1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеќерот во исхраната и здравјето

Дискусија во 'Диети' започната од Cosmic Girl, 14 јуни 2022.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Со ова се сложувам милион посто, но да дополнам дека ова не е ниту кето, ниту протеинска, ниту исхрана без јаглехидрати/шеќери. Ова е едноставно невнесување индустриски преработена храна, храна без адитиви и вештачки шеќери. Нормално дека кога ќе исфрлиш сѐ што е во кутија, лименка и запакувано, резултатите ќе си дојдат, и во форма на здравје и во форма на поубава фигура. Некому му одговара повеќе протеин или повеќе јх, ама да се исклучат скроз, до крајот на животот е невозможно. Тоа што со елиминирање одредена група намирници си "решил" одреден здравствен/естетски проблем, не значи дека елиминирањето ти го решило проблемот, туку дека количината или злоупотребата на таа одредена група/намирница ти го создала проблемот.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Тоа е супер, ама што значи "целосно елиминирање на шеќери и јх"? Си дошла до степен да мораш да ги елиминираш затоа што си ги внесувала во количина која не му пријала на твоето здравје.
     
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    4.662
    Пол:
    Женски
    Дали приметувате/сте приметиле разлика во болката на циклусот откако сменивте исхрана /го отсранивте шеќерот ? И оние што уште го користат, дали јадете за време на циклус?
     
  4. Ich liebe

    Ich liebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Шекерот е значи нешто убиствено за организмот.Додека бев зависна пд шекер ,многу страдав од инфекции.Всушност џабе сум се лечела ,со шеќерот сум ги хранела и повторно си се појавуваа....За кг пак да не збориме.Среќна сум што успеав таа зависност да ја тргнам ,и се надевам дека нема да потклекнам....
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    4.662
    Пол:
    Женски
    Има ли тема за оваисхраната за време на циклус?
     
    Последна измена: 26 септември 2022
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    4.412
    Допаѓања:
    15.176
    Пол:
    Женски
    Конкретно за време на мензис ми се менува апетитот нонстоп ама општо целокупна исхрана откако променив (помалку додадени шеќери, поорганизирани оброци) имам полесни менструации. Не само послаба болка него помалку осеќам замор, не ми варира толку расположение . Исто и обилноста ми се намали.
    Дали има врска, не знам :D
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Suzana Jovanova

    Suzana Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Zdravo drustvo dajte mi sovet kako da se oducam od blagoto :(
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Точно, не е ниту една од нив.
    Не ниту кето ниту исхрана без јх.
    Се работи баш како што пиша за начин на исхрана кој не подразбира да се исклучи скроз одредена група (како јх) и заради тоа е одржлива. Односно може да се храниш на тој начин без проблем цел живот и да не биде повремена диета туку редовен начин на исхрана.
    Инаку проблемот е малку повеќе од лично мој. И при тоа не избегнувам лична одговорност за тоа што сум јадела а не сум требала. Ама не може се да се сведе на единката и нејзината навика. Единката не живее на пуст остров.
    Проблемот е малку поголем. Може да не пипнеш брза храна, храна од кутија и слаткиши а сепак да имаш здравствен проблем. Зошто и најпростите намирници кои ги јадеме веќе се полни со хемија и шеќер. Порано немало во сирењето палмина маст на пример. Немало во солената храна додадено шеќер или натриум глутамат. Сега скоро се што е во маркет има додаток шеќер, палмина маст, маргарин или некоја друга хемикалија. Дури и во лебот...Да, може да решиш да се храниш само со природна храна, овошје и зеленчук ама и тука имаш доста хемија, зошто јбг -не си го растел во твојата бавча. Ете јас како некој што живее во град, работи цел ден и нема време да одгледува своја храна, се потпирам на она што се нуди на пазар и во пиљара.
    Не одгледувам самата добиток па да знам што јадам. Ќе купиш као чисто месо, демек не сувомеснато, ама тоа веќе е полно хормони и лекови од начинот на кој е хрането животното во фармите. Не за џабе некои викаат месо ама хрането со трева (grass fed).
    И кога ќе видиш, независно на мојата решеност и упорност да не злоупотребувам некои намирници, сепак ќе сум изложена на модерната прехранбена технологија.
    И тоа се собира, со секој оброк, секој ден, во нашите црева, во нашиот црн дроб и во нашите клетки.
    И после треба као да имам грижа на совест и да се кривам само себе за проблемот? Потребна е една револуција на глобално ниво и една промена во системот. Полека е почната, ама оние што профитираат од нездрава храна се борат да ја угушат.
     
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Мој совети:
    - се што е слаткиш исфрли од дома. Далеку од очи, далеку од срце.
    - секогаш имај спремни здрави благи кои во најголема криза ќе ги користиш: суви овошја, црна чоколада со над 7-80% какао.
    - не рипај оброци особено со протеини. Некогаш чувството на глад го толкуваме како потреба за благо. Ако јадеш протеини подолго време ќе си сита.
    - јади храна богата со растителни влакна, подолго ќе те држат сита и нема да чувствуваш глад.
    - Одмор. Кога си уморен ти доаѓа желба за благо, затоа што добиваш од шеќерот брз енергетски скок. Имај на ум дека стимулацијата не е иста што и енергијата добиена од одмор. После благото обично следи уште полош пад во енергијата.
    - некогаш кафе ми било добра замена за благо, особено ако се работи за потреба заради замореност.
    - напиј се вода кога имаш желба за шеќер. Еден нутриционист викаше дека многу често жедта мозокот ја чита како желба за благо и дека откако ќе се рехидраат луѓето после немаат веќе потреба за благо.
    - имај секогаш на ум дека кога имаш craving не е заради тоа што на твоето тело толку му треба шеќер, туку затоа што на твојот зависен мозок му треба хемијата што тој предизвикува да се лачи, односно допаминот кој го стимулира исто како кокаинот и Др. дроги. Прашај се што стои навистина зад желбата за благо, дали не е некоја емоција? Зошто глад за благо тешко да е..
    Едит: најтешко е во маркет кога проаѓаш покрај овој тип храна. Така да воопшто не влегувам меѓу рафтовите со благи или пред соковите..Секако на каса мораш да стоиш и да чекаш опкружена со чоколатца и бомбони ама тука веќе сум спремна да ставам игнор. Си викам не ме заебавај ти мене со тие маркетинг трикови :D8)
     
    Последна измена: 28 септември 2022
    На Suzana Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    ПМС-от помалку ме маваше ако јадев помалку шеќер, и воопшто повеќе антиинфламаторна храна.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Кога ќе читате состав на храната проверете дали има некои од овој тип шеќери. Многу храни имаат и по неколку вида од списокот. IMG_20220926_204912.jpg
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Suzana Jovanova

    Suzana Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram mnogu sovetot mi dojde ubavo kako edna palacinka izedena :rofl: Vaka sega vo prodavnica nemam nekoj si apetit za blago ako go gledam ama doma samo tamu mie pametot ama se si velam toa kee od dosada ama od utre ke probam so voda ili kafe se nadevam ke bide uspesno ti blagodaram uste ednas :inlove:
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Нормално дека не постои ништо апсолутно, така е и со здравјето и килограмите. Лична одговорност исто така да, во смисла на тоа дека сме свесни (најчесто) од каде нѝ доаѓаат проблемите (во смисла на проблеми со килажата, замастена јетра и слично). Не сме во состојба да контролираме што купуваме ниту имаме функционални институции кои ќе вршат контрола, ама па една малку посериозна контрола на декларациите и можеш да најдеш брендови кои нудат почисти производи (тука мислам на сирење, кисело млеко), барем за килограмите науката особено психологијата успева да докаже дека е во прашање емоционална глад и култура да диети која "ни помага" самите да си го изреметиме телото (и здравјето) кое инаку има одлична моќ на саморегулација. Во однос на таа тема, јас ја следам оваа дама

    и многу реално го прикажува вистинскиот проблем, колку и храната влијае на менталното здравје исто така ( и на килажа и здравствени проблеми од пореметувања во исхраната). Свесни треба да бидеме дека не постои универзално решение, ама пак како што кажа мора да бидеме одговорни кон себе, а тоа значи и добар избор на храна.
     
    На Suzana Jovanova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    5.112
    Пол:
    Машки
    Дали малтитолот е штетен и има иста функција како обичниот шеќер? Не конзумирам шеќер и благо, но налетав на крем од Алпико без шеќер но има малтитол, дали допринесува за големо покачување на инсулинот и покачување на килограмите?. Како што прочитав, нее ист како шеќерот меѓутоа сепак имал негативности.
     
  15. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.073
    Допаѓања:
    1.251
    Новитет на пазарот сличен на стевиа.
    Секоја храна го крева инсулинон но не како рефинираниот шеќер. Ако си здрава личност и немаш мака со инсулин,не се замарај скроз до детал пошто можи едно да пиши а да содржи друго.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.