Познавам многу луѓе кои во својата исхрана целосно го имаат исфрлено белиот шеќер и го имаат заменето со натрен. Натренот го користат и во кафето и во млекото, чајот, тортите, колачите и други десерти бидејќи постојат мислења дека натренот е многу по здрав, за разлика од шеќерот кој се смета за вистински отров. Според американските научници, шеќерот е толку штетен за здравјето, што треба да се третира како алкохолот и цигарите. Тие предупредуваат дека претераното конзумирање на шеќер не само што придонесува до глобалното претерано дебелеење, туку е и главен виновник за промени во хормоните кај луѓето, во метаболизмот, го подига крвниот притисок и предизвикува сериозни оштетувања на црниот дроб. Истражувачите тврдат дека ефектите од претерано конзумирање на пијалоци и храна богати со шеќер ги имитираат симптомите на претерано конзумирање алкохол, кој се прави од дестилација на шеќер. Постојат мислења според кои кафениот шеќер е поздрав од белиот, но утврдено е дека овој шеќер ги содржи речиси истите состојки како и белиот. Ваквите сознанија укажуваат дека станува збор за заблуда кога се вели дека кафениот е поздрав од белиот шеќер. И двата вида содржат речиси исти состојки, а се разликуваат само во основните минерали, но разликата е толку мала што е дури и занемарлива. Од друга страна, според многу истражувања, натренот како замена за шеќерот всушност е канцероген и може да предизвика сериозни последици по човековото здравје. Ваквиот вештачки засладувач не го употребуваат дури ни дијабетичарите, поради неговото штетно дејство. Аспартамот се користи како замена за природните шеќери во многу производи. Сите производи на кои пишува Sugar free, во себе го содржат овој синтетички засладувач кој може да предизвика труење чии симптоми се: зашеметеност, главоболки, замор, вртоглавици, повраќање, забрзана работа на срцето, зголемување на телесната тежина, замаглен вид, слепило, раздразливост, вознемиреност, осип, болка во зглобовите, депресија, грчеви, спонтани абортуси, неплодност, зависност, слабост и губиток на слухот. Постои сомневање дека аспартамот може да предизвика тумор на мозокот, мултипла склероза, хроничен замор, епилепсија, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, дијабет, метално заостанување, лимфом, дефекти на плодот, системски лупус, а во бременоста аспартамот може негативно да делува на плодот. Темава ја отварам за да споделиме мислења околу ваквите засладувачи во исхраната - колку натренот е всушност здрав и дали неговата замена за шеќер е подобра опција. Каков засладувач користите вие во вашата исхрана? Бел шеќер, кафен шеќер, натрен? Во колкаво количество го конзумирате? Користите ли производи кои се Sugar free? Ако користите натрен, дали сте забележале проблеми со здравјето откако сте почнале да го користите?
Претежно го користам белиот шеќер, ама сеа со диетиве користам само сложени шеќери од овошјето. Како и да е гледам да го одбегнувам белиот шеќер и да го заменувам со кафен, ама не можам секогаш. Во кафиња, чаеви такви работи можам да користам кафен шеќер, ама во торти, слатки, колачи не. Знам дека е подобар избор од белиот, ама па економична сум и не сакам да се трошам . Шала на страна мислам дека нема до толку голема потреба да се користи исклучиво кафен шеќер и во колачите, па нема цел колач да изедам, мајку му, а и колач се прави кај нас еднаш во месец .Ако одиме така сите слатки и чоколади што се продаваат во нив имаат бел шеќер, па поекономично им е на луѓето, а у осталом што се грижат они за нашето здравје. Значи заклучок, гледам да избегнувам прости шеќери, ама кога мора претежно го користам белиот. Во врска со натренот, знам дека мајка ми едно време користеше, ама баш поради истиве истражувања, дека е штетен по здравјето итн престана. Јас лично не би го користела натренот во исхраната, подобро кафен шеќер отколку натрен, според мене .
Јас користам бел шеќер кога веќе морам како што кажа и M.a.r.i.l.y.n ,a кафеавиот претпочиттам да го користам повеќе.До душа сега посебно летниот период многу малку користам било каков шеќер,само природниот од овошјето и тоа ми е доволно.Кафе не пијам ,еднаш месечно евентуално ако се напијам,па ако ставам обично го користам кафеавиот шеќер.А во чајот кога веќе нема кафеав шеќер тогаш ставам многу малце бел или воопшто не ставам. Натрен никогаш не сум користела како засладувач,а посебно сега кога прочитав какво влијание има врз здравјето немам ни желба да го користам.
Ние дома најчесто користиме натрен ,значи обичен шекер скоро ич, за недај боже ако у моментот неаме натрен.Мајка ми коа праи благо става и едно и друго бидејки мислам дека неможе да се потригне таа сладост со натрен што би се постигнала со шекер.Фала богу до сеа сите сме здрави и прави а прилично долго го користиме.Мајка ми пред некој ден зема од некаков си шекер од таа продавницата за органска храна што е Био(бла бла)не ми текнува како се вика викаат дека тој бил поздрав и не знам што па може да продолжиме да го користиме него.
Во кафето редовно користиме натрен со години наназад, иако гледам последниве месеци да го избегнувам и него. Да чукнам во дрво, никој не пројавил проблем од натрен. Дедо ми е дијабетичар од неговата 50та година, значи скоро 30 години и секој ден консумира натрен, човекот за негови години се држи одлично, многу подобро од други на таа возраст. Во турско кафе на пример не ми е потребен никаков засладувач, си го пијам горко. Ретко правиме торти и колачи, ама кога ги правиме нема шанси да ставам натрен во торта или мафин бре. Користиме бел шеќер и како го истурам така и подголтнувам, зло ми е кога го гледам, не го сакам воопшто, ама се тешам дека ретко правиме и ретко јадеме благо. Што се однесува до мене сметам дека и едното и другото во огромни количини можат да бидат штетни по здравјето. Умерено и одговорно консумирање на двете.
Натрен кога некаде на гости немаат шеќер за во кафе прифаќам, инаку дома немам и не користам никогаш. Немам некој ритуал на секојдневно пиење на кафе, а кафе без шеќер не пијам така да гласам за него сепак. Благо не јадам често, па умереноста не ми ствара проблем. Во чај ставам мед, никако шеќер.
Леле бе денеска купив натрен Испив едно кафе со него и изгледа до тука ке му биде по она што го прочитав хахах. Како и да е користиме бел шеќер дома досега немаме купено нетрен али еве мерак ме фати денеска за чудово. Сега ептен ми помина меракот
Јас користам и шеќер и натрен,мене ми се допаѓа натренот иако едно зрнце не ми е доволно за да ми се заслади чајот или какаото,па морам да ставам две или три зрнца натрен,татко ми кога му доаѓаат пријателите на гости преферира натрен за кафето,јас сум чула,пак,дека натренот како вештачки засладувач не бил многу здрав,не е здрав ниту шеќерот,но,сепак за мене чај или какао без шеќер нема вкус,така што јас за оваа опција би гласала:Шеќер vs.Натрен=50:50!
Шеќер. Натрен никогаш не сум пробала (а и нема да пробам после она што го прочитав). И не би го нарекла шеќерот отров.
Шеќер, татко ми пиеше натрен и пробав неколку пати ама не ми е исто. Чудно е, не ми се допаѓа. Порано користевме кафеав шеќер, тој најубав беше.