По разни списаснија и телевизиски емисии за готвење, често го препорачуваат нерафинираниот шеќер. Има повеќе видови, кој имаат кафена боја, за разлика од стандарднот -бел. Многумина тврдат дека е диатален, не дебелее и е здрав за конзумираење. И можам да забелешам дека во поголемиот број на кафулиња и ресторани во Скопје го послужуваат! Што мислите вие? Кој вид на нерафиниран шеќер користите?
Секогаш си го користам белиот шеќер, не би се откажала од него во никој случај. Каде-каде ми е повкусен, па нека дебелее колку сака.
Не памтам да сум пробала кафеав. Инаку бел шеќер класика, ама ако во скоро време пробам кафеав и повеќе ми се допадне, можеби би го употребувала тој, иако не верувам искрено.
користам и бел и кафеав иако во последно време го избегнувам белиот шекер, кафеавиот т.е. нерафинираниот некако е повкусен
Па шеќер скоро и и4 да не користам, ама кога користам кафеав секако , во белиот нема ништо од страна на витамини, а во кафеавиот има и затоа е многу поздрав....
Има повеќе видов кафеав шеќер: демерара, лајт мусковадо и дарк мусковадо - јас го претпочитам последниов, дарк мусковадо. Има специфичен вкус - секој што пие поблаго кафе кај мене дома ме прашал што сум ставила во него - и никој не го сака, не знам зошто Јас и понатаму го користам. Инаку, шеќерот го користам само кога правам нешто благо, а и тогаш знам да скратам малку повеќе
дома имам и кафеав и бел шеќер,повеќе на ВКУС ми е подобар белиот,али поздрав е кафеавиот,тоа да,и мајка ми цело време ме тера да го користам кафеавиот,како демек поздрав бил,она ова али мене ми е многу грд на вкус,иу
Веќе 6 години го употребувам исклучиво кафеавиот шеќер. Белиот ми е ептен само за готвење или за колачиња, за да не го трошам кафеавиот. Откога го користам се одвикнав од пиење благо кафе и се навикнав да го пијам чајот без шеќер, а тоа е мислам доста солидно со оглед на тоа дека некогаш пиев кафе со 3 - 4 лажичиња шеќер. Нездраво! Разбрав дека кафеавиот шеќер е поздрав и од кога ми објаснија зошто, некако спонтано решив да го елиминирам сосема белиот и да го воведам кафеавиот. Сега без него не можам да си го замислам секојдневието.
Што му правите на кафениот шеќер кога ќе се стори камен? Она што стои на упатството дека треба да се покрие со влажна крпа некако не ми дава резултат. Како го чувате?
Дома имам кафеав шеќер ама јас лично не го користам за ништо, мајка ми само го користи. Навикната сум на белиот.
Белиот го користам. Макар кафеавиот можеби е поздрав како што има напишано Пирамид, ама и поневкусен ми е . Изгледа се е навика...
Многу ми се допаѓа кафеавиот шеќер. Редовно го имам дома, обично лајт мусковадо на Виталија. Од дете сум навикната сум на кафеав шеќер, бидејќи мајка ми го купуваше уште многу одамна. Сепак не го користам којзнае колку во секојдневие, бидејќи не употребувам многу шеќер - освен во мохито и кога јадам мекици На работа имаме од тој во мали кесички, па често знам да си отворам едно и да го изедам. Сопругот никако не можам да го навикнам, иако се трудам да му прошверцувам во кафето. Децата ги навикнав, и го бараат, само се трудам и нив да не им давам често шеќер, па повторно се сведува на јадење со мекици Инаку не знам што се прави кога ќе се стврдне - јас се трудам да не му дозволам да се стврдне со тоа што го мешам повремено, а ако се случи - го кршам на парчиња, па така го користам, или во краен случај - го фрлам. Само ова ми се случува ретко, бидејќи често правам мохито.
Во глобала многу малку користам шеќер освен во слатки. Кафе пијам без шеќер, а во чај, млеко и секаде каде што можам ставам мед. Повеќе користам бел шеќер. А и искрено скептик сум дека тој што го има кај нас кафеав шеќер е вистински нерафиниран кафеав шеќер (некаде имам прочитано дека нема врска )