, да беше така ќе беше категоризирано како отров. Ама многу релативизирате. Од ова ништо не ти е, од она ништо не ти е, а ваму едно чудо луѓе со разно разни проблеми. Ко што реков погоре, прехранбените навики се градат од дете. А ако ни е полесно да го нашибаме детето со сок, бисквити, смоки и гумени бомбони, јер ништо нема да му биде од малку, да не се чудиме после какви навики, преференци или зависности ќе има, а со тоа и надоврзани проблеми.
Шеќерот преизвикува зависност, не е спорно тоа. На пример, има down регулација на рецепторите за допамин при подолго континуирано користење, што ја зголемува толеранцијата и се појавува потреба да се внесува уште повеќе. Од краставица вакво нешто е невозможно. АМА, повторно се сведува на количината, еднаш дневно малку благо(еден ред чоколадо, не 100г ) не верувам дека има хорор последици по мозочната хемија.
Скроз се согласувам. За тоа и се залагам. Целта се здрави навики кај луѓето. Се обидувам да ги научам луѓето да прават здрав избор на храна. Тоа дефинитивно значи дека не треба да се нашиба не само дете туку и било кој со газирани, чипсови и тн. А тоа дефинитивно не значи ни дека не може да се касне нешто слатко, шо реално може да помогне во долгорочната одржливост на балансираниот начин на исхрана, наместо комплетно да се лишуваш од нешто што го сакаш.
Срцка очигледно не си ме видела мене. Кога бев дете/студент и кога ќе немаше благо дома во бош време, земав да сркнам шеќер од тегла. Или сум ставала на кришка бел леб неколку капки вода на едната страна од кришката и таа страна ја валкав во шеќер за да се залепи. Така и еурокремот можеше да го снема постепено - црпни си лажиче, лапни си. Значи дефинитивно зависна од шеќер. Можев да изедам се друго ама да биде џабе. Не се смирував додека не пробав шеќер. Значи две залчиња да се ама да е онака концентриран шеќер. Најчесто ред чоколадо сакав. Кога престанав да јадам благо три дена само вртев околу шкафот со благи, го отварав и го затварав. Отварав фрижидер, ја гледав кока колата и не ја земав. Нервозна бев цело време првите неколку дена, само таму ми беше паметот. Ама помина. И сега ме фаќаат кризи ама знам дека е од замор, жед, нервоза и стрес или едноставно од глад. Па му давам на телото тоа што му треба и желбата за благо со тоа исчезнува. А ако и кикснам малку, не пачинам, не се разочарувам и не се откажувам, само се трудам да не продолжам така да кикснувам . Торта на пример си дозволив за роденденот, нормално.
Инаку да се пофалам: за отприлика три недели сега имам 2.5 кг помалку. Со оглед на тоа дека не сум ригорозна до толку во исхраната, а и не ми е целта да бркам рокови и нагло да слабеам, мислам дека за почеток е добро. Сега планирам малку да вклучам и 3-пати неделно фитнес во домашни услови, се надевам ќе успеам да се организирам временски.