1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Најпрво, не морализирам да не се повторувам. Само правев импликации на она што може како бумеранг да и се врати од оваа постапка во иднина. А во однос на загрозувањето сметам дека загрозува и други луѓе конкретно ќе има деца и ќе се дознае значи го загрозила нивниот живот кој ќе го поминат без биолошката мајка, го оштетува морално и материјално сопругот и неговото семејство бидејќи се провлекла во нивниот дом со лаги, ги изневерува нивните очекувања, доверба и сликата за себеси во нивните очи. Мене лично ме ужаснува личност спремна на манипулации и подметнување и не би да имам таква во својот дом. Ако тргнеме од тоа колкава драма се прави и виртуелно и реално од лагите и изневерувањата дали оваа лага треба да биде оправдана бидејќи има веројатност да помине незабележано?! Секој со својата совест, според мене ова е тешко добри неколку тони и има и такво сценарио да го изживуваш понижувањето на постари години, да го доживееш презирот од своите деца, затоа според мене е подобро за нејзината психа да се ослободи од ова побргу. Ама ако решила дека операцијата е вистинскиот чекор за неа добро, само да се крпеше лесно и совеста ќе беше друго и подобро дури, ама го почитувам правото на нејзиниот избор, бидејќи точно таа ќе ги сноси последиците од истиот!
     
    На kukli4ka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Темата е за да кажеме што мислиме, не знам зошто некои велат дека морализираме и гледаме слободно, но нема што друго да се каже, кога веќе девојката одлучила да биде два пати невина :angel: :x :D сама си знае најдобро. Јас немам ништо против, тоа е нејзин проблем, ако се толку строги нејзините родители како таа ќе оправда отсуство да оди на операција, колку тоа и да е едноставен зафат сигурно нема да ја пуштат веднаш од болница, а претходно и ќе извршат некое испитување/преглед, сигурно нема одма да ја земат на опрација и таа одма да си оди :fubar: :?: Од каде пари кога сите велите дека се многу строги нејзините родители, од каде таа може да има толку многу пари, или пак која другарка има толку многу пари неа да и даде, сите знаеме колакви се платите кај нас. Многу сложено, сигурно многу и е тешко на девојката, сигурно многу ја мачи овој проблем :x .
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    Совеста сама по себе доволна ќе и е,а за хименот не мора никој и да дознае.Впрочем после тој прв пат со новиот и маж понтака веќе нема ни да биде важно и ќе биде заборавен,освен таа што цел живот ќе го знае и можеби ќе пати.А поинаку да се дознае вистина,освен од неа самата,нема...

    Мислам смешно е да изигрува маченик кога знае што може да ја очекува...како маченик за својот грев да го трпи нејзиното семејство со сите тие осуди. Ако навистина е грев и ако религијата тоа што им го препишува е точна,ондак,ќе и биде судено ко ќе треба,а некој друг да се стави во улога на судија кој нема право да одлучува за нејзниот живот,е апсурдно,а не може да го смени тоа,така е и така и ќе си остане.Тие нема да го отворат умот кон современи сфаќања ако цел живот мислеле поинаку.

    Јас не разбирам кон што целиш...освен дека не прифаќаш манипулатори и неморлаисти (иако не морализираш) не ја гледам алтернативата во услови кои се ненормални.Јас те разбирам во насока као,штом згрешила нека трпи,нека и судат,нека ја осакатат,нека си ја признае вистината само...па зошто?!Секој сака да биде среќен,а оваа грешка и не е толку страшна (да беше страшна и во современиот свет ќе биде казнива со закон нели),ниту опасна,материјално не знам како го оштетува мажот,освен морално...а морално и не мора...кога нема ни да го дознае тој тоа... Значи сепак и ние не сме толку отворени со сфаќањата за сексот ... Дете да подметне е веќе друга приказна...А вака испаѓа,нека пати кучката за сторените дела,нас ни е топ шо нашите родители се либерални,за неа сеа тоа е,можам само да и сеирам,а реално,не е ни нешто кое би требало било кого да вознемири во современ свет,тие се позатуцани,ќе се прилагоди на тоа...тоа е сега.Сигурно дека ако е спротивно,не би мислела на хименопластика.Доволно морализира нејзината околина,па и ние тука сега...за нешто што нема потреба. Постаршни и понеморални работи се случуваат на светов...па се прифатени.
     
    На Lacrimosa, Anely, lola-86 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Па освен таа во чинот бил присутен и тој дечкото кој го однел хименот и од кај сите толку убедени дека тој не го споделил или нема да го сподели тоа некогаш и некаде па да избие на површина?!
    Освен ако типот не е меѓу живите повеќе што не дека посакувам ама само така тајната е сигурна или пак ако водел дневник пак не е :?: !
    Во однос на материјалната оштетеност вложуваш и материјални средства во самиот брак па и така што ако дојде до развод и материјално го оштетуваш со поделба на имот и сл. да не навлегувам во детализирање. За моралниот аспект е јасно само по себе.
    Па многу нешта не се казниви со закон па се предмет на распад на семејствата еве и изневерувањето е во оваа категорија и други непремостливи лаги.
    И не реков дека јас сакам да пати и дека е кучка туку дека ја жалам што се наоѓа во таква положба и целам на тоа дека и полоша може да и стане ситуацијата понатаму во оној момент кога ќе мисли дека баш се‘ средила и се‘ да се урне како кула од карти.
    Јас гледам долгорочни ефекти од било која постапка не само моментално провлекување по принцип ни лук јал ни мирисал, бидејќи некој има изразен њух да намириса ваква постапка.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Здраво, мое лично мислење е да го направи она што таа мисли дека е исправно. Сите ние имаме некои проблеми кои ги знаеме само ние и како што некој напиша да ни дадат 10 совети ке го одбереме 11 ( својот). Секоја девојка би требало да има право на бирање на својата иднина и својот пат без разлика дали е христијанка или муслиманка или било која друга вера. Можеби ке бидам офф топик но сакам да ви дадам еден пример како живеат жените во Авганистан, муслиманки ... Бракот е договорен за девојче од 12-14 години, се купува девојчето за 4000-10000 долари. Ке се направи некој вид на свадба и нејзините родители ни па родителите на мажот и немаат право да ја видат месец дена. Таа е затворена во соба сама ја посетува само маж и кој само сака да ја е.. , и носи јадење ако мисли дека е заслужила. Она не смее да излезе од собата додека не помине 1 месец затоа што мора да затрудни. Инаку не смее никако сама да излезе од куќата, и секогаш мора некој да е со неа. Жените овде се само машини за раѓање деца и ништо друго, додека мажите за задоволство и уживање бараат мажи.
    Позз и што и да одлучи сигурно има добра причина за тоа ...
     
  6. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Девојката не ја осудувам за фактот што имала секс пред брак.
    ПРОТИВ сум нејзината замисла за шиење на хименот.

    Ова е одлука на избор помеѓу нејзините интереси-себично штитење на сопственото "јас"
    и интересите на другата страна(нејзиниот иден сопруг) како и заедничките интереси
    (т.е. бракот).Значи девојкава не сака да се жртвува и сака да оди по линија на помал
    отпор.Искрено,со чест на исклучоци не ми се допаѓаат ставовите на повеќето девојки
    кои се изјаснија по ова прашање.

    Мое мислење е дека повеќето машки би го прифатиле фактот дека девојката не е невина.
    Сигурен сум дека ретко кое машко би прифатило ваква форма на манипулација,доколку
    дознае.Последиците се јасни.

    Солуција?
    Единствено да си најде маж,кој навистина ќе ја сака безрезервно,и ќе го прифати
    фактот дека не е невина, без никаков проблем.Можеби тоа ќе оди малце потешко,
    ама сега да не се убедуваме дека сите мажи муслимани се конзервативни.
    Има прогресивни ликови и кај нив.
     
    На girl.23, stetoskop и Theodora им се допаѓа ова.
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Те поддржувам,затоа што ти бараше само информАЦИИ некој ако може да ти каже а темата не беше дали тоа е исправно или не,и да делат совети околу тоа дали треба да оди или не треба. :clap:

    Јас можам да Ве сватам.

    Потполно се сложувам со мислењето на Lilit...ЈАС СУМ СО ИСТИОТ СТАВ!Како јас да сум пишувала кога го читам нејзиното мислење.
     
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Нема толку прогресивни ликови...можеби на вас ви е тешко да го сватите тоа или не сте доволно запознаени со нашите "правила"..
    Јас лично не сум невина, но јас сум во многу озбилна врска, а тој ми беше прв така да немам големи проблеми.
    Но, да не ми беше озбилна ил инедај боже да се случи нешто што ќе не раздели и јас ќе размислам за ова, бидејќи подобро да ја сокријам таа работа одколку цел живот некој да ме понижува,да бидам помалку почитувана, семејството да се срами од мене, а јас да немам никаков живот со човек кој можеби и нема да го сакам.
    Нема да ми бидат битни туѓи размислувања дали ке ме судат, сепак тоа е мој живот кој е еден и ќе гледам да го направам што е можно подобар...Only God can judge me! :)
     
  9. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^Не е работата дека ние не муслиманките не сме запознаени со вашите правила,работата е што вие сте запознаени а сепак одлучувате да не играте според нив.Одлучувате да си уживате во предбрачниот секс а кога ќе дојде време за брак со некој сосема трет е ќе се сошијам и никој нема ни да знае што се сум правела.Во животот нема и јаре и паре ако свесно ги отфрлате правилата тогаш треба и свесно да си ги сносите и последиците,а не да се манипулира брачниот сопатник во мислење дека покрај себе има непипната девојка.Има многу муслиманки кои се придржуваат кон правилата,тие се тие кои не сакаат да им нанесаат срам на семејството,знаат дека невиноста им е картата за подобар живот и ја чуваат како очите во главата,девојки како таа што сака да си го сошие хименот се срам за овие девојки,им ја намалуваат вредноста и ги тераат мажите да се сомневаат во сите.

    Имам многу пријатели муслимани и знам за 2 случаеви каде ги имаат откриено дека подлегнале на ваков зафат,можам да кажам само дека девојките поминаа многу полошо него ако си кажаа дека не се невини,тие две веќе ни за вдовец,ни за никаков нема да можаат да се омажаат,семејствата им се засекогаш обележени,да ги праша сега некој сигурно нема да кажаат дека вредело тоа што го направиле.
    На лагата кратки и се нозете,некогаш ќе се дознае а тогаш ќе е многу полошо.
     
    На kukli4ka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кого ќе излажете ако го направите тоа? Вашето семејство, вашиот сопруг, вас самите. Цел брак темелен на една лага... Ќе го оставите да мисли дека ви е прв, еден и единствен... Кажате ми, ќе можете ли вие да заспиете покрај него, да имате мирен сон. Јас го живеам мојот живот само за едно нешто, за чиста совест и мирен дух. И после вие верници, вие поголеми верници од нас... Што мислите? Каде ќе ве одведе ова?
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.050
    Допаѓања:
    5.085
    Не сакам да навлегувам ептен во длабоки дискусии само кога ја видов темава сакам да си кажам мислење
    Ја оправдувам оваа постапка "шиење на химен" зашто може да има многу причини за тоа да се посака.
    Не дај Боже силување, зашто некоја девојка да го носи споменот од тоа, кога со една операција може повторно да се врати на старото и да се обиде да се биде среќна.
    А вака што постојат девојки од радозналост да пробаат како е и после се предомислуваат, тоа не чини
    Се знае постојат религии кои не оправдуваат секс пред брак, но за тоа постои петинг. Па нека се воздржуваат девојките малце :D
     
    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Олку морализирање не ќе да е на арно. |( . Девојката згрешила, и еве сега се кае.Не велам дека со тоа што ќе оди на шиење ќе се исправи грешката, ама таа само сака да си ја обезбеди среќата и почитта од сопругот и семејството. Не гледам толку голема трагедија колку што направивте вие. Ако постои шанса со ова да си го врати достоинството без никој да повреди и ако ТАА е спремна да си живее со таа тајна, не гледам од каде тоа право вие да ја осудувате. :^) Па кој е безгрешен, аманте. |( . Во денешно време кога моралот ни е на нула и најчест проблем на форумов е "одам со женет,многу го сакам" ние сме се фатиле за некоја си девојка која принудена од средината и околностите се труди да си го најде патот до спокојот во домот и да си ја сочува гордоста.
     
    На Trnche и Shana им се допаѓа ова.
  13. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Сите ќе ги излажам ако биде потребно за да имам подобар живот...мојот живот ми е најбитен! :)
     
    На Trnche, Shana и kalinka89 им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    ќе се излажеш само самата себе... Ако ти е најбитен твојот живот не треба да се грижиш што ќе кажат другите за тоа што си ја изгубила невиноста. Си создаваш погрешна слика за самата себе, се правиш себеси друга личност а не таа што вистински си.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Барем нема да се мажам за некој инвалид или во најлош случај со некој што татко може да ми биде.
    Ќе имам добар живот, најбитното...а и не реков дека ќе го правам ова што си ми се фрлила? :) Реков ако биде потребно иако мислам дека нема, нити побарав да ја морализирате одлуката на другарката, побарав обична информација, но ок сакаа некои мислењата да си ги кажат, па и не сум ни против тоа. :)
     
  16. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    хахахах знам дека не е за смеење ама незнам како да објаснам :D епа нека го сошие и ајде сеа, не и дозволува религија ова она ! изброј до 10 па кажи ОП
     
  17. StefiNikola

    StefiNikola Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    57
    Една информација :) најактуелно на оваа тема во светот се нови химени, се купуваат од аптека се ставаат како женски кондом непосредно пред сексот и автоматски кога ќе осети допир испушта крв, исто би му било на машкото како да кине девојка. Кај нас овие ,,чуда,, сеуште ги нема јас имав од Америка донесено 1 го употребив и се беше исто како првиот пат само што требаше да глумам болка :D :D :D
     
    На RedWine и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    една другарка се распрашуваше во врска со ова.. многу ме заинтересира ова со новите химени интересно звучи а уште по веројатно тоа што самата си го испробала ке можеш ли да ми кажеш колку те кошташе и како можам да го нарачам бидејки не сум информирана :)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    156.094
    ^Кога ќе засмрди на кинеско ќе ве провали! :( Ваква глупост само на кинез може да му текне!
    Ај девојкава од кои побуди го прави тоа,ја разбирам и скроз ја оправдувам.Ко што рекоа,нејзиниот живот е поважен од било кој друг и не мешајте баби и жаби,па тука зановетање као демек ама знаеш искреноста,чесноста,нека те прифатат ваква или онаква,а она пустата и ќотек може да добие и цел живот дома да им пере и да им слугува.
    Ама вие...едно боринче и ...
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    и според мене е глупост јас не оправдувам но секој со свој избор таа тврди дека е сериозна во врска со дечкото што е сега во врска и дека тој сакал чиста девоја што е ГЛУПОСТ али ајт!