1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мислам дека др. Коруновски (МВР амбуланта врши вакви зафати) и чини 12000 или 15000 денари
    со анестезија, и се по ред исто ко операција
     
  2. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ја оправдувам целосно девојкава.
    Потекнувам од село кадешто сме пола православни, пола муслимани, и знам што се случува ако девојката не е невина. Ма нема тука направила грешка, чудо големо, ти реков ми рече. Ако не е невина, ја враќаат дома и нема ни свадба ни ништо. Ќе биде срам за фамилијата, и на крај ке ја омажат за некој си стар разведен колку да не остане сама. А ако се погодат некои си лудаци, ништо чудно и ја да убијат. Имаше пред 10 години сличен случај во селото наше. Тој странство, дознал дека жената го изневерила, отиде дома ги уби неа, братот, и на крај се самоуби.
    Па во овој случај подобро ќе им го направам кејфот и ќе изглумам невина, отколку ова да го трпам.
    Така да подобро тие што се во ваков случај, нека се шијат со повреме. Сериозно.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Да добра работа е ова :!: :!: :!:
    Ми се допаѓа зошто многу девојки можат да добијат нова шанса. Прочитав претходно- што ако била силувана? Што ако потекнува од мало место, каде што може цел живот да и се зацрни? Што ако едноставно се заљубила и тој некој ја изиграл?

    Во овие случаи мислам дека шиењето на хименот е најдобра, најбезболна одлука која може само да ти го смени животот на подобро. Да те ослободи од некоја траума, огорченост, болка ....

    Не го оправдувам доколку се прави со 1 со 2 со 3 .... и со уште многу потоа. Тоа е веќе претеризам. И што од тоа ако сите си мислат дека ти биле први? Рогови ќе им никнат. ;)
     
    На Golden Rose и prettyrockgirl им се допаѓа ова.
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    ако си отворила тема, може секој да коментира се` во склоп на таа тема. не може секој коментар да биде поврзан околу другарка ти.
    и што ако не е муслиманка или не се разбира од вашите правила и обичаи?? ЛАГА си е лага!, што има врска лажењето со верата??????

    иначе, јас не сакам лаги воопшто, така да не го подржувам шиењето химен. НО, знам многу муслиманки кои го прават тоа (овде во нашите болници), и не ги обвинувам, затоа што најчесто им е наметнат еден маж, а нивните идни мажи на големо се `онадат` кај ќе стигнат, си го прават ќејфот, што е стварно нефер за нивните жени.
     
    На prettyrockgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас го подржувам! Зошто една грешка на девојката да и упропасти цел живот?? Зар оние кои што имаат секаков видна на секс освен вагинален ги сметате за невини?? Зар таа капка крв е доказ за невиност?
    Секој си се бори за подобар и среќен живот, зашто една грешка да и упропасти цел живот. Барем на овој начин нема да биде отфрлена од сопругот и понижувана од цело негово семејство. Ако им е толку важна таа капка крв нека ја добијат! Во кој век живееме??
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Ке си го кажам мислењето за шиењето на хименот а не одговор на прашањето за темата.

    За мене шиењето на химен е ептен глупост. Да бара некој од мене да бидам невина значи тој самиот е несигурен љубовник. Ова со верата знам како е дека невина мора да си, така е и во христијанството и во исламот. Ај ние христијаните во последните 15 години ретко се наоѓа невина жена па затоа и не се шијат. Ама муслиманкиве ем се скинати, ем се шијат, ем лажат тоа ти е дупли грев (а плус се цело време под стрес) па се надевам дека во скоро време и кај нив ке се смени прашањето со невиноста. Точно дека се избегнуваат фамилијарни проблеми ама ако некако се дознае ептен брука ке биде.

    Никогаш не би си го шиела хименот, некој ако ме сака ке ме сака таква каква што сум, што има бе да го лажам невина сум не знам што. Сум читала дека има жени што тоа го прават на пример на 20 годишнина од брак да го изненадат мажот. Мене лично тоа не ми се допаѓа. Има само еден случај кај што го поддржувам ѓиењето а тоа е ако некоја девојка била силувана уште како мала тоа да се поправи за да се намалат проблемите со кои таа подоцна ке се сретне како резултат на тоа силување.

    Ај ако сум била со 4 5 и за секој ли да го шијам нема да може после кројач да ме зашие.
     
    На prettyrockgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. prettyrockgirl

    prettyrockgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2



    Ептен си во право..го делам твоево мислење ..Само би сакала да додадам дека жените што се одлучуваат на овој чекор барем според мене немаат свое јас и живеат зад некоја маска која кога тогаш ќе излезе на виделина..тогаш мн повеќе би страдале отколку пред тоа и си прават мн повеќе проблеми(никој не ги почитува таквите луѓе) ..а и зошто тогаш воопшто живеат..се прашувам што ќе им е таков живот ако не си дозволуваат да го живеат како што треба???
     
  8. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Мене за оваа шиење на химен ми има кажувано маж ми, но некако не ми се веруваше. Еве сега гледам дека навистина постоело.
    Па добро ако веќе девојчето решило да глуми невина (од нејзини причини) па немора да го шие хименот, нека се преправа онака, па на многу девојки не им течело крв при првиот сексуален однос.
    И баш ме интересира што се случува со тие девојки кај кои немало крв, зарем и нив ги враќале иако се девици?
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ајде бе глупост?! Вие не се ебете бре? Морам вака директно да се обратам инаку неможам. Ете, се ебела она сега се кае и ? Треба да трпи ќотек и перкање по нос? Или вие не се ебете, вие часни и поштени во брак ќе влезете, ајде бре! Тие приказни на друг кажувајте ги, што има врска верата, па тресење глупости и морализирање, ко да вие да бевте на нејзино место немаше истото да го направивте кога ќе го извадевте кантарот да измерите дали е подобро да се извлечете така или цел живот ќотек да јадете и незнам таму уште ти што, да те понижуваат и навредуваат! Многу бре часни никнавте, што не лажете, ајде бре! Лицемерие и контрадикторност до бол! Да му се поврати на човек тоа што го јадел више |(
     
    На kjukli, Lacrimosa и Meggy им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    целосно ја поддрзувам одлуката.
    сите гресиме и оној сто вистински се покајува си ја има сопствената совест. не му треба ниту созалување, ниту осуда а најмалку показување со прст од луге сто се сметаат за подобри(ниту именувам некого, ниту наведувам поради сто,земено како опст пример од секојдневиeто).
    за една девојка да се одлуЧи на ваков Чин(сепак хирурски зафат е) претпоставувам дека последиците од губењето на невиноста мозат да бидат големи за нејзиното ментално или дури и физиЧко здравје.
    сите го немаат луксузот да бидат израснати во едно семејство каде сто не се смета за национален срам губењето на невиноста.
    сите го немаат луксузот првиот деЧко да ги венЧа и сеусте да се срекно вјубени
    и највазно сите го немаат луксузот после тоа да продолзат нормално со својот зивот и да ја бараат среката се некој друг.
    дај бозе за се во зивотот да имасе наЧин да се поправи некоја греска.
    не навлегувам во дискусија за моралната страна на оваа одлука.
    за мене оваа девојка е зртва и заслузува санса за подобар зивот
     
    На Trnche, Breezy и Offspring им се допаѓа ова.
  11. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Е извини офспринг али јас од машка гледна точка може да кажам нешо ? Сега прво викате дека сте феминистки жената у дваесeт и први век треба да биде еманципирана. А каде е во случајов женската еманципација кога девојка која не е невина треба да иде да се шие само за да не и го пукнат носот во име на вера и традиции ? И вие жени тоа го оправдувате ? Со тоа шиење на химен гази и врз традицијата и врз феминизмот во едно. Јас колку шо се разбирам од закони таквото малтретирање врз жена од страна на семејството или мажот е кривично дело нека оди нека пријави а не вака да прави со лицемерие . И не може ништо да ме увери дека е во ред и дека нема друг излез зошто знам случај каде млада муслиманка отворено ова го кажува на семејството и покрај сите ризици и после го напушти домот тешко и беше али го среди животот и сега е мажена за човек што го сака и он неа . Е тоа е прав феминизам и тоа е права жена

    А знаеме дека не идат само муслиманки ради вера да се шијат има многу наши и знаеме од какви причини идат е овие се лицемерки прва класа за осуда . Па јас како машко ако не е невина а јас сум ја сакал одма ќе престанам да ја сакам ако ми каже дека имала друг ? гив ми а брејк Е али ако дознаам вака дека ме лаже со шиење е дури тогаш ќе ја замразам и тоа многу зашо место да е искрена и да ми верува да ми се довери она ме прави будала . Ова имав да кажам
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Еј знаеш што? многу е лесно пред монитор и тастатура овде јас и ти да расправаме што е погрешно, кај нив нема закон, нема кривично дело. Каде ќе иде таа жена ај ти мене кажи ми? Ќе ја тепа, ќе го пријави и? Потоа каде ќе оди, да не ќе ја приберат нејзините дома? Не мешај баби и жаби и феминизам, тука феминизмот и еманципираноста нема никаква улога впрочем незнам ни во кој контекст а и зошто ги вмеша, девојката цел живот ќе биде малтретирана живти Бога, не се прави како да незнаеш како е во муслиманско семејство. Многу е лесно овака одстрана памет да се соли и часност да се проповеда оди прашај ја неа каков ќе и биде животот, прочитај што напиша рок-а-фела назад која ако не се лажам е муслиманка! Заеби еманципираност, принципи и феминизам, тука друго е многу побитно од тоа!
     
    На Golden Rose и Meggy им се допаѓа ова.
  13. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Добро ти така мислиш јас поинаку не мора да значи тоа твоето е точно ги познавам албанците добро зошто живеам во нивно опкружување затоа се вклучив во дискусија им ги знам традициите и не се до толку ко шо ги прикажувате не е ова Саудиска Арабија за некој крвнички да убие ќерка или сестра треба да е психопат и не ги убиваат туку обично ги мажат за разведени или вдовци a ако она знаела дека ќе живее по тие обичаи и ако се согласила на тоа шо не си ги поштовала дури било време па нека си ги сноси последиците јас разбирам да се работи за силување или да е измамена од некого дека ќе ја земе ќе избегаат ајде и да помисли на вакво нешто али од што и се сакало а знаела што носи тоа не. И има врска феминизам со темава како нема поготово за многу од нашите ќе се прават така еманципирани а со шо ти се молам во шо се состои еманципираноста као маживе работат настрана ајде и ние да се работиме добро никој не им брани ама после пак таа пуста желба да бидат невини по втор, трет пат и ајде шиење и готово ќе го напраиме мажот будала и после пак ќе се цивка немало рамноправност жена-маж, тоа за нашите шо прават така а што се тиче до муслиманките тој мажот шо ќе го земе утре ќе дознае од некаде дека била со друг или дека се шиела е тогаш уште полошо ќе си мине. И само без извичници темава е општа шиење химен и кој сака си дава мислење јас си кажав шо мислам глупост треба да се забрани со закон
     
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    не оправдувам,ако добро си ја знаат верата и ако знаат што им следува ако не се невини на првата брашна вешер тогаш треба да се чуваат
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ја оправдувам целосно девојката што се решила на вакво нешто.
    Имајќи ги во предвид муслиманските обичаи, зошто да биде избркана, малтретирана, понижена, кога ете може да и се пружи и втора шанса?
    Јас не викам, да биде со 10 и после секој ајде на шиење, зборувам ако ете, и се случило, па тоа го смета за грешка, а знае дека нема лесно да помине ако после првата брачна ноќ не се види онаа фамозна капка крв.
    Така што, во никој случај не ги осудувам девојкиве, имаат и те како добра причина за да ја направат оваа интервенција.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.793
    зарем е потребно таква крвниЧка заврсница за самиот Чин на сиење на хименот да биде прифатен како неопходен или оправдан?
    не сметам дека се сто е помалку, (вербално или физиЧко насилство) треба како прифатливо да го дозивуваме. коментарите од стилот нека пријави у полиција или слиЧно не се во секој слуЧај применливи.
    -ке зедам само два примери, ај ке оди у полиција оти цело село ке ја зборува одкако ја вратиле по прва браЧна нок и ке се зали.... :?:
    -била млада, наивна, неискусна и поверувала во слатките зборови од некој сто сакал само да ја искористи и потоа ја оставил. потоа се сооЧува со суровата реалност и пага во теска депресија (страв од осуда,одбивање,дознавање....), па ке оди у полиција за да ЧиЧо полицаец направи едéн круг низ нејзиниот крај и да одрзи едно предавање на плостад кои се свакањата на еманципирани европејци кои зивеат во 21 век.
    зарем нејзе и е потребна усте поголема казна од онаа сто самата себеси си ја дала? мојот одговор е не, не се сметам за безгресна или компетентна да пресудам која е соодветната казна кога некој ке згреси, и воопсто не верувам дека средината или наметнатите свакања од некого се тие сто треба да одлуЧат, а девојката треба едноставно да си ги прифати како разумна последица на нејзината постапка.
    демек си знаела сто ја Чека ако има односи пред брак и сега ке си кути и ке си се мази за некој вдовец или оставен...засто си знае дека друг нема да ја зеде.
    не е се во зивотот црно и бело, а најтеско е правилно да се процени карактер, ситуација и услови бас кога е некаде измегу.
    има секакви примери. претпоставувам дека некои сто го имаат спротивниот став од мојот биле сведоци на оваа одлука кога тоа е стоено од Чист каприц или кога девојка си ја пробала и третата, Четвртата...санса
    јас сепак го ограниЧувам мојот став на девојки кои навистина се кајат, имаат силни приЧини за таа одлука и бараат само втора санса... за останатите немам никаков коментар, став или мислење.
     
  17. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Ја уште еднаш ќе прокоментирам и готово. Многу наивно е да мислиме дека стварно некоја била само со еден пред брак затоа шо била заљубена и прелажана со слатки зборои и цмнмки па сега сака да го измие срамот да ја одбрани честа и се друго шо рековте можда има таков случај али генерално не е така. Затос шо сум видел со свои очи примери знам и тоа кај Албанки сум ги видел е тоа се овие шо се шијат. Оние шо биле измамени од љубов и шо се поштени не го праvат. Е како да ги бранам ја таквите женски па и татко и и брат и и цела фамилија ако се психопати ко шо велите вие а не е така , а и верата добро си ја познава па пак си вади очи со кого стигне , али не сега измислиле шиење на химен па после некоја таква ќе глуми најпобожна и најневина од сите Таквите да не ги осудувам ? Ма нека си ги сноси последиците све се врача све се плача . Не може бе колку девојчиња има шо биле прелажани првиот пат па оставени си го носеле товарот иако биле жртви овие сега ќе ги бранам ни лице имаат вистината да ја кажат ни храброст ни почит имаат према традиција ни едното ни другото па ни мажот не си го поштоваат јас сум видел затоа зборам
     
    На DeepBlue му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Абе тоа е личен избор, ама мене искрено никој не може да ми даде контраргумент на фактот дека е чин на нискост, подлост, лицемерие, неспособност да се соочиш со самиот себеси. А колку пак е деградирачки тоа да му го направиш на тој кој утре ќе ти биде маж, тука не сакам ни да навлегувам.

    Општествените стеги си го прават своето, но не за џабе Господ на секој еден му дал мозок да мисли надвор од тие стеги. А и денеска бе да бидеме реални нема некоја гооолема потреба од тоа, далеку е тоа време од она што беше, туку повеќе е затоа што некои сакаат “невино“ да трепкаат со очињата пред мажот, без навреда. Значи, времето и степеност на современост на општеството тука се битен фактор не нечие религиско убедување да се разбереме. Една колешка муслиманка на факултет ми вика „вие сте послободни, кај вас тоа не играло улога“ Е кааако да не. И кај нас имало многу такви случаи, првата брачна ноќ, ќе видел момаков дека портата одамна е отклучена и уште рано сабајлето на коњ ја праќа рикверц кај мама и тате. Значи времето било такво, денеска не е, со секоја чест на оние ептен заостанати исклучоци кои не се многу и искрено не ви требаат во животот.

    И иначе еден куќен пријател ни има еднаш кажано дека ако си доволно искусен апла се приметувало, не знам колку е тоа точно.
     
  19. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Знаев дека постои такво нешто ама незнаев дека постои и кај нас знев дека девојки одат во Турција за таква операција само јас не го одобрувам тоа .Губењето на невиноста е лична работа и ако на некој тоа што јас не сум невина му смета негова грешка тој не е за мене .
     
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Нц.
    Постојат и така наречени бели лаги. Не секоја лага е со иста тежина
    Ете бела лага ти е да го излажеш мажот иден дека ти е прв и сите среќно си живееа, нема тепање, нема уништување животи.
    Друга лаги ти се оние кои веќе му пркосат на законот...
    Сега гледаш како не секоја "ЛАГА си е лага", разлика огромна

    Може лажењето нема врска со верата, ама има мали лаги кои се безначајни, а те спасуваат од непотребни комплицирани проблеми

    Порано имав читано во некоја земја, ич не ми текнува која, ако девојката не е невина, порај тоа што ја враќат дома, па нејзините не ја примаат, а нели тие таму неможат да работат па да бидат самостални.... и тоа не е најлошото, туку има случаи каде им ги сечат вагините, им ги вадат матките и незнам уште што. Не е мојот ум толку болен за да ми текнува на такви ствари
    Биди среќна што не си родена во такво општество, не да солиш памет дека секоја лага била лага. Ма немој

    Лесно е од овој аспект да велиш "јас неможам да лажам, не е убаво....ете ќе и признаам на мама дека и украдов 500 денари од новчаник". Ама кога глупата вистина ти го уништува животот може и друго ќе размислуваш

    И јас би сакала губењето на невиност да е лична работа, и никој никаде да не се замара со тоа, да си биде сопствен избор. Ама додека постојат смртни слуачеви ради невиност, тогаш сум за вакви операции
     
    На kjukli, Offspring и Meggy им се допаѓа ова.