1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Извини, ама ова не е наивно прашање како која боја на лак ми одговара, или дали да ја потшишам косава, или што да правам свекрвата јаде со потпршка, а јас без потпршка, напротив, ова прашање ми појавува 1000 red flegs, узбуна!
    Не сме сите исти, ама сите имаме еднакво право на слобода, и сите заслужуваме почит на нашите избори, ако некој(а) гледам дека е ускратена (физички или психички) посилно е од мене, не можам да замижам и да се направам како да не сум чула или видела.

    Не е виновна таа што мисли дека некому треба да се правда, ама јас ќе се осеќам виновна ако не и укажам дека нема зошто било кому да се правда. На крајот, со сила некому не можеш да му помогнеш, ама добро е да пробаш :)
    Анел, јас мислам дека секогаш има избор, и навистина има избор.
    Добро е таа да знае дека има избор.
    Ако одлучила навистина, нема мојот совет да ја предомисли.

    Ама некогаш позади мониторот има некој што вришти за помош, не онаква за каква прашува (и ова од искуство ти кажувам, скоро 10 години зборувам со луѓе од другата страна на мониторот).
     
    На vitamina и Luna91 им се допаѓа ова.
  2. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Posle prvoto citirano moe mislenje od tvoja strana, napisav use nekolku podolu(ako zabeleza) pa so se fati bas za prvoto be covece :D
    Mene vrezano mi e deka site imame pravo na sloboda i izbor
    Pa i ja ukazav vo eden od komentarite za takvite so vikaat prv prv i na tie so treba da se pravda, i ne bi trebalo nekoja na nekoj ili obratno da se pravda ako ja saka ke ja saka kakva i da e a ne vakva da ne bide takva ke bides....na takvite pisav vo prethodnite komentari so i kako :D
    (Sorry za lat....od mob sum....)
     
    На CameliaMiller и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Јас разбирам дека секој има право на свој избор , но не можам да дадам совет од типот „ оди ќе те зашијат малку и за 15 минути готова си. После кога ќе имаш односи пеправај се дека те боли, стискај заби, офкај за да бидеш што поубедлива и мулето да наседне на финатата“. Таков совет очекувате да дадеме? Јас разбирам дека може да има милион причини за да го направи тоа или една банална да глуми поштена, сеедно. Ама мислам дека ништо не е вредно за вакво нешто. Ова е деградирање на женското од најлош вид. За мене е рамно на оној ритуал за остранување на клиторисот за женските да не чуствува задоволство во сексот. Секој во жтивотот треба да се соочи со сопствените грешки . Ако знаела дека ќе има толку проблеми поради тоа, зошто раширила нозе? Си направила грешка оди соочи се, а не се прави нешто што не си.
     
    На Tanjamm, SimonaTino, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Моето мислење за оваа тема е дека никого не осудувам и дека девојката која сака да пристапи на ваков чекор сигурно има добра причина...не можеме да знаеме и да судиме и да кажуваме секој современ маж КЕ тњ разбере....јас мислам дека кај муслиманите е друга состојбата и ние што не сме дел од нив не ги знаеме нивните обичаи, сваќања и начин на кој живеат...и не треба да се базираме на тоа дека ќе го лажеме нашиот дечко или маж а сте се запрашале ли па мажот или дечкоти што крие од вас и дали ако правите муабет ке ви ја каже вистината...од мене ја има целосната подршка кој и да пристапи на ваков чекор за да се спаси себеси од некои несакани ситуации...можеби некој без било каква причина сака да пристапи на овој чекор сакајки да испроба се во животот...ТОА Е ЛИЧНА РАБОТА .....
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Очигледно не е лична, чим не се шие за себе, туку за некој друг, а во случајов други (татко, маж, комшии, општество...).
    Ако била свесна за последиците, ќе мислела на време, ама кукавичлукот е заебана работа.

    Е*ате бракот ако во него се влегува со нереална слика за себе и нереални очекувања од партнерот.
     
    На Tanjamm, eloves, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  6. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    миличка не суди кога не си во нивна кожа и кога не ја живееш нивната вера (не занеме како е да бидеш на нивно место)....секој за било која работа што одлучил да ја прави сигурно имал причина така да тоа е тоа...
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Имаш право. Сигурно од арно не го прави тоа. Ама не ми е јасно кога веќе знаат колкави се последиците што не се придржуваат до правилата? Туку слатко им е да се онадат и после како ништо да не било.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и Victorian им се допаѓа ова.
  8. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    па ете се случило ...незнаеме зошто...секој прави грешки...
     
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    па ако до толку сакаат да испочитуваат некои вредности, макар и лажно, според мене боље е да се шијат, а пред тоа да си прават што си сакаат него ли да не прават ништо што им праи мерак само зашо ете нели никој нема да ги земе...
    Она среќна, таткото среќен, мажот уште посреќен и така сите среќно си живееле.
     
    На anel, Captain-Omni, presiosaP и 2 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Го мислам истото што и @Luna91 . Ако веќе си свесен дека нешто не смееш, значи не смееш.
    Била храбра да направи нешто недозволено, ама не е храбра да ги сноси последиците.
    Ова ми е исто како овие што “не знаат“ дека се бремени, “само малце“ свршил во нив.
    Значи, од сожалување живот не бива. Не и судам затоа што мислам дека згрешила што имала секс со било кого или зошто мислам дека реакциите на средината се исправни, туку зошто нема карактер доволно силен да се бори за себе и за своите права.
    Не можам да сожалувам, едноставно, можам да и кажам дека греши и дека треба да си ги избрише колената, и главечки да избега од таму каде што живее.

    Подобро сама, него со морони кои само ми го ебаваат животот. Па кучево мое има повеќе слобода и храброст да се бори против моите наредби, ако чувствува дека не му чинат.
     
    На Tanjamm, eloves, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  11. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    како и да е не сакам да влегуам во дискусија тоа е индивидуална работа кој и да побара помош ние сме тука да дадеме подршка... јас секогаш се ставам прво што би било кога јас би била на нејзино место,замисли ти да си, а ти се случило не е битно ни како ни зошто едноставно се случило и на секој може да му се случи го почитувам и твоето мислење....секоја работа има две страни исто како и позитивни и негативни ...нека го направат процесот ако мислат дека така е најдобро....
     
  12. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    What happened to the good old втор си ми!? :whew:

    Не, озбилно, зошто толку припаѓање во несвест ако некоја сака да се сошие и пак да биде невина? Или чувствувате нелојална конкуренција?

    Сака да покаже невиност пред некого, big deal... ко никој од нас никад да не излажал за да добие дечко или девојка. Па јас да не лажев немаше девојче во кревет да однесам.
     
    На jovanovska94, Sanjichka007, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    хахаха нелојална конкуренција бе. Не знам како би ми конкурирала кога сум во врска речиси пола деценија и прв ми е дечко ми. :rofl:.
    Секој излажал во животот, ама да се изложам под шиење и болки за некој, не фала!
    Јас генерални сум против лаги и глумење нешто што не си. Од тоа да си влезеш во врската или брак со чиста совест поубаво нема.
    А и не живее во Африка да изведува вакви ритуали. Во местово каде штио живеам има доста муслимани, некои од нив живеат во 18ти век сеуште. Ама немам слушнато некоја да ја убиле ради тоа што не била невина. Дури во едно такво семејство ќерката им остана трудна и не сакаше да каже со кој. Уки буки ене се сега си го гледаат детето.
    Така да нека си размисли ако мисли дека може и на друг начин да го реши тоа, нека не крка болки и стресови.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Абе пак ќе ти кажам - утре некој ќе праша како е подобро да се убие, да се фрли од 7ми или да се обеси, или ќе праша која пудра најдобро покрива модрици, има еден куп работи што некој ќе ги праша, некако ми е нереално да си кажам - ајде бе, негова работа.
    Се може да се случи, не викам не, ама тоа не значи дека треба личноста да ја поддржиме и понатаму глупости да прави.
    Си помислила што ќе биде ако на пример, сопругов дознае за хименопластиката?

    Тенкју, ич не се натпреварувам за такви ликови, невини што бараат :D
     
    На vitamina, Captain-Omni и Luna91 им се допаѓа ова.
  15. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    тоа не е работа за умирање....сигурно нема да подржиш некој ако бара совет за самоубиство..на крај краевае нивни живот кој како замислил да живее нека живее ако мисли дека е најдобро ..мислењата се поделени некој подржуваат некој не ...не можеме да бидеме сите исти ...
     
  16. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Шиењето на химен бил женски избор и женска слобода? Каква е таа слобода во неслобода?
     
    На Tanjamm, eloves, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Девојче, не знаеш дали не е работа за умирање. Постојат работи за кои не е нормално да си преќутуваме. Она со оваа одлука нема да се ослободи од бремето, уште поголемо бреме ќе си качи на грб.
    Ако осудата за секс е голема, каква ќе биде за шиењето?

    Кад - тад... на лагата и се кратки нозете.

    Не станува збор колку јас и таа, или ти и јас сме различни, туку што е исправно, а што не е - а во случајов е очигледно што е исправно.

    Можеш да замислиш со каква тортура живее ако ова го сака? Тек замисли на каква тортура ќе се обврзе ако и успее лажгата.
     
    На vitamina, presiosaP и Luna91 им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Колку и лошо да делува, се повеќе сум за тоа да се остранува хименот уште при раѓање. Со кои непотребни глупости се замараат женските и која психичка тортура им случува, страшно.
    Стресови ако сексулано активни наидат на некој простак, осудувања од околината, па не протекло крв не и веруваат дека била невина. Таков третман ни животно не заслужува.
     
    На Valerin, CameliaMiller, citiesinflames и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    А да, многу добра тактика да лажеш некој дека си невина за да му се пикнеш во кревет. Генијално.
     
    На CameliaMiller и Luna91 им се допаѓа ова.
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Се додека не ја прочитав оваа тема не знаев дека либералноста отишла до таму што некоја би се подвргнала на вакви методи за да го докаже спротивното во убедувањето за кое сама знае дека не и парира на вистината.
    Каква провидност! Улога на актерка во епизода каде една ја добива генијалната улога, а другите си го носат гревот на оцрнување...
     
    На Tanjamm, CameliaMiller и okcenzi им се допаѓа ова.