1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мислам дека нема ваква тема ако има тогаш знаете...

    Имам другарка ( знам сега ќе речете ау ко демек за другарка и, а всушност за неа си прашува...значи не е така!).

    Албанка е и згрешила со бившиот, а знаете кај муслиманите како иде првата брачна ноќ :^) и сега и требаат информации во врска со така нареченото шиење на хименот.
    Јас не сум воопшто информирана ни дали го има ова кај нас, па има ли некој што може да ми каже да и помогнам некако да ми даде информации што, каде, како, колку, последици, ризици?
     
  2. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    ...навистина првпат слушам за ова нешто...постои нешто вакво ?!?... искрено не знаев, а ако разберам нешто во врска со тоа ќе ти пишам :)
     
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Шиење на хименот или така наречено хименопластиката кај нас ја прават и гинеколози и пластични хирурзи и тоа во нивните приватни клиники. Операцијата за обновување на хименот спаѓа во пластичната хирургија. Хименопластиката се вбројува во полесни операции, се изведува со локална анестезија и трае од триесет до шеесет минути. Со првиот сексуален контакт доаѓа до пукање на хименот на повеќе делови. Остатоците од хименот остануваат од страните, во внатрешноста на вагината. Парченцата се составуваат, се шијат со посебен конец од животинско потекло, кој во организмот се распаѓа. Со овој зафат се добива нов химен - објаснува лекар од една приватна гинеколошка ординација, која нелегално се занимава со хименопластика. Цената на оваа операција не ја знам точно, но можете да се распрашате низ приватниве клиники во Скопје и подалеку :) Good luck ;) Иако ја би рекла: После секс нема каење.
     
    На cavalli, elen4e22, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Да но како да кажам и зависи "честа" од тоа...знам дека требала да мисли пред да направи нешто но ете заслепена од тоа...а дали знаеш дали има некакви ризици, последици од тоа?
     
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Абе гледано секоја операција си носи по некој ризик.. Сега не знам точно на каков ризик мислиш ти ?! :) Но, мислам дека нема некој голем ризик ако мислиш на тоа да не може да биде бремена... Да било така, воопшто не би ја вовеле оваа операција. Е сега, зависи од неа колку е спремна да плати, и дали има толку пари, не верувам дека е баш ефтина :)
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.440
    Сешто по светов!!!
    И после ќе се прави срце наивно ,ништо не разбира,никад машко не видела.
    Ќе влече некој за нос цел живот ,додека вистината не излезе еден ден на површина.Подобро да си направи муабет со идниот маж па да му објасни се отколку уште повеќе да задлабочува во проблеми.
    Ништо на светот не може да се скрие,кога тогаш се излегува на видело.
     
    На sikica7, LICEN-LONDON, cinderella93 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Се сложувам со stetoskop.. Но сепак она најдобро си знае.. :)
     
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Хименопластика е лесна процедура, нема сериозни компликации а кај нас се движи од 300е - 500е. Во другите држави е многу распространета, поради моментот пак да се почуствува "задоволството" на првиот пат. Со оглед на тоа дека другарка ти е мислиманка и имаат посебни правила во брачните завети, јас не гледам причина зошто да не ја изведи процедурата. Се прават грешки во животот, и не значи дека поради оваа грешка таа треба да биде за цел живот обвинета најблиските околу неа. Сепак ако е од полиберална муслиманска фамилија може се да се реши со обичен разговор. Знам муслимани кај кои тоа воопшто не претставува пороблем, а и такви кај кои се раскинувала веридба поради фактот дека девојката не била невина.
     
    На Squirrel, Anely и lola-86 им се допаѓа ова.
  9. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    НИШТО НЕ Е ЧУДНО!леле некои луѓе значи какви се одма носат пресуди за другите,како тие да се идеални и се им е чудно...СВАШТА!кои сте вие да судите дали на некој му сте во кожата?Девојката убаво си отвори тема и праша,а ако може да и помогнете со информации ок ако не немора ни да пишете само за да кудите...
    А ако вас ви е чудно тоа е др,проблем,,,ако немало потреба од такво нешто и ако се се разбира со разговор според Вас немало да се прави таа операција низ цел свет,и голем бр.на девојки да идат на таа опција,значи кај некои работи можда нема компромис или муабет,или разговор,не сме сите исти со исти размислувања,исти патишта и исти ставови.ЛЕСНО Е СЕКОГАШ ДА МУ СЕ ПОТСМЕВАШ НА ДРУГИОТ А КОГА НА НАС ЛИЧНО НЕШТО ЌЕ НИ СЕ ДЕСИ ТОГАШ СВАЌАМЕ ДЕКА СЕ Е ЗА ЛУЃЕТО,и дека секој може да погреши,па да се покае за нешто...битно е каков си во душата,и да знаеш од секоја грешка да извлечеш поука.Не се однесувајте како малограѓани ВЕ МОЛАМ!Бидете полиберални,,,не се знае во животот никогаш и немојте да судите,не сме ние ГОСПОД за да кажуваме што е криво а што право...ухх како ме нервираат вакви коментари.
     
    На Lovely93, Peperutka-19, ansaj и 3 други им се допаѓа ова.
  10. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Нека се распраша кај пластични хирурзи. Инаку таа згрешила со бившиот,а во нивната вера така е аманте бе одма да ја нападнете како вие да сте немале односи пред сегашниот дечко. |( Епа таа се излажала со нејзиниот и што? Направила грешка аман... Како и да е тие најдобро ќе и кажат за последиците, но не може да разговара со идниот маж? Ако ја сака ќе ја разбере веројатно не и тој совршен. :worried:
     
    На maleckataa и Anely им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.112
    Допаѓања:
    155.892
    Овие па моралниве,муабет да правела...ако извади тато и чивтето или тој,да видите дали муабет ќе прави.Штом има страв во коски и се решила за хименопластика,сигурно дека не се отворени луѓе.И каква сака ќе се прави пред идниот и маж и светот,нејзина ствар.А вие па моралните гледам,се воздржавте од осуди.
    Ако можете да помогнете кажете,ако не...
     
    На Eli23, linguaragazza, Squirrel и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Лола, не станува збор за либералноста на ставовите нити за малоѓранство воопшто, според мене овој чин е тешка лага и подметнување и стави се во улога на оној кон кого е упатено, кој сака да биде со личност која создава погрешна слика за себе и да поминеш добар дел од животот заедно и ја разбереш вистината еден ден како гром од ведро небо па цел свет ќе ти се сруши! Јас лично не толерирам вакви постапки ова е нож забоден в грб, треба поквареност во душа за да изведеш вакво нешто. Точно дека сите грешиме но доблест е искрено да се носиме со последиците на своите грешки. Сошиен химен за мене е еквивалент на подметнување дете од еден на друг партнер со убедување дека е негово, значи секое лажно претставување на себеси притоа манипулирајќи со чувствата и довербата на другиот е погрешно. Не сме Бог меѓутоа ова е грев во Божји очи и никому не му го посакувам, замисли да се случи на некој близок во твоето семејство, ама најважно од се‘ е дека ако ја оправдуваме оваа подлост и способност за подметнување создаваме свет на измама и манипулации со нечиј живот/и што никако не е во ред. Според мене вистината секогаш е над лагата и фала Богу испливува на површина, а лагата има кратки нозе.
     
    На sikica7, girl.23, HardSex и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Никој не ја осудува само напоменавме дека во некои работи нема враќање...Дадовме информации кои мислевме ќе и бидат корисни, ај може за ова се извлекла, но ретко се дава втора шанса во животот.. И некој ако те сака, ќе те разбере... Дали она имала односи или немала тоа е...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Темата е за "шиење на хименот" а не за задлабочување во деталите зошто девојчето сака тоа да го направи...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено алал да и на другарка ти затоа што си направила кеиф на душата,не заради друго туку затоа што на нејзиниот иден маж сигурно нема да му биде прва :D Инаку хименопластика знам дека прават во гинеколошка ординација Јасмина што се наоѓа некаде позади Порта Влае
     
    На MagnumXXXL, SexiLy и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Хименопластиката во Македонија се врши од многу одамна и најмногу се практикува во приватните гинеколошки ординации во Западна Македонија и мислам дека не е скапа.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.498
    Допаѓања:
    173.440
    Теодора,потполно се сложувам со твоето мислење.
    :clap: :clap: :clap:
     
    На sikica7 и Theodora им се допаѓа ова.
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    За жал, љубовта тука нема многу влијание... :worried:
    Со тоа, на некој начин таа вреди помалку, и ќе треба да се омажи со некој што "вреди" помалку. (во овој случај вдовец или некој што се разделил од сопругата или пак инвалид... :| ) Или пак некој од странство.
    И јас самата за себе сум загрижена, по некои теми се зборуваше дека некои не крварат првиот пат, ако тоа ми се случи и мене... :|
    Сум слушнала по нешто за шиење, ама не сум знаела дека се прават и во државава.
    И' држам среќа на тоа девојче. (gjyna... ;( )
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    леле прв пат слушам за ова чудо жими се :D :D
     
  20. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Мислам дека секој сам знае како треба да постапи,,,гресно сте сме сватиле луѓе,,,јас не ја оправдувам но не ја ни осудувам.И тоа не е кој знае какво зло,не гледате луѓе се убиваат,деца се бесат а вие од оваа работа направивте како кој знае што да е,и неа сигурно не и е лесно и она сама си ги знае најдобро своите причини...тоа ми е поентата,не сакам да расправам што е правилно а што не-во овој изопачен и превртен свет денес се може да биде добро и оправдано,или пак лошо ако знаете на што мислам.Не е се само црно и бело,некои работи не одат така,тешка е филозофијата на човекот.
    Треба да и дадеме информации АКО ИМАМЕ,а НЕ ДА КОМЕНТИРАМЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА ИЛИ НЕ...НЕ Е наше да одлучуваме и солиме памет,секој со своите маки.
    ТОА САКАВ ДА КАЖАМ!!!