1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. fierce

    fierce Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    180

    Не ме сфаќај погрешно, не велам дека грешиш, но некако тие решенија не ми изгледаат најдобри.

    За парите за операцијата сепак мислам дека може некако да се снајде, доколку и е толку сериозна ситуацијата. И мислам дека има голема разлика помеѓу пари за операција и пари за студирање во странство.
    ( bash gjyna :( )

    Кој знае како дошло до секс со бившиот.. може и вршел премногу притисок, може била премногу вљубена, може бил поагресивен и така дошло до секс.. Можеби не ни сакала да има секс таа. Затоа не е убаво да ја осудуваме, не ја знаеме нејзината ситуација. Не сме и во кожа па да знаеме што проживеала. ( не го пишувам овoj дел како одговор за тебе Рок-а-фела, да не ме сфатиш погрешно ;) )

    Јас искрено никогаш не би се одлучила на ваков чекор, но секој има право да реши за себе. :)

    Како и да е, баш ми е жал за девојката, се надевам дека ќе го реши нејзиниот проблем на најдобар можен начин.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    :D :D :D До некаде сите имате право, но како што вели Теодора и сигурно и други го делат нејзиното мислење не е фер да се лажи, па луѓе кој век сме кој е тој што немал секс, кој порано или подоцна :x
    Девојката што ја отвори темеата не ни кажа ништо за нејзината другарка колку години има и сл. бидејќи ако е повозрасна и работи сигурно нема да прашува овде, секако ќе си отиде во некоја приватна гениколошка ординација/болница и ќе си го реши проблемот, а ако е помала не работи мене не ми е јасно ако една таква операција таа може сама да ја плати ако е 500евра или 300 евра и никој да не разбере. Луѓе знаеме сите како живееме, па уште ако и е страв и ова е голем проблем за неа, Rock-a-Fella има право што вели да зборува со дечкото што била, или на татко и да и каже ако не најде решение со дечкото, а каде е мајка и да и помогне, зошто неа не и кажува сигурно мајка и ќе ја разбере, или некоја блиска роднина, сестра ако има на некој што и верува. Јас има слушнато дека има таква операција, но мене не ми е јасна потребата од таква операција, како и да е девојката си знае, но како што спомнав не е така лесно ова да се изведе и никој да не разбере, мене операција не ми е разумно решение, но сепак и посакувам да најде добро решение што побрзо :)
     
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Лесно е да се гледа проблемот од агол на слободна девојка која може да прави што сака, и на крај среќно да се омажи независно од тоа колку секс партнери имала. Но кога би се ставиле во ситуација во каква што се наоѓа оваа девојка, тешко дека толку многу би морализирале и би и советувале разговор. Оди докажи му на закоравени муслимани (пример родителите нејзини, или нејзиниот иден сопруг) дека ете...се случило...па не е ништо страшно...ќе ја разберат-како да не!
     
    На Golden Rose, lolyta777, Jojoba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Нормален маж не би прашал ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    :D :D :D Ко знаела дека е така зошто и бил дечко? Навистина лесно е да се советува ако се нема дечко, и да морализираме, навистина е многу лесно ама да не се изразувам лошо кога имала секс и било многу убаво, а не помислила што ќе биде понатаму, ги познава нејзините родители какви се и што ќе се случи тогаш каде трчала да си фати дечко? Кој дечко не сака да има секс не ми е јасно, нека кажела не ако знаела какви ќе бидат последиците понатаму. На крајот на краиштата нема проблем што е нершлив, сите сме направиле грешки пак не сме убиени од нашите родители нити нешто многу лошо ни се случило, ако татко и е лош е со такво мислење, јас сум сигурна дека нема мајка што не сака да му помогне на своето дете :) .
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.106
    Не морализирајте,не праша дали да ја каже вистината или да лепи химен,праша дали има кај нас.На крајот на краиштата не убива човек.Да и било едноставно,да и била околината отворена сигурно немала да мисли на нов химен.На крајот,не краде,не убива,не изневерува,не проневерува,само си го олеснува животот.Или треба да носи црвен крст на гради управо заради ова?!Па позаостанато делува ова,отколку моментот закрпи нов химен.
    Па да знам дека татко ми е ко од турското,дека ќе ми стрела у глава (ене ко божем у Германија живееле,пред една недела татко уби ќерка од овие причини и тоа заедно со мајката на девојката,албанец инаку од Македонија иселени) или нема да ме омажат од срам,туку ќе ме задржат ко слугинка по дома...фала богу дека ќе барам спас.Зборевме на една друга тема за нивните навики,обичаи,верувања итн итн тука не е место.Имаме во маало,ситуирани босанци,ќе речеш слободоумни,аааа да.Едната сестра ете се подала,ја прелажале и ...има 30 год.и им е ко слугинка на сите,не ја омажиле...
     
    На kjukli, lola-86, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Ако гледаш од страната на вашите обичаи, девојките треба да се невини за првата брачна ноќ. А реалноста е што во денешнинава тоа е постанато реткост. А за да се докажи дека невестата е невина, некаде дури другиот ден од свадбата ги иставаат чаршафите на балкон. Не сум муслиманка али имам МНОГУ муслимански другарки па немој да ми реплицираш дека незнам ништо во врска со тоа. Во ред е тоа што сака да оди на таква операција, мислам кој сме ние да ја спречиме така? Али сепак нема да е направена операцијата за праведните причини. Едноставно сака да го излажи својот прв маж само заради што не сака да си го исчисти образот. Не сум тука да и судам али сепак не е вкусно. Неможеме да ја спречиме ни пак се трудиме.
    -Дај и на женско 10 причини, ќе го следи 11 - нејзиниот. Така да, џабе објаснуваме :)

    Со среќа нека и е на другарка ти...
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Точно, ќе ја разберат до тој степен да и го уништат животот.
    Мислам и нашите жени едно време не се потресувале на ваквото нешто ич, впрочем некои девојки се уште не се потресуваат, па затоа нели отвараат теми, како ќе реагира господинот дотичен ако разбере дека пред него она си имала секс.
    И не е некако ферски да зборуваме за гордост некаква женска, за вистини и невистини, кога сме сосема друга религија, кога нашите радодајќи се први домачици, а цело маало и пошироко ја знае. Не да не е ферски туку се мешаме во туѓ живот - и велите, слободно уништи се. Е, жалам копче за самоуништување некому да му кажете да притисне, не ве оградува од фактот дека вие сте убиецот.
    Ама лесно е кога не сме ние засегнати, лесно е кога нема да сме ние жигосани, лесно е кога нема ние да го поминеме животот дома сами со родителите и кога нема да можеме да излеземе надвор, бидејќи со прст ќе не покажуваат. Лесно ни е на нас, бидејќи ние имаме само да цмиздриме за нашата неостврена љубов, за дечкото кој не не сакал доволно и не оставил, за тие што не повредиле, а како ќе ви беше кога дечкото ви ветил дека ќе ве земе, а во вашата религија секс се има само со сопругот и на крај ќе ве остави. Еј, ајде.
    Кој нема пријатели албанци или воопшто пријатели муслимани, може да држи лекции до утре сабајле за права и слободи. Но, како што ние сакаме другите да ни ја почитуваат религијата и се бориме пред атеистите да го докажеме нашето право да веруваме во нешто кое НЕ СЕ ДОКАЖУВА, ниту сме го виделе, чуле, тогаш каде е нашата гордост, нашата интелегенција, за што ни е мозокот ако не да размислуваме.
    Мешаме баби и жаби!
    Да е моја пријателка да би ја разбрала и те како дека и е потребно ова нешто, за да не си го уништи животот.
    И што опција е да ја напушти земјава и да бара албанец кој ќе ја сфати или да се омажи со бившиот со кого се разделиле.. :clap: опцијава е страшна.
    И да вистини, ли се вистини црни како ѓаволи... кого бре ќе лаже, мажот и. Да не има он на машкоста бројчаник со колку бил?!? Да не има како да го фати дека не и е прв. Ајде бре. Ама она ќе е лажга и ќе го измами и него и Бог и ќе гори в адот |( а и он со неа.. само што во овој живот, тој ќе си најде некое невино, иако пред тоа бил со други невини, а она ќе си помине пекол на земјава. Леле, убавини. Но вистини ли се вистини, само во нашите глави заблудени.
     
    На unique123, AnoreXic, MSkorpionka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Анели, околу твојот проблем решениево е другарка ти под рака и има многу приватни клиники и ординации во земјава, ако треба одете и во друг град и на лице место ќе си ги добиете сите потребни информации и околу цена и околу ризици од стручно лице.

    А не ми се верува само колку лесно се оправдува подметнување, па не е ни чудо кога историјата ни е полна со разно - разни сплетки и манипулации и плус ова ни се влече и во сегашност и на сите други полиња. И секоја чест на логикава - подметни му невиност, па со колку бил тој претходно, :^) ?! Мене лично ми е најнезрело да барам оправдување за своите грешки повикувајќи се на туѓите - ама некому дефинитивно му е полесно да си бара вакви метли за чистење на совест нек повели, само што ефектите од ова се ограничени. Си грешел и ти ќе грешам и јас - секој одговара за своите грешки ама туѓите нит анулираат нит намалуваат нечии детс д поинт! И што ако исплива на површина вистината? Така не е уништен еден живот туку многу повеќе истовремено - на сите во семејството. А да не правам муабет за грижата на совест, стравот од вистината и сите пропратни елементи. Јас ваков живот не посакувам никому и не ја осудувам за да би и била убиец девојкава туку ја жалам! А повеќе го жалам идниот сопруг кој е поголема жртва фатен во ваква мрежа на лаги, па и не сакам да помислам каков пекол го чека расветлувањето на ова.
    Голем дел овде виртуелно коси кубат на темите за неверство, па и ова е еден вид си изневерил нечија доверба присутни се лаги и дејствија со друга личност моментот минато не го намалува дејството на постапката, работење зад грб и стремеж за да не те откријат д сејм. Точно, не сме осетиле на своја кожа вакво нешто ама сепак и не би живот во агонија од лаги и страв да осетам. А тоа е нејзината осуда за постапката тажно ама и вистинито ќе го изгуби душевниот мир ако има совест!
    Познавам муслиманки познавам и такви ретки случаи кои биле сексуално активни па оставени па омажени подоцна без хименопластика во игра. Како ова да е единствено решение. Едната од нив ја остави мажот бидејќи продолжи да се гледа со првиот кој и ја одзеде невиноста следеше развод но потоа пак се премажи - братучедка е на моја блиска комшивка. Моја школска беше оставена од долгогодишен дечко со кој беше интимна и му призна на сегашниот сопруг уште во врска и тој го прифати тоа. Ама да не наведуваме сценарија исходи има секакви!
    И сега се враќам на моментот со разоткривањето - што тогаш? Пекол претходно поголем пекол за цело семејство дополнително. Не е во прашање краткорочно ќе ја сошијам блузичкава ми се распара, долгорочните последици се пострашни. Влегла со измама и манипулации во брак и ќе ја исфрли на улица многу подоцна и многу поголем ќе е срамот така да ништо од краткорочното замајување.
    Не е морализирање за нечија сексуална активност тоа ич не ме интересира, меѓутоа подметнувањата, манипулирањето, лагите и лажното претставување за да намамиш некого во брак се страшни. Ај, независно од религија да си замислиме вакво сценарио за нас самите или за нашите браќа или најдобри другари? Боли! Ама ако бе, целта ги оправда средствата едно големо НОТ од мене!
     
    На girl.23, lolyta777 и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Ни мене не ми изгледаат најдобри, ама тие се...
    А за тоа во странство, тоа беше само предлог.
    Друг начин-може од фб да се запознае со некого од странство, па кога ќе дојде тука, да се сретнат, ова она, напрај свадба, и ајт у дојчланд.
    Се согласувам со Теодора, ако се дознае многу полошо ќе биде. Не маж и, туку ни нејзиното семејство не би сакале да ја видат. На лагата нозете и се кратки...
    Можеби тој бифш дечко ќе испадне некој роднина на маж и...
    Don't forget, Carma is a bitch. :/
     
    На lolyta777 и Theodora им се допаѓа ова.
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Теодора, ова не е во ред. Види не те напаѓам тоа си е твоето мислење, ама мислам дека малце премина граници. Јас не сум муслиманка, нити имам другарки кои се. Не си ни ти како што приметувам така да тој страв ние никогаш нема да го осетиме, а дали ќе се дознае или не и дали цел живот ќе живее во лага, па нека се јави некоја ако никогаш не излажала за нешто поголемо. За осудување е она што го прават млади девојки надоградуваат химени одат во арапските држави и имаат односи за 1000-2000 евра, потоа го повторуваат истото. Не знам колку сте запознаени со вакви случаеви и јас читав за ова, може не е точно, ама ако е вреди за вистинско осудување. А ова девојкава што го прави е од страв. АКО ја откријат ќе биде исто лошо како кога ќе се дознае дека не е невина. Така да не губи ништо освен 500 евра.
    Конкретно за темата, кај нас искрено не сум слушнала дали има, ама во Србија има, за таму сум 100% сигурна.
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јојоба, има девојки што кога ќе отворат тема се однесуваат како да си им дошол дома и си им го нагазил со кал омиленото бело тепихче, поточно прифаќаат само да ги тапкаат по рамо и галат по коса, зошто девојката се повика на мене конкретно, бидејќи јас не бев во оваа категорија, зошто не и пречеше коментирањео на други христијанки кои ја оправдуваа тука лежи зајакот, врати се назад ќе видиш од што произлезе тој коментар, не сум била муслиманка и не сум ги познавала нивните обичаи па како сум се дрзнала да пишувам на темава?! Ова е виртуелен свет во кој секој има право на мислење нема што мене некој да ми ограничува компетентност врз база на религија, тоа исто така не е во ред. Дискриминирање и неоправдано ограничување исто така е премин на границата, кој јас лично не го дозволувам никому ни реално ни виртуелно!
    Во крајна сметка јас и одговорив на прашањето, а тебе не те повика никој како адвокат во меѓувреме!
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    ... :) Значи ти кога и враќаш на напад е ок, ако тебе некој ти врати не е. Види, доста си постара од мене прво не сум до толку невоспитана па да се расправам и тоа на форум, за тема кој со мене не е никако поврзана. И убаво нагласив дека не те напаѓам, немам причина. Се најдобро за девојката побрзо да го реши својот проблем и општ заклучок подобро да не бара совет од другарки туку сама да реши. Две женски никогаш нема 100% да се согласат.
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не извртувај зборови од контекст, во ред е да ме нападне некој со издржани аргументи дури и чест и задоволство ми е да сум дел од таква дискусија, ова не е таков случај. И да јас сум невоспитана па се расправам со деца |( НЕ, туку почитувам луѓе на било која возраст кои изнесуваат поткрепени ставови со аргументи и се борат за нив, а повлекување врз база на возраст или религија како недопирни точки ми е знак на слабост. Кој се пронајде, не е мој проблем туку негов.
    Јас сум порасната и живеам моментално во маало со различен етнички и религиски состав и сум за соживот и се обидувам да ги разберам обичаите на муслиманските девојки и сочувствувам со девојкава бидејќи очигледно е во каша, жал ми е за последиците кои мора да ги трпи на овој или оној начин само целта е да го избере помалото од сите можни зла!
    Целта ми беше цело време да посочам на негативните последици од овој потег за неа и за семејството во иднина само што очигледно единствено Рок-а-Фела успеа да го увиди. Нит сакав да изигрувам морален судија, нит сум убиец кој притиска копче на нечие самоуништување, баш сакав да и посочам на можно идно самоуништување со одложени ефекти, нит сум заблудена или заштитена во аурата на мојата религија.
     
    На girl.23, lolyta777 и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Потребата за невиност ја нема само во исламскиот свет, туку ја има и во старите христијански обичаи. Обичаите се помалку ги користиме, очигледно.
    Проблемот е што религијата директно кај христијаните не налага невиност до брак, но не значи тоа дека нема луѓе кои не бараат чаршаф да им вадат тазе земените снаи со црвена дамка. Е сега оние кои имаат еластичен химен - нае*але. :|
    Сакам да кажам, ова секаде го има, а и сите муслиманки кои јас ги знам веќе не се невини, ниту имаат сериозна врска. Религиозниот фанатизам не е секаде подеднакво застапен.

    Како и да е, јас сум застапник на тезата - секој да си прави што си сака, настрана од туѓите убедувања, но кога за здравје се работи, нека си го берат гајлето.
    Поинаку, без оглед на религиозните определби, ова го толкувам како самобезвреднување. Да му направиш чест и да му го нахраниш егото на сопругот, а што со себе? Ќе се лажеш себе или него? Каде е самодовербата, самопочитта? Крајно, ќе поминуваш низ ново макотрпно пробивање на вагиналните порти?

    Како и да е, личен избор е. Мене не ми се исплаќа. Не знам со колку конци би го нашла вистинскиот. :|
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Неколку спомнаа дека ценат искреност. Значи, вие цените. Вие, кои сте пораснале со сопствените СЛОБОДНИ родители, вие кои секој ден пишувате на форумот како сте независни и самоуверени, вие кои ја имате таа слобода да ги донесувате сами одлуките околу вашата слобода. Девојчево ја нема таа контрола која вие ја имате над вашиот живот.

    Кој разговор бе луѓе, кој црн разговор ?! Во строгите муслимански семејства жената седи покриена и ќути, таа е тука да работи домашни работи и да раѓа деца. Не викајте дека знаете случаи каде што не е така, секоја чест на исклучоците, ама се кладам дека барем 90 % така ги третираат жените. Таму ете што се цени - хименот, снагата, убавината и способноста да раѓаш машки деца. А филмовите дека се ценела искреност, самопочитување и слични други работи, кажете ги на некој кој друг.

    Ставете се за момент во нејзина ситуација. Значи не играме тука по правилата на нормалниот и цивилизиран свет, играме по правилата кои муслиманскиот маж и ги наметнува на таа жена.

    Сигурно имате прочитано некои книги со таа тематика, ги има милиони. Ја имам доста проучувано оваа тематика, ме интересира зошто досега никој не се побунил и не го сменил овој начин на живот. Всушност, самиот Ислам бара да има еднаквост меѓу половите, но мажите ги извртуваат и грешно ги цитираат - во своја корист, нормално - стиховите од Коранот.
     
    На kjukli, Jojoba, Aniston и 2 други им се допаѓа ова.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Не можам да се изначудам со која леснотија лугето се осмелуваат да осудуваат нечија одлука. Секој камен си тежи на местото. Ако девојчево се одлучило да оди на операција , значи операција а не во слаткарница, очигледно е дека не очекува разбирање од срединaта во која живее или ќе оди. На крај краева таа си оди во своите чевли, кој сме ние да и судиме вака или онака? :^) Лично јас никогаш не би го излажала маж ми за вакво нешто, ама и мене маж ми никогаш не би ме вратил кај моите или би ме гледал со помалку почит и љубов заради вакво нешто. Мислам дека е крајно време да се научиме да си ги разбираме и почитуваме разликите во обичаите и верувањата, едни со други.А поврзано со операцијава во западна Македонија 99 % се прави низ клиниките, нека се распраша убаво другаркати од страна на безбедност и последици и ако е таа нејзината одлука не гледам зошто не би го направила тоа.
     
    На fierce и AIT им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.130
    Допаѓања:
    156.106
    Теодора ова не промакнува како оправдување на чинот,туку заради можните последици.Не се нормални услови да бидеме реални.Во нормални услови секако дека не е оправдано,впрочем имаше и теми порано,како да му лажирам невиност на дечко ми и тоа целосно не е во ред,зошто гледа сопствениот задник од осуда и соочување да го спаси и да си помине полесно,но ова е сосема,сосема друго.Не треба да се гледа праволиниски. Значи,ок,биди искрена,по цена татко ти да се откаже по тебе,да те исфрли на улица,да те убие или никогаш да не те омажи... во овој случај,не можам да ја обвинам девојката,туку затуцаното семејство кое треба неа да и прави отчет,а не таа нив. Остај што се прават слободумни и модерни,за вакви работи не се...па дури и една позната албанска ѕвезда во Македонија што живее...е сеуште невина од истите тие причини (ја познавам девојката,сме седеле на кафе и си кажа).

    Рок а Фела увидела,но не значи дека е тоа така или она што ти така мислиш или јас или било кој друг.Сепак во суштина треба да си чесен и искрен,секогаш се залагам за тоа,ама ако сериозно ти го комплицира животот,а твојата постапка реално не прави штета,односно не загрозува нечиј живот,не краде,не оштетува некого морално или материјално,не изеверува,туку вади само лична придобивка е ок. Лесно ти е од страна да морализираш кога си живеела во слободоумно семејство и околина. И јас никогаш не би го направила тоа...но според нејзините услови кои не се нормални...тоа е помалото зло.
     
    На kjukli, lola-86, Meggy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Читам ептен сте се распричале...
    Јас сум измеѓу.

    Ве прочитав сите и не можам да заземам став и позиција...деликатна тематика..премногу. :(
    Искрено и од се` срце, жал ми е за девојката...да не сме и во кожа :worried:

    Се согласувам дека искреноста е најбитна во една врска, кога тогаш може да се дознае и најскриената тајна која сама по себе може да предизвика и те какви последици... ниедна тајна не останала тајна и не по секоја цена целта ги оправдува средствата.

    Од друга страна секој има право да биде среќен и да си го олесни животот колку толку со одредени одлуки кои не секогаш се исправни и морални.
    Да, постои грижа на совест, некој може да се носи со неа, а некого таа грижа може и да го уништи.

    Затоа само ова ќе кажам -Кој не направил грев, нека го фрли каменот...
    но и потенцираното на Рокафелла- Карма ис а бич...

    Можеби е офф топик, но сакав да си го кажам мислењето.
    Секој со својата судбина и среќа.
     
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Mногу површно некои размислуваат тука и даваат сугестии дека девојката беспотребно посакува да прави операција.
    Лесно е да живееш со либерални родители како повеќето девојки тука, тоа не значи дека нашите родители не се строги, напротив секој родител сака се најдобро за своето дете, но не верувам дека некој родител ќе му направи некое зло на своето дете зашто ја изгубило невисноста. Зборам за нас христијанките.

    Но кај муслиманите е поинаку. Тоа губење на невиност некогаш значи и живот. Од кај знаете какви се родителите нејзини па да судите? Можеби се престроги и традиционални муслимани а девојкава може да сноси огромни последици.
    Немам блиска пријателка муслиманка, но ептен ме интересира исламот како религија и имам прочитано многу книги од муслиманки и не сакам да сум им во кожата, посебно на девојки кои сакаат да и се спротивстават на религијата и на општеството.
    Девојката згрешила, секој греши.
    Таа со еден мал зафат може да си ја "поправи" грешката пред семејството.
    Ако тоа и значи премногу, никој нема право да ја осудува. Самата ќе си реши на тој чекор.
    Подобро еден зафат отколку низа околности како што некои девојки биле убиени поради тоа што не биле невини, биле казнувани, биле робинки, биле тепани омаловажувани, никогаш не им било дозволено да најдат друг сопруг, им бил сечен клиторисот.... така да ако смета дека ќе сноси последици од тоа што имала односи, нека го сошие хименот и ова нека и е за памет за во иднина.

    Ах да и сите ние, баш сите ние, правиме некогаш работи во животот само за да бидат среќни родителите и да ги задоволиме нивните барања. Некој прави поголеми работи некој помали, али битно сите правиме нешта само за родителите.
     
    На kjukli, lola-86, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.