1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеќерот во исхраната и здравјето

Дискусија во 'Диети' започната од Cosmic Girl, 14 јуни 2022.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Со целосно елиминирање на шеќерот и јгх за 2 месеци ослабев 20 кг, ми се повлече себорејата, првутот ми исчезна, кожата ми е чиста, свежа, неподуена, крвна слика топ, тероидната во нормала (да напоменам дека држев и пост со вода по неколку денови)
    Шеќерот и јгх се најголемите штетници на човекот
     
    На DaisyDoo, Lili35, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Прекини значи да шириш дезинформации, јх и шеќерот не се штетни воопшто, камоли најголеми штетници.



    Информативно видео за јх и шеќер кај предијабетичари односно луѓе кои имаат проблеми со регулација на шеќерот, пред да мислите дека треба да исфрлите битни компоненти од исхраната.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    А кој фактор си ти и дотичнава на видеото?
    Научници сте нешто? Сте истражувале? Имате некој релавантен доказ?
    Престани да постираш видеа од јутјуб и онака се тие ставени заради заработка на пари
    Јас си го споделив моето лично искуство и сум презадоволна, јас тебе не те присилив да не јадиш шеќер и јгх, јади си што сакаш ми е галје мене за тебе
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски

    1. Жената е registered dietitian, значи нутриционист со факултет и во видеото постира студии, истражувања со кои дошла до заклучоците. Од тие студии се покажува дека најголем бенефит има балансирана исхрана, а најштетна е кето диетата. ИмАтЕ нЕкОј РеЛеВанТен ДоКаЗ :^) Што се издизаш туку така???

    2. Не зборувај општо тогаш дека се најголеми штетници на човекот, ти навистина што сакаш прави, ама не промовирај исфрлање на јаглехидрати и гладување по цел ден само на вода. Ќе видиш дека тие бенефиции што си ги добила се од губење на тежина што може, и е препорачливо, да се стигне со балансирана исхрана, а не со гладување кое кога тогаш ќе ти се извади низ нос. Нема да можеш засекогаш така да се храниш и заради физичкото и ради менталното здравје. Само ми е битно некое девојче од 16 години да не ја отвори темава и да мисли дека не треба да јаде јх затоа што е погрешно информирана.
     
    На ToksycznaReakcja и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.253
    Допаѓања:
    166.119
    Можеби требаше Јустиција да сподели режим на исхрана, гледам не е активна по темите со диети. Ама и го лајкнав постот, оти знам дека со години се мачи и со килажа и со коса, и браво ако си го нашла чарето, иако повеќе информации се добредојдени.
    Ден на вода не е нешто страшно, и во диети го има.
    И едно чудо луѓе пропагираат едно чудо различни пристапи, последно видов едни фрутаријанци, што не значи дека сите веднаш ќе станеме такви, оти некому тој метод функционира (откако се преселил на Тајланд, нормално:D).
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Сега ќе слушам некоја што завршила факултет за нитруционист а не докторите што ми препорачаја диета без јгх и шеќери и пост со вода
    Ти јади си што сакаш ти кажав и не ме интересира, јас и не сум активна во темите диети и да промовирам кето, јас пред да ја држам кето бев кај 5 доктори на различни испитувања, со крвни слики со сфе, од каде тој нутриционистот ќе препишува на некому исхрана без крвна целосна анализа?
    Ништо не ми излезе низ нос, туку имам све позитивни резултати, тероидната ја средив, хормоналниот дисбаланс сега е ок, себорејата повлечена, првутот го нема, акни немам, јас нз кој проблеми ги бараш ти?
    Инаку вие 16 годишници слушајте ја дотичнава да не се секира многу за вас:D
     
    На Lili35 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    1.809
    Точно е дека кај некои луѓе кето има многу бенефиции кај некои не. Сепак и тие што се на кето не исфрлаат скроз јаглехидрати од исхраната туку мислам дека им се околу 50гр на ден некои и повеќе. Оваа Аби често ја гледам не и се лоши видеата реална е донекаде за некои безвезални глупости што некои ги промовираат по инстаграми и слично кога станува збор за слабеење, ама секој нутриционист денеска си има свои гледишта на работите така да не ми се многу од доверба бидејќи секој е со различно мислење. Најголем успех секогаш се постигнува со CICO - (Calories in Calories out). Според мене луѓето најчесто ги сметаат јаглехидратите како непријател бидејќи се повеќе калорични и лесно може да внесеш дури и 500 калории без да се чувствуваш сит, лесно се разградливи и се извор на брза енергија, а на протеинот му е потребно време а и организмот согорува повеќе калории додека го разградува. Се на се препорачливо е повеќе да се внесува протеин во исхраната особено ако вежбаш редовно. А за овие водни постови ај еден ден два, но сум сретнала луѓе кај што буквално постат и без да пијат вода се на се тоа е жива глупост и изгладување на организмот кој дупло ќе ти наплати за тоа нејадење, а и сметам дека не треба да се промовира, сепак на кој како му одговара така нека прави ќе си сноси последици подоцна на свое тело не на нечие друго.
     
  8. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    А дали знаеш што е полнење и празнење на телото ?
    Дали знаеш дека имаш примарен и секундарен извор на енергиа. Примарен извор е глукозата а секундарен мастите.
    Кога телото е празно со гликоген,почнува да ги троши телесните масти како секундарен извор на енергија.
    Кето деитата е една најдокажана диета во свето која ја користат спортисти кој излегуваат на бина лица од ifb elite pro користат кето исто и карб цајкл. Лица кој имаат со проблем со панкреас не е препорачано да користат кето диета.
    Иначе колку помалце хидрати толку поздрав организам али нормално и мала телесна маса.
    Протеин:
    Поголема доза над 3гр протеин на 1кг телесна маса кај натуралец со низок процент на хидрати иди до разгранување на протеинот и се претвора во хидрат.
    Протеинот ти е основен градител на мускулна маса, хидратите ти се основен градител на енергија а мастите се основен бустер за создавање подобар хормонски баланс и нормалмо секундарен извор на енергија.
    Вишок хидрат се претвора во сало,задржва интрамускуларна вода,протеинот можи да се претвори во хидрат а само вишокот масти можат да одат дирекно во сало.
    Пред да пишите глупости научете шо е празнење на тело и полнење па после ќе прајме муабет.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Gym bros како што си ти не се ни најмалце добар извор на информации за здрава исхрана. Да не биле здрави јх немаше нашето тело да ги бара како извор на енергија. Здрава исхрана не може да биде онаа што исклучува целосна група на нутриенти, без разлика дали се јх, масти или протеини. Тоа е факт.

    Нејќеме сите да се пумпаме во теретана и повеќето од нас сакаат да јадат нормално и да бидеме здрави со умерена исхрана и вежбање. Тело кое се храни балансирано, има балансирани хормони, такво тело троши вишок сало за енергија со вклучени јх во исхрана.

    Една жена која само сака да ослабе и нема цел да се посебно занимава со фитнес и градење мускули нема потреба да биде на кето. Не дека тие што сакаат многу мускули мора да бидат на кето... ама шо сакаат нека прават.

    Жената во видеото цитира научни студии во врска со ова. Сигурно тоа повише држи вода од шо ке каже некој што е опседнат со мускули и топење масти, а не со здравје?
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    15.648
    Пол:
    Женски
    Штетни се тие додадените шеќери што не знаеме дека ги има зашто не читаме декларации на продукти.
    @AAKG ако ти се потроши гликогенот, можеш само во несвест да паднеш ако не внесеш егзогено глукоза. Оти главно преку црнодробен гликоген оджуваш нормогликемија.
    При акутна потреба за енергија телото секогаш бара глукоза. Мастите се трошат при хронична потреба. Накратко, мастите се трошат кога телото "гледа" дека не може да постигне само со јх па си зима и масти.
    Без јх не можеш дечко да функционираш, особено не на подолг рок.
    Да можевме, немаше да имаат мака луѓе со глукопатии каде не можат да синтетизираат или разложуваат гликоген. А имаат, и тоа големи.
    И да не внесуваш никакви јх, знаеш ваљда дека имаме механизми од кои создаваме глукоза од нејаглехидратни соединенија. И ова збориме при акутна потреба се случува. И млечната киселина од мускулите се претвора во глукоза. И аминокиселините при потреба.
    Масти се создаваат од глукоза за складирање, а глукоза од горенаведените за енергија. Не ти кажува ова нешто?
    Глукоза од друга страна не можеш да создадеш од масти.
     
    На Cosmic Girl и Srckata28 им се допаѓа ова.
  11. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    Еве се чудам како досега 10год како сум жив :^)
    Моментално 5тта недела сум на 0карбс а 3ти ден на винстрол и користам диоретик за исфрлање на вода и сум скоро на 10% бодифет.
    Вашите книги невисе целосен извор на знаење и пак ќе спомнам дека теориата и прсксата се целосно различни. Тоа што пиши во книгите дека без глукоза се паѓа во несвест то е само теориа без практични докази.
    ;)
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    15.648
    Пол:
    Женски
    Сакаш да кажеш дека гликемијата ти е нула а гликоген немаш у тело воопшто?
    И да, теорија е битна зашто за да научиш метаболизам треба душата да си ја оставиш на него, одење во теретана не те учи на тоа.
    Еве јас имам неколку пати паднато у несвест од ниска гликемија. Немам здравствен проблем бтв.
     
  13. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    во видеото ништо невидов здраво.
    Водење здраје не е само исхраната во прашање а ниедна точна информациа нема некој да ја раскажува без пари ито на јутуб. А теткава раскажува тоа шо учела а не од своја пракса.
     
  14. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    5тта недела не користам воопшто хидрати значи јадам само масти и протеин. Тешко е премногу значи и не е за лица кој не ги води лице со долгогодишно искуство и не се препорачува за секого. Како што спомна праксата е години уназад и затоа ви пишав погоре дека години се потребни за да се испроба се за да се доведи заклучок шо е точно а шо не.
    нормалмо вака не се живеј цел живот и на долги стази и воопшто не е здраво. Е сега ако тргниме шо е здраво а шо не,секоја диета не е здрава каде што се изгладнува телото но ако е на краток период тогаш ок мада и не е баш ок амаа ајде.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    15.648
    Пол:
    Женски
    Дечко те прашав на крвна слика дали гликемијата ти е нула?:D
    Пошто ако не ни требаат воопшто јх логично би било да немаш ич гликоза у крв.
    Аа ете и сам си кажа не е здраво.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    Немам направено крвна слика пошто кај што не водат матичните полно е со позитивни така да од следна недела оди контролата и проверка хормони па ќе постирам тука шое како е.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Кој има време, еве супер епизода со корисни информации околу шеќерот и здравјето, ептен препорачувам да ја ислушате: https://open.spotify.com/episode/6J...i=nDrvTY88SrG5FduDa4Wtpw&utm_source=copy-link.

    Исхраната, заедно со физичката активност, квалитетниот сон и редовното филтрирање на стресот (на разни начини) се клучните нешта за добро здравје не само во сегашноста, туку и за во иднината. Многу е битно како си го третираш телото сега за да имаш квалитетно здравје подоцна. Или во превод - што си дробел, тоа ќе сркаш. Само проблемот е што луѓето не се информираат доволно, па не размислуваат за ова на дневна база. Не дека мудрувам, едноставно не се обрнува доволно внимание на оваа тема, а факт е дека треба да се почне со информирање уште во основно школо.
     
    На Cosmic Girl, AAKG и Srckata28 им се допаѓа ова.
  18. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Не знам за кај другите ама еве кај мене дефинитивно е проблем прво - јадењето шеќер и тоа мислам пред се на слаткиши и благи работи (не толку на леб).
    Втор проблем е јадењето мрсно, пржено месо, скари и сл.

    Доказ имам со крвни слики со комплетни анализи кои зборуваат за тоа како работат внатрешните органи.

    Пишував претходно дека внимавав на исхраната и ослабнав и резултатите од крвта ми беа добри.
    Кај мене проблемот е во маснотиите и работата на црниот дроб.

    Докторката што ме води кога и побарав совет за исхраната и и кажав како почнав да се хранам и како првпат видов малку подобрување, дека скратувам на ЈХ, пржено и сл. и таа ми рече не е тоа толку проблем лебот и ЈХ, колку што е јадењето мрсно свинско месо, изнутрици, сувомеснато и конзервирано и ми рече да пазам на тоа, а не на ЈХ. И јас ја послушав.
    Јадев благо повторно, не без усул, ама редовно. Јадев и месо секакво, не внимавав како е зготвено, дали е пржено, на скара или сл. Кога немав време за готвење, знаев да јадам парче пица или нешто од пекара без разлика дали е лиснато, бурек или сл. Само не јадев преработки од месо и конзервирана храна.

    И сега на контрола резултатите се сите влошени, без разлика на терапијата што ја пијам.

    Сега имам доказ колку е штетна ваквата исхрана и ми е криво што се опуштив. Значи не треба да попуштам во однос на јх-те, составот на храната и со начинот на кој е спремана храната што ја јадам.

    Значи луѓе што имаат проблем како мене со метаболизам на масти, покачен холестерол, проблеми со црн дроб и сл. МОРА да сменат режим на исхрана, па дури и стил на живот.

    Најискрен совет од мене е ова.
    Може да пиете лекарства, ама ако не го смените начинот на исхрана и стилот на живот џабе е.
    Не е доволно.

    Кето не е соодветна, и тоа го имам пробано претходно и добив исто лоши резултати на крвта како сега.

    Јаглехидратите кога се внесуваат повеќе од она што му треба на организмот се исто штетни како вишокот масти, зашто се метаболизираат во масти.

    Така да јас се враќам на исхраната што ја почнав и што ја опишував претходно на темава:

    Значи ми се докажува по не знам кој пат во животот што е добро а што не е.
    И овде не мислам на килажата, таа пропратно си се оптимизира кога ќе почнеш да јадеш балансирано... зборувам за здравјето на долги стази:

    Нема пржено, поховано, нема скара, нема фаст фуд.
    Нема благо, слаткиши и грицки.
    Нема процесирана храна или храна што содржи хидрогенизирани масти.
    Белото брашно ќе се замени со интегрално, полномасното со полумасно, вештачкото со природно.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    19.061
    Пол:
    Женски
    Не разбираат дека сите ние сме различни, мене шеќерот и јхми се непријатели број 1
    Но можеби други немаат проблем со нив, секој треба да си направи крвна анализа и други испитувања за пред било каков режим
     
    На AAKG и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    И мене исто.
    Очигледно е според сите анализи кои ги направив оваа година. А направив доста навистина, и тоа во различни периоди и кога пазев на храната и кога не пазев.
    Не ми беше тешко, зошто се уплашив за своето здравје. Проверив се што ми рекоа докторите.
    Немам никаква болест, фала Богу, сите опции ги проверив, испитав дури и авто-имуни болести.
    Не пушам, не пијам алкохол, се движам редовно и вежбам повремено.

    Се сведува дека се е само заради исхраната и стилот на живот.
     
    На simoncelicius, AAKG и Justicija им се допаѓа ова.