1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шиење на хименот

Дискусија во 'Секс' започната од Anely, 4 јуни 2011.

  1. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ I see sarcasm is not your forte. :D
     
    На tessie, Captain-Omni, sparklie и 3 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Па ако се сошие ,,првиот пат,, ќе заборави дека била силувана? Или планира сериозна врска со некој кого ќе го лаже за таква траума?
    Извини, ама ептен не разбирам. Исто како што не разбирам силиконска муцка.
     
    На vitamina, koritsaki, Petar80 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    А што сте запнале, "не е невина ако и е шиен хименот". Нејзина работа. Ако сака некоја од било која причина нека си направи таква интервенција , не влеговме ние во нечиј мозок па да знаеме зошто го прави. Па и го лаже мажот ѝ. Како ние "поштените" никогаш да не сме го излагале или сокриле нешто од него . Ако со тоа си олесни, избегне кавги, во некои случаи дури и во денешно време враќање назад кај таткото ,зошто да не? Па ако е некое такво муле што повеќе го интересира дали има или нема химен, па и заслужува цел живот да го лаже. Мене не ме потресува фактот што девојките се одлучуваат на овој чекор, ме потресува што на ова современо општество некој сеуште се осудува да бара од нив да се невини.
     
    На MilaP, Petar80, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Па да де, а тие конформистички си прифаќаат се.
    Не сакам измами, во било каква форма, сите правиме грешки, ама треба да си застанеме зад истите, а не да смислуваме начини како да ги прелажеме другите.
     
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.442
    Допаѓања:
    165.424
    Пол:
    Женски
    Да, факт е дека жената треба да се почитува ако има и ако нема химен. Нема врска. За неа има врска од икс причини. Сите знајме како треба да биди ама ете не е и неможиме да форсираме нечие мислење, место да ја осудиме ако знајме мислам дека убаво би било да ѝ дајме одговор. Накратко ние ја обвинуваме неа за тоа што сака да се извај веројатно од тесно (моја претпоставка), а не ја обвинуваме околината која ја обвинува неа зошто хименот ѝ е скинат. Сите знајме дека околината би ја осудувала и сака да си ја спаси глата, а ние ни ја знајме ни ја познаваме нејзината околина за да ѝ солиме памет неа ...
    Разгледај @Mariijanaa назад низ темава сигурно имаат споменато или пак google .. др одговор и немам баш конкретно за тебе.
     
  6. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа, сите правиме грешки, ама некој тие грешки го коштаат прифаќање, брак, семејство. Се додека се немоќни да ја сменат свеста на човекот,посебно во некои религиски групи ќе се одлучуваат за тој чекор. Зошто тоа мене лично би ми сметало? Повеќе пати сум кажала, секој со својот живот нека си прави што сака. Лично и јас не сакам измами, ама добредојде во денешницата, овој свет само на измама и функционира.
     
    На elen4e22 и Petar80 им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Мислам дека нема потреба некого да советуваме и да му помогнеме на некој начин погрешно нешто да направи. Да, ја осудуваме околината, ама со хименопластика не се прави револуција.
    Немањето кичма е тука проблемот, утре може е маж и ќе ја крши од мавање, па наместо да и кажеме како да го остави, ќе треба да ја советуваме како најдобро да си ги нашминка модриците.
    One thing leads to another.

    Душо, ако тој не ја прифаќа без химен, не ни заслужува да му биде сопруга, не е тој за неа. Среќа па има доволно нормални, незабегани мажи и може да бира, без потешкотија.
    Колку и да го сака, ако очекува вакви идиотски работи од неа, подобро ќе и биде без него, него со него. Мечкината услуга не е добра услуга, знаеш.
     
    На vitamina, jacqueline.s, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.442
    Допаѓања:
    165.424
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller не велам дека не си во право, напротив ти си во право. Ама конкретно членката е решена дека сака да оди на хименопластика од некои нејзини причини. Нашите зборови мислиш ќе ја обесхрабрат? Јас мислам не.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Па мислам дека ако чуе мислење на повеќе жени кои не живеат во тој затворен свет, може ќе си ја чукне главата и ќе си ги отвори очите, никогаш не се знае.
    Ние не ја гледаме неа субјективно затоа што не ја познаваме, па можеби баш ние ќе и помогнеме долгорочно да одбере попаметен пат :)
     
    На vitamina, Luna91, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    И тоа дали е или не е за неа ,си е нејзина работа. На форумов често знаеме да солиме памет посебно од теми од кои не сме засегнати. Лесно е да осудиш некој, пробај да го разбереш.
     
    На Petar80, sanjaeva и Abrakadabra им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    И ако ја разберам, треба да седам со скрстени раце и ич да не ми е гајле што скока главечки во бездна? Не знам, можеби само јас така размислувам, па на тотално непознат ќе направам се за да му помогнам, и под помош не подразбирам да го поттурнам, за побрзо да скокне. :?:
     
    На vitamina и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Па знаеш како викаат, помош се цени тогаш кога е побарана. Ако никој не ти побарал помош, нема ни да ја цени твојата ангажираност да помогнеш.
     
    На Petar80 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.623
    Не помагаме за награда, Анел :) Мислам дека е вредно секој да ја посоветува како што мисли дека е најдобро, секој си знае за себе и на крајот секој сам си носи одлуки. Чим стигнала секс да има и да се мажи, доволно е возрасна да процени што е во ред, а што не е.
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    А сестра би советувале да шие химен за да ја земе некој? Другарка ако ја тепа мажот ќе и кажете да трпи и ќути? Ако да, имаме сериозен проблем, ама ако не, не гледам зошто истиот совет не би важел и за непознати девојки. :)
     
    На Luna91, citiesinflames, kim.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Уште да беше вака и се ќе беше во ред. Тука пишуваат различни девојки и жени, не знаеме колку години е девојката, од каде доаѓа, дали ја мажат со стројници и условот е да е невина, дали ќе ја вратат па ќе добие ќотек од татко или брат или полошо парталите и на улица. Не е за сите 21 век, некаде уште 20 не е дојден. Не се сите образовани, еманципирани, доволно возрасни, зрели и слободни (што е најважно) да одлучат да се спротистават на норми наметнати од општеството. Кај некои, ај ќе претерам малку, ама -за живот или смрт се работи, односно до таа кожичка е дојдено дали ќе има нормален живот или не.
    Сега веројатно постојат и такви кои се шијат оти знаат дека сељакот повеќе ќе ги цени ако се "поштени", и види среќа еј, веројатно ќе ја земе за жена за да утре гордо му служи како официјална слугинка дома, или ќе живее како "кралица" оти заслуга нели, скинал кожичка.
    Како и да е, своја одлука е, за абортус не се потресуваме толку па сега оти некоја се шиела. Нека се шие ако сака, и така велиме дека една кожичка не е битна, нашиве момци не смеат да не прашуваат дали сме невини или не, и со колку сме спиеле, така? Како сега одеднаш е толку битно ако таа излажи дека и е прв? Ако јас пример имам спиено со шесторица а на маж ми му кажам 4 или 5, не е исто?
     
    На MilaP, Petar80, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  16. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    Јас сосема ве разбирам што сакате да кажете. За мене е лично неприфатливо некој да побарал такво нешто од мене,ама ние не знаеме ништо за некој од другата страна на мониторот. Можеби нема друг избор освен да живее во таков затворен свет, со догми, предрасуди и џабе ѝ се нашите совети. Всушност девојката не праша дали да прави,туку сака да се информира околу интервенцијата. Значи таа веќе одлучила и вашите совети веќе се осуда, а не помош.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Анелче ние сите не ја осудивме девојкава, туку само врз основ на нејзиниот пост отворивме генерална дискусија за овој проблем и воедно став на девојкиве. И јас се сложувам со тоа дека секој има право на свој живот и свои гледишта врз истиот, само продискутирав дека ете за мене конкретно оваа работа е долна и подла како и за многу други како што и прочитав, што тоа напротив не значи дека осудуваме или наметнуваме нешто на некого, а и тој некого сигурно нема да се ослони на нашите ставови, нормално.

    Јас сметам дека овој проблем воглавно го соочуваат девојките од муслиманска вероисповед кои за жал сеуште се осудени и до ден денешен ако не на друг барем на овој начин да се спасат од своите фамилии и осуди.
    Имам читано и гледано со свој очи што значи да се има закоравена и злобна фамилија, и затоа ваквите девојки до некаде и ги сваќам бидејки пробуваат на некој начин да се спасат самите себеси, секако дека мнозинството не е такво но познавам фамилии кои оделе и одат до крајности.
     
    На Petar80 и anel им се допаѓа ова.
  18. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.938
    Пол:
    Женски
    @vitamina , не реков сите ја осудувате, ама прочитав такви коментари, да не ги цитирам. За мене е долно и подло некој да го бара тоа од тебе и да те цени по тоа дали си легнала или не со маж. Еве тие нашле начин своите "грешки" да ги прикријат за да не бидат тепани, малтретирани, убивани. Пред некое време имаше случај каде родител си ја убил ќерката откако била вратена од нејзиниот маж зашто не е невина. Не се секавам дали беше во Албанија или на друго место.
    Не можеме да знаеме зошто некој го прави тоа. Верувам девојката има дебела причина и ако тоа и го спаси угледот, " честа", животот не ја осудувам. Се додека има мажи кои имаат такви барања, ќе има девојки кои ги прават тие интервенции штом имаат можност за тоа. Всушност ние и не ја знаеме нејзината причина.
     
    Последна измена: 3 октомври 2015
    На theowndemon, Nausicaa, Petar80 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Истото го пишав што и ти само на поразличен начин. :) Точно дека е долно и подло обострано веќе и пишав, и точно дека некои од луѓето од муслиманска вероисповед применуваат драстични мерки на оваа тема, исто и со ова се изјаснив претходно. Мене ми е многу жал за овие нивни случувања и патешествиа но не можеш против луѓето и нивната природа да кажам.
    Да така накратко се сложувам со тебе, а место за дискусија секогаш е пожелно.
     
    На anel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    It is not my problem if you do not understand what i want to say :)
    Moze ke zaboravi :) moze pa toa planira, da go laze toj so koj planira seriozna vrska :) site sme isti? Neee sme isti ;) taka da nekoj gleda smisla nekoj ne 8)
    (Se izvinuvam za latinicata od mobilen sum ukl)