1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Работава плукни залепи. Башка 21 век сме, ај сите девици до мажење да остануваат ако е така.
    Жена со гордост, и самопочитување ако свесно тоа го направила, ке си каже, а секој нормален маж би требало и да разбери.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Лола, болдираново кое практично е твој совет на друга тема е според мене правилен пристап за врска или брак или другарство или било каков меѓучовечки однос. Се работи за (не)фер плеј и овде.
    Не ми е целта да ширам морал, далеку од тоа, само мене овој чин ми е лицемерен до срж. Повеќе почитувам некоја што била интимна со 15 мажи и е искрена со својот иден сопруг околу своето минато отколку некоја која го сошила хименот. Не ми е важно какви се причините т.е. фактор религија или било кој друг, не треба да се надеваме дека од подмолни лаги ќе излезе нешто добро. И околу последиците што ако тој дознае од првиот или некој поврзан со него еден ден па пак не и бега сценариото со пушката.
    Ако само за миг се замислиме во кожичката на маж какво ли е само чувството после 15 - тина години пример да дознаеш дека женичкава ти била сошиена?! Плукни му се после и на бракот и на животот таков тоа ми е поентава мене цело време.
     
    На stetoskop, aaleksaandraa, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Кога си во средина која промовира и од тебе бара лажен морал, играш по тие правила. Мене воопшто не ме чуди девојкава, била понесена од љубов или од страст, сеедно, направила што направила, но казната за тоа би и била многу голема. Од неа се бара да биде „чедна“, да не види маж додека не се омажи, а од мажот од истата средина не се очекува ништо такво. Ако татко и и идниот маж се поставени како господари на нејзината судбина, несериозно е да очекуваме да биде Јованка Орлеанка и да изгори на клада бранејќи ги своите убедувања. Ќе изигра по нивните правила и ќе им го даде тоа што од неа очекуваат. Јас сум малку поромантичен тип, па ако се работи за некој договорен (не од љубов) брак можеби тоа што го поминала со првиот љубовник ќе и бидат најубави такви спомени во животот. И не ја осудувам. А тука имаме читано за многу лицемерни девојки/девојчиња, кои изјавуваат дека „имале само анален секс, и дека се невини“. Невини, аха... :lol: Тие не го лажат идниот маж/дечко што и да е кога ќе му кажат дека се невини... само имаат малку проблеми со седењето |( .
     
    На RedWine, Golden Rose, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не сфаќам, зошто толку строга осуда ?! Самата Рок а Фела многу добро ви кажа, ако им каже што е работата, таа на некој начин вреди помалку. Подобро ќе оди на една ваква операција, отколку да ја омажат за некој кој според нивните стандарди вреди како неа. Мислите вие сите родители се така слободоумни и оупен мајндед како вашите, или моите на пример ? Не дај Боже да живеела во некоја строго муслиманска земја, за ова смртна казна може да добие, од сопствениот татко или брат.

    Некаде погоре прочитав дека секој нормален би ја сфатил - епа, знаете, мажите во Македонија, посебно верските фанатици се малку назад во времето. Да не се навреди некој, ама стварно е така. Многу внимаваат на верата и за жал, таквите работите, ретко се решаваат со разговор.

    И да не повторувам некои работи, потполно се согласувам со Лионес над мене. Како ти свират така ќе играш, нема сакам не сакам. :x
     
    На Eli23, AIT, Phyramide и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Муслиманка си? - Не си!
    Се разбираш од нашите правила и обичаи? - Не!
    А и поставив прашање некој ИНФОРМАЦИИ да ми даде за шиењето, а не коментари, критики, солење памет, вака треба, онака треба, па можела, па не можела!
    Тогаш те молам не навлегувај во ваква дискусија кога и самата не знаеш зошто девојката е спремна дури и на операција!
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Па секој има право да изнесе мислење ова е форум побогу - Да!!!
    Зошто не нагласи - се бараат одговори само од муслимани/ки или нека одговараат само оние спремни за да ме тапкаат по рамо и оправдуваат?!
    И што толку се револтира не ми е јасно?!
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Девојко мислам дека не си ми го прочитала првиот пост...кога ќе го прочиташ може и да поразговараме! |( |(
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Добра е темава Анели и мислам дека не треба да ја ограничуваме само на твојот проблем, т.е проблемот на другарка ти. Ако си сакала само информации требало да прашаш во 'Сакам да прашам' а не да отвараш тема. Затоа си имаме слобода да си кажеме што сакаме.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не може да поразговараме немам шиен химен, :D !
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ааабе, анели, според алб. обичаи, има друго решение, јас ценам искреност, и значи не мора да се дојде до операција, може да оди да студира во странство, и таму да најде некој албанец, што знам...
    А штом девојчето знае што следи за неа, сметам дека требала малку да размисли, нели?
    Ама има и друг излез!
    Да и каже на татко и што се случило, и тој да зборува со бифшиот, и да се омажи за него.
    Сепак тој и ја одзел честта, и може да се доведе до тоа.
    Ајде малку поотворено да кажам-Или ќе ја земеш керќа ми, или ќе си го земеш куршумот в чело (не зборувам букфално) !
     
    На MarchelineAmaru и Theodora им се допаѓа ова.
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Имало многу теми на кои внимание се обрнувало на самото прашање, а не севкупната ситуација!
     
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Епа тогаш нема да дискутираме повеќе.
    Фала, поздрав!
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Ау Анели, мислам дека и сите муслимани и немислумани и какви и да има, пред се би сакале искреност. А другакати толку ако е понесена од обичаите или ке се пазела и чувала, или па анален секс и било многу убава опција за вакви случаи :)
    Згрешила згрешила, не да ја осудуваме, ама тешка лага е ова, не е фер. Јас имам многу другарки муслиманки од средно и запозната сум со обичаите, но не е фер. Не дека тој мажот па мајка тереза е, и навистина обичаите не и дозволуваат на ниедна девојка нормален живот, и слобода, така да до некаде мислам дека ја разбирам. И не се оди сама да и текне да појде на шиење, се може да се случи па уште поголем срам да пукне. Од ризик, како што знам нема ништо освен инфекции што може да добие некои, и поголема болка колку што знам, и трауми од зафатот. АКо е до толку работата парите враце, и нека оди побрзо сепак треба некое време да помине мислам за да има повторно односи.
     
    На stetoskop и Theodora им се допаѓа ова.
  14. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Тоа е нејзин избор и нејзина одлука. Таа си го бира начинот на кој ќе живее, а штом се одлучила за вакво нешто тогаш има голема причина.
     
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Е па нас не интересира севкупната ситуација, и ќе си збориме сакала ти или не! Да си кажам јас мој став (жалам, немам информации за проблемот) но си имам став и едвај чекам да го кажам :D
    Не мислам дека шиење на хименот може да значи превара што може да стои рамо до рамо со оние што ги спомна Теодора. Сепак кога ќе се видат околностите, начинот на живот и менталитетот на муслиманите конкретно, тоа може да биде едно едноставно решение на проблем кој може да ти го уништи животот.Батали морал, совест, искреност и етика кога можеш да завршиш на улица или полошо...А зошто? Затоа што треба по некои правила да биде невина. Сигурно казната би била превисока и затоа се одлучила на вакво нешто, не верувам дека би го направила тоа од каприц или манипулација-да изгледа како светица...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383

    Аа тука едно гооолемо ИЗВИНИИИ!!!
    Како тоа, бил нејзин избор и нејзина одлука?
    Знае ли таа ЗОШТО мажот и жената треба да се невини пред да се земаат?
    Или пак, знаеш ти?
    Не се овие правила за џабе...

    Премногу разбегавме...
    Абе нека се најде со дечкото, нека му се закани, нека му каже дека ќе и каже на татко и, нека он му се закани, АКО е и тој муслиман, ако не... пријатно, тука нема што.
     
  17. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180

    А што ако нема средства да студира во странство?
    А што ако не си одговараат карактерно со бившиот? Да се омажи за него само затоашто згрешила и имала секс со него?

    Не, не јас мислам дека тоа не е соодветно решение. Девојката сигурно има причина зошто сака да оди на операција, сигурно помислила на сите можни решенија и најверојатно ова најмногу и одговара.

    Се согласувам дека требала да размисли пред да го направи тоа, но сите правиме грешки, а да го вратиме времето назад не можеме.

    Така да и јас мислам, ако знае некој некоја информација во врска со операцијата нека ја сподели тука. Не е убаво да им судиме на луѓе, кои нит ги познаваме нит знаеме каков живот имаат. Лесно е да се каже нека биде искрена нека каже, ама не знаеме каква и е ситуацијата нејзе, каков резултат би имала таа искреност врз нејзиниот живот во иднина.
     
    На Anely му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мислев нејзин избор е дали ке разговара со нејзините (што таа знам дека не може да го направи премногу се строги по тоа прашање) или ке се реши за шиењето.
     
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Само да се надоврзам 3 месеци. Зборувам за операција во која што при однос треба да протече крв. Кога пука хименот не исчезнува целосно, останува сосем мал дел на краевите, кои докторот повторно ги сврзува. Замисли вака, да има некоја празнина во човечкото тело која треба да се покрие, па се закрпува така што се земаат рабовите на таа празнина и се сврзуваат, исто како кога би се шиела рана. Потоа кога машкото повторно ќе пенетрира девојчето ќе почувствува болка и повторно ќе има крв затоа што тоа ќе срасне.

    За морални причини нема да зборувам, се согласувам и со Теодора и со Фиарлес. Но бидејќи праша, еве ти кажувам.

    Колку пари е, и каде може да се направи појма немам. Само има еден проблем да ти кажам уште одма кажи и на другарка ти. При првиот сексуален однос се рашируваат вагиналните срамни уснички и првата пенетрација затоа е отежната. Ако дечкото е поискусен може да сети, доколку има многу лесна пенетрација внатре.

    Таа си знае. Ова јас никогаш не би го направила, зошто и како излишано е да се зборува.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Така иде редот...
    А ако нема средства да направи операција?
    Не сум во улога на осудувач, тоа никако.
    Само кажувам за нејзините опции...
    Кажав и на почетокот дека ми е жал...
     
    На fierce му/ѝ се допаѓа ова.