Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шеќер vs. Натрен

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од AnaKarenina, 6 јули 2012.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ниту едното, ниту другото...

    Рафинираниот бел шекер е штетен, ама натренот (како вештачки засладувач) е уште поштетен за организмот.

    Сега барем се наоѓаат и поздрави шекери, како Мусковадо од Виталиа, и природен засладувач Стевиа.
    И секако, медот, зависно во што може да се стави.
     
  2. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Баш пред некој ден одеше репортажа на тв за стевиата, точно дека е здрава ако ги користиш листовите директно но изолирана како што ја нудат во пакетче и не е така здрава.
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.685
    Допаѓања:
    174.674
    Пол:
    Женски
    Натрен. И тоа многу умерено.
    За кафе не ми е потребен засладувач, го пијам горко, а во чај сакам мед.
    Кога немам мед, користам натрен.
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Шеќер нормално користам,мислам во торти,шеќер има,секако.
    Натрен никогаш не сум пробала,тетка ми,дека е дијабетичар редовно го користи,ама сепак сметам дека стевијата е подобра и од натренот. :)
    Стевија користам понекогаш во кафе...
     
  5. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Белиот шеќер е одамна исфрлен од употреба во нашиот дом и истиот е заменет со кафеав шеќер (од Виталиа). Но, којзнае и кафеавиот дали е ОК или и тој е штетен ко белиот. Натренот е поштетен и од белиот-предизвикува рак. Од она што имам прочитано, Стевиата не е штетен засладувач и има нула калории. Користи ли некој Стевиа? По маркетиве гледам дека има Ставиа само од Виталиа. Се мислам дали кафеавиот шеќер да го заменам со Стевиа, бидејќи не можам да замислам да пијам горко кафенце.
     
  6. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Белиот шеќер си е најштетен,тоа си е факт и треба да се избегнува.Користам мед каде што може,а за друго натрен.Инаку и јас мислев дека има канцерогено дејство,но подобро се информирав и видов дека тие се само шпекулации и непотврдени истражувања.
     
  7. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Гледам да го избегнувам белиот шекер, посебно сега зимава кога пијам чаеви интензивно. Користам натрен и супер ми е, ме исплашивте сега малце со натренот и неговите негативни ефекти но верувам дека нема ништо поштетно од белиот шекер, а воедно и е доста калоричен.
    Искрено јас го избегнувам не толку од здравствени причини, колку поради тоа што е доста калоричен и поправа многу.

    За кафе можам да пијам незасладено, понекогаш ставам и натрен. Но сепак торти и колачи не ми иде со натрен, не сме ни пробале дома така да правиме. Ако веќе сум решила да јадам торта, ќе си ја грешам душата и ќе јадам торта, а не вака со натрен ни црно, ни бело, не знаеш дали е торта или не, не ми иде. Кога веќе сум на построг режим благото го заменувам со диетски производи од Виталија.

    Кафеав шекер порано конзумирав, сега одамна немам купено. Само во кафич кога одам понекогаш ставам во кафето.
    Е единствено сакам сутлијаш со натрен, имам пробано кај баба ми дека таа е дијабетичар, па така си го прави и ми се допадна. Така кога сум на диета, а ми се јаде нешто благо што не е многу калорично ја терам баба ми да ми направи сутлијаш, ама со натрен и супер ми е.
     
  8. westimka313

    westimka313 Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    подалеку од натрен !!!!
    пробај со стевиа, природен засладувач,растение, 10 пати посладок од шеќерот, 0 енергетска вредност
     
  9. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас да пријавам дека 10-тина денови користам Стевиа како замена на кафеавиот шеќер. Првите неколку дена вкусот на кафето ми беше малку чуден, ама сега се навикнав и ми е ОК. ;)
     
  10. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Кафеав шеќер користиме ние.
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас одамна го исфрлив белиот шеќер од исхраната и го заменив со кафеав шеќер и малтекс. Малтексот буквално го обожавам и го користам за подготовката на колачи, бисквити, торта со џем итн. Има повеќе природни замени на белиот шеќер, ако ве интересира еве погледнете ја оваа статија http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/blog-post_29.html.
    Инаку чаевите ги пијам без никаков засладувач, затоа што сакам да го почувствувам вкусот на самиот чај.
    Поздрав
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Juccy

    Juccy Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    327
  13. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.379
    Пол:
    Женски
    Натрен не користам. Кафеав шеќер користам кога правам благо и ставам во кафе. Бел шеќер многу ретко користам ,се трудам воопшто да не користам.
     
  14. Foffygirl

    Foffygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    30
  15. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    6.859
    Пол:
    Женски
    Стевиа