Јас подолг временски период го користам исклучиво овој кафеав шеќер на Виталиа. Викаат дека кафеавиот е многу поздрав од белиот, но не знам дали навистина е така-треба некој ден да направам едно истражување по интернетов!
Jaс оддамна го исфрлив белиот,користам само кафеав. Тој се стврднува после некој период,ми кажаа финта -да се намокри па да се расука со сукало ,ама не планирам да ја применам(кога ќе ми се стврдни купувам нов и секогаш сум во загуба ). Инаку го користиме овој:
Користев кафеав ама веќе и тој го исфрлив од употреба. Користам засладувач од стевиа. Има на повеќе фирми, сега имаат и на Виталија. 250 грама е 180 денари што е значително помалку од оној што досега го користев. Го има во мали кесички погодни за напитоци и во има во голема кутија погоден за готвење. Нема ист вкус како шеќерот, многу е поблаг па според тоа и помала количина треба да се користи. 0 калории на напоменам
Користам и бел, и кафеав, но во минимални количини, само кога мора да се стави во нешто заради вкус. За правење благо, користам бел.