1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Оф бе... интересна темава, се изнасмеав. Имање/немање химен е далеку од докажување невиност, може некоја анално или орално парче се правела а напред невина, и што сега.
    А чесноста е друг муабет. Жената е чесна во душата и мислите, парче кожа не ја дефинира како човек.
    Се дури има мажи што го мислат спротивното, ќе има и жени што шијат химен. Жена-жив ѓавол.
     
    На Mateica, lolagerta, twilight123 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Еден другар ми кажуваше, смувал вака една девојка од овие попатријахалните што треба невини да бидат до свадба. Отишле кај него почнале ова она и онаа му викала чекај, јас само анално можам, инаку не! мора да сум невина. И се испукале така и што убаво оваа поштена и чесна остана оти хименот стои.
    Ние другите сме расипани а она часна сестра, и после ќе се чудиме зошто имаат газ како Ким Кардашиан... 811d9f102dcdd4e6003d1985394442af.gif
    свашта...
     
    На Mateica, edna_malecka, Flower.D и 7 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека за во 21 век нема потреба да се враќа невиност и на некој да му се докажуваш дека си чист. Ова се глупости што читам овие денови од ова. Што мислите вие?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.594
    Нема потреба, но ете тоа го прават девојките муслиманки затоа што тоа го бараат од нив брачните партнери, идните сопрузи. Крајно глупаво според мене. А девојките ако така им наложува верата и традицијата, или нека се чуваат, да бидат навистина невини или нека си кажат дека не се невини, тоа шиење е крајна глупост. Се чини дека тоа што им е забрането пред брак брзаат да го пробаат, да ги прекршат тие правила и на крај кога не можат да се соочат со последиците, шиење. Јас знам муслиманка, моја бивша колешка која родила дете, го дала на посвојување и на друга моја колешка и рекла „па поуживам уште малку па ќе се сошијам, знам еден лекар што тоа го прави“. Која е поентата ако веќе си родила, да се правиш невина. Тоа само покажува колку има верски затуцани.
     
    На hermosa и Anomis11 им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Зашто генелизираш спрема вера?
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.594
    Па читај имаше деновиве по портали, од 500 до 700 евра. Заради верски причини, за што инаку? Убаво си беше наведено, не го измислив јас тоа. Прашај некоја муслиманка што ја чека ако не е невина, и ќе ти се разјаснат работите.
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Јас портали не читам, секакви глупости пишуваат. Денес преку ноќ стануваат новинари.
    Ако мислиш дека само муслиманките шијат, мисли си.
    Има и христијани и католоци,така да не генелизирај спрема тоа.
     
    На Meralis, Sejfullai и piksooki им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.594
    Девојче, изјави имаше од лекари, какви измислици. Тетово, Гостивар ти значат нешто во животот? Таму католици живеат? Ај читни во темата назад, нема да се докажувам за нешто што е општо познато дека муслиманите враќаат жени кои не се невини. Мене лично девојка од мојот град ми кажуваше дека ако е невина ќе ја истепаат, и ќе ја мажат после за некој постар како да е роба со поминат рок, и затоа таа не смееше да има секс.

    Ако порталите измислуваат, мислиш немаше да се појави некој лекар да демантира дека нема такво нешто во државата. Има и тоа за цена од 500 до 700 евра. Во мојот град трудна муслиманка ја однеле во македонска населба, кај доктор Македонец, ја тераат да абортира и ја сошиваат за да ја мажат како татко и што сакал, како што била ветена. Ова ми го кажа другарка лекарка која таму работи. Ако ова не е верска затуцаност, не знам што е. И не го прават христијани и католици колку за пример.

    Не може не читам портали. Човек кој сака да биде информиран мора да чита.
     
    На FVP, Anomis11 и Pabi19 им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Не ми значат квази новинарчиња, ниту луѓе што шират омраза и што генелизираат.
    Ќе го стаат некој доктор таму да даде интервју со име и презиме за кој прв пат си чула и оп се е вистина.
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  10. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Прво незнам зошто се информираш за ова можеби сакаш ти да правиш али нема веза.Второ тотално се согласувам со @buba4e89 и таа не ти рече дека муслиманите не го прават тоа туку дека и христијани го прават.Доста делите веќе по вера отворете си го малку умот и ќе видите дека таа поделба не ни постои.Неа ја прават само простите:*
     
    На Sejfullai и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    И кој што добива со шиењето?
    Мажот: Илузорна реалност дека он и е прв, зачинет со сељачки его трип „ева ја скинав“.
    Жената: Губи пари и време за операцијата, болка при уринирање неколку дена, плус одново трпи болка при односот.
     
    На Mateica, hermosa, marija305 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Наместо да има вакви операции бидете малце по со техологијата нека се лекува и рак и се како во поразвиените држави а не луѓето да се лечат од тешки болести пример во Турцја, Италија.. Шиење на химен мислам глупост крајно конзервативно.
     
    На hermosa, twilight123 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.941
    Допаѓања:
    12.594
    Штом е отворено тема вистина е. Види во постови наназад ти реков, девојки си пишуваат дека се шиеле.

    Фактите се факти. Не делам, кажувам, а што тебе вистината не ти се допаѓа друго е. Инаку еден муслиман кажа дека имале и финта како да ги фатат крпените жени, со сад со врела вода, ќе ја стави над него, и хименот пукал, иако е сошиен. Ако ја фати се знае што следи. Не сум чула христијанка да враќа невиност, дури мислам дека луда ќе ја направат христијаните ако некоја реално се омажи невина, без шиење.

    Дечко, работам во медиуми, затоа следам. Знаеш дека тоа е неопходно ако работиш, да знаеш што се случува во земјата? Зошто би се шиела? Не би фрлила пари и не би била со закоравен партнер.

    Извртување на факти и замена на тези прават само простите. Форумот е за дискусија, а ако сте за навреди, идете на некоја чешма или пред кооперација, оти дискусија не гледам, само не верувам на ова, не верувам на она, па медиумите лажеле.

    Точно се слагам.

    Во оваа држава не се само квази новинарчиња, како што велиш, квази новинарчиња се оние што пишуваат за цицките на Карлеуша, другото се новинари. Темата за шиење на химен ја пишувале и досега и тоа искусни новинари, Сум работела во оваа сфера, и ги знам работите. Акој некој лаже следи демант, има здружение на гинеколози и слично. Се прави тоа во Западна Македонија, и тоа ти кажува се. На лекарите им одговара да го прават, земаат добри пари. Ако 10 редакции пишуваат за тоа, ти веруваш дека е измислица? Врати се назад во темата, очигледно не само медиуми, туку ни форумот не го следиш. Неколку страници наназад жени си бараат „спас“ како да бидат невини повторно. Ти наведов пример, жена абортира, се крпи, и оппп се мажи невина. Ти дадов друг пример со Босанка, раѓа дете вонбрачно, го дава на посвојување во друга земја, и да поужива па ќе се закрпи пред да се омажи. Ти дадов пример со мажот кој со финта сака да ја фати жената дали е крпена. И ти не веруваш дека химен се шие, дека некој тоа го прави, се уште мислиш дека некој измислува? Како да не.

    Некој што пишува за здравство, економија, политика, надворешна политика во никој случај не е квази новинар. Квази новинар никогаш нема да напише тема за шиење химен, треба извори од најмалку две страни. Си чула ти за тужби против новинари? Знаеш дека такво нешто постои и дека ако немаш доказ, немаш снимена изјава или во пишана форма новинарот ќе го судат за повреда на нечија чест и ќе си плати казна колку три- четири плати ако не и повеќе. Твојата изрека за квази новинарчиња е тотално незнаење, исто како да ми кажеш дека Каролина е квази пејачка, иако два пати беше на Евровизија и ја знаат во регионот. Новинарот одговара пред уредникот, кој секако нема да ти дозволи да пушташ лажни вести, за тоа следи казна, одговара пред газдата кој има име, презиме, имиџ, дава пари, и нема да сака црни дамки за текст за шишење на химен ако тоа е лага, новинарот одговара пред Здружението на новинари каде исто така може да се бара одговорност. Во редакции поминале квази новинарчиња и единствено што знаеле да напишат е за тоа дека на Дара Бубамара и се виделе гаќите додека пеела, ама препишано секако од српски медиуми. Медиумите стануваат скапа работа во сиромашна земја како нашата, каде ценовник за реклама им се гледа скап. Квази новинарите сами ќе ги снема, тоест ги снемува затоа што ретко кој сака да дава пари за никаков квалитет.

    Читајте ја книгата Пустински цвет, ќе видите дека женската невиност е пред животот на едно дете, се обрежуваат женски деца, им се сечат вагиналните усни, се крпат и се оставаат во колиба, ама додека уринираат, може да добијат инфекција и да починат и тоа никого не го тревожи, традиција е во една земја. Ако преживее, дури кога девојката се мажи и ги вадат конците, за да биде невина за мажот.

    Ова не го прават католиците или православните, туку муслиманите, а ако некого на форум му пречи ова што е вистина, нека се бори за поголеми женски права на жените муслиманки, а не да ги обвинува другите за омраза. Кога нешто не ни одговара, ааххх ќе се вадиме на омраза затоа што така е најлесно.
     
    Последна измена од модератор: 2 август 2019
    На FVP и Strapon им се допаѓа ова.
  14. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    катастрофа бе живи глупости
    требс да се забрани операцијава
     
    На hermosa, Tanjamm и Anomis11 им се допаѓа ова.
  15. lolagerta

    lolagerta Нов член

    Се зачлени на:
    6 април 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Gluposti se iznacitav. I jas rabotev vo medium. Dovolno sum informiram imam mnogu prijateli muslimani I hristijani od tradicionalni semejstva I sredini. Taa so go probala ednas dzabe I e sienje. Ne se naivni maskite denes. Muslimankite gi imaat site prava I nema potreba feministki da I'm pomagaat vo dobivanje na istite... Toa losoto sto se slucuva ne go pravi ni Edna Vera tuku samite luge. Licno koa prasav Edna zaso se Cuva da bide nevina ili zaso ke ja sosie.. Odgovori pa poveke ke ja sakal mazot. E pa neka razmislat ako poveke ja saka nevina. Kako ke bide ako dozna deka go lazela... Podobro Podobro da si priznae pa ako ja saka ke ja saka I takva. Nego li u lazenje koga gi fakaat pa posle davanje za stari grdi I ne znam ti kakvi...ni feministkite da ne mozat da I'm pomognat.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Глупости на квадрат.
    Ама чим има понуда, значи има побарувачка.
    Вакви работи не се менуваат преку ноќ.

    Партијархалното општество си ја одработило солидно работата, и генерации ќе ни требаат да се 'истресиме' од потчинетоста... очигледно...
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Никој нема толкава моќ да одлучува за вашето тело свен ако не му ја дадете, тој се испоеб... со 1000 а ти ке се шиеш пари за тоа ке лискаш за да му бидеш потчинета марионета која ја скинал јунакот.
     
    На saki13, Tanjamm, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Шиење химен ок. Јас се чудам зошто го прават, но изгледа мора..

    Имав другарка турчинка. И баш падна муабет за ова. Рече дека не смеат секс да имаат до првата брачна ноќ. По првата брачна ноќ го носеле чарфашот извалкан од крв кај таткото на девојката и он требало да даде 3000-5000 евра. Колку сака. Баш ја зезаа да си се ебе слободно па да го сошие хименот пред свадба или да земи капсули што се ставаат во вагината за да потече крв на првата ноќ. И она категорично им кажа дека не е така, од сите можеш да се скриеш ама не и од Господ. И заврши муабетот.
     
    На Ladyy*, Кирил.ск, Tamsy и 1 друга личност им се допаѓа ова.