1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ширење на страв и паника на социјалните мрежи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DAngel, 22 февруари 2019.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Денес вест на денот е една вест која створи паника на социјалните мрежи. МВР апелира дека ќе бидат превземени дејства кон граѓаните кои шират паника. Не сум сигурна дали имаме закон за тоа, ама знам дека од соседите, Србија има и редовно водат случаи и заради паника која се креваше за време на поплавите во Србија, и, во последно време особено актуелното заплашување на граѓаните од страна на антиваксерски здруженија.
    Законот предвидува казна затвор од 5 месеци до 5 години.
    Со оглед на тоа што теориите на заговор се особено распространети во последно време, дали мислите дека и нам ни е потребен таков закон или некакви дејства против ширењето на дезинформации на интернет со цел на предизвикување страв и паника? Дали мислите дека кревањето на непотребна паника негативно влијае на ефикасноста на работата на институциите?
     
    На theowndemon, CameliaMiller, galapce и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Секако дека би требало да постои закон за тоа и да се казнува, а дека нешто негативно влијаат на ефикасноста на работата на институциите не би рекла, бидејќи институциите кај нас не ни вршат некоја посебна работа.
     
    На Alisa22, theowndemon, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Ова дефинитивно треба да се казнува само стресови се напунеш а нема врска нешто.
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Затвор не, ама други мерки како да се тргне од социјални мрежи, за некои и 'х' период принудна терапија со стручно лице и природно да се прати некаде во природа..да. :)) проблемот е што, како и се', така и ова би се злоупотребило за политички пресметки и заќутување на луѓе (ал нек се проба). Затворите за други луѓе се.
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На CameliaMiller, galapce, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Апсолутно.

    Се сеќавате во Америка кога некоја секта ширеше паника дека ќе дојде крајот на светот па некои членови ги продаваа куќите и автомобилите а парите ги даваа на сектата за да го платат сместувањето во некои подземни тунели.

    А всушност зад таа секта стои некоја пирамидална шема на компанија која заработува од паниката на луѓето.
    И што се случи? Апсолутно ништо.

    Секоја година ја објавуваа датата за крајот на светот и гледам живи и здрави сме сите.

    Среќа што едно време престанаа со таа фарса.
     
    На bunny19, M&M, christinnn и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Да истото сакав да го кажам нека има казна ама не затворска, реално кај нас ги амнестираа сите криминалци за полесно да им тече бизнисот на институцииве, а сега да ги полнат затворите со луѓе само затоа што ширеле страв и паника на нет НЕ!
     
    На sj *O*, daylight, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  7. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Едно е намерно, организирано стварање паника за постигнување на одредена цел, политичка или небитно каква, каде што самиот поттикнувач има за цел да влее страв а самиот не верува во тоа што го промовира. Тоа би требало да биде казниво, но тоа не е еден статус на фб, тоа веќе е цела пропаганда или како што напиша авторката на темата, теорија на заговор.

    Но она што кај нас се случуваше е само споделување на искуства на поединци во градот, самиот факт што такви негативни случки пријавиле повеќе луѓе створи паника, а не дека некој намерно тоа го иницираше. Плус тоа што МВР не даваше конкретни изјави се додека не се створи таа паника, беше фактор плус.

    Така да, не мислам дека некој треба да биде казнет во овој случај, доколку зборуваме за момчето кое постави неколку статуси, тоа беше целосно добронамерно, а доколку го анализираме секој еден коментар кој некаде, од некого се напишал, тоа е веќе друга работа.

    Во коментари имало и ќе има секакви размислувања, идеи, дури и измислувања, социјалните мрежи ги користат луѓе од 8 до 88 години, па на нас е да процениме која информација ќе ја примиме како веродостојна и вредна за внимание а која не.
     
    На CoCoGiiiRL, Oxymoron, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    тоа е најбитното,да.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.632
    Допаѓања:
    116.213
    Пол:
    Женски
    Не,затворска казна би била премногу за тоа.Соодветна би била финансиската глоба.Но,прво треба да се провери намерата на личноста која објавува такви статуси и коментари на социјалните мрежи.Две-три добронамерни предупредувања за пазење не се за казнување.Треба нов закон.Ако нема задна намера,не треба да се казнува.Но,ако упорно се објавуваат такви работи,треба да се преземе нешто,на пр.,прво усна опомена,а потоа(ако не се престане) да се платат 500 евра како казна.
    Сегашните закони не чинат.Ем се лоши,ем не се почитуваат.Потребна е преработка.
     
    На Crnookata, candy.cane и sanji4444 им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно треба да постои некој механизам со кој ќе се спречи неоснованото ширење на паника на социјалните мрежи - а доколку тоа биде во форма на закон, тогаш истиот треба навистина внимателно да биде осмислен и напишан за да се оневозможи негова (зло)употреба и користење како средство за цензура и заплашување на неистомисленици - како што е случајот со селективната примена на мерки против говор на омраза на социјалните мрежи, за жал.

    Што се однесува до разно-разни личности кои споделуваат непроверени информации од „сигурни извори“, „прва рака“ или „нешто кажано во доверба“, како што се случуваше деновиве, стварно мислам дека МВР треба фино лепо да почне да ги повикува на информативен разговор за да ги споделат нивните „инсајдерски“ информации со органите на власта - тоа е доста лесен и ефикасен начин за да се обесхрабрат непромислени и непроверени статуси.

    Конечно, ако некој навистина нешто знае, негова граѓанска должност е тоа да го сподели со полицијата, а не да лае на фејсбук и да им втерува страв у коски на населението.

    У секој случај, јасно е дека е потребно да се преземе нешто, затоа што ситуацијава е излезена од контрола и за секој следен настан - без разлика дали се сипаници, вакцини или исчезнувања - се крева се’ поголема фама на социјалните мрежи и се шират се’ повеќе и повеќе непроверени или едноставно, неточни и погреши информации.
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На CameliaMiller, galapce, Ketchup и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.210
    Допаѓања:
    124.109
    Има затворска казна. Дуле гледачот од Велес лежеше една година затвор оти рече дека ќе има земјотрес и пола Велес спиеја у дворови, а тие од зградите во кола. Прост народ, ама затоа имаше и пријава.

    Треба затвор да лежат и овие со вакцините, што прават паника како Јаре и оној Ценѕатруон оти оо нивна директна вина умреа 3 деца. Истите паничат и во групи и колку што сум информирана се спрема и за нив пријава. Тоа адмимите би требало да знаат.
     
    На CameliaMiller, dunika, Ketchup и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до антиваксерите како група која го загрозува јавното здравје (посебно на деца), и оние примери како погоре споменатите „пророци“ на апокалиптични сценарија (најчесто со религиско-фанатична нота) и тоа на сред некоја природна непогода - сум и за (минорна) затворска казна, колку сака нека звучи радикално. И оној Владо Павлов на пример требало да го снајде истото како Велешанецот што го спомнувате. Тоа се штеточини за општеството на различни начини.

    Исто така, да се презема нешто и во врска со оние што по социјални мрежи при згустување на политичката/меѓуетничка состојба повикуваат и алудираат на конфликти и војна - секако, од било која националност, а посебно јавните личности меѓу нив.

    А во врска со актуелниве случувања со исчезнувањата, најмногу ми падна во очи онаа апла лажна вест од рандом жена што тврди дека на една од починатите ѝ се извадени органите :|, и сметам дека за таков тип изјави кои вирално се шират - треба да се контактира со опомена авторот.
    На другиве обични луѓе кои паничат и на разни ситуации почнаа да гледаат со страв - им треба само разбирање, психолошки совет и смирување, бидејќи првенствено себеси си штетат со толку стрес.
     
    На CameliaMiller, galapce, Ketchup и 12 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Ова не сум знаела. Вчера копав малку, да се потсетам на слични ситуации од претходните години. И наретав на вести од земјотресите во Охрид, кога се прошири дека во 13:00 часот ќе има земјотрес и цела администрација беа пуштени да излезат од работа. Следеа изјави да не се шират паники, дека никој не може да предвиди каде и кога ќе има земјотрес, најмалку пак до точен саат.
    Вчера ми излезе видео за ХПВ вакцината, споделено од учетелка во основно, лајкнато уште од 2, не видов од каде го споделила. Во него некој американец збори дека ХПВ вакцината била за масовна контрола на населението, дека секоја девојка што примила ХПВ ќе биде неплодна и 90% од нив ќе умрат од рак. Многу гадна изјава, утре некоја стварно ќе се бори со неплодност и ќе си замислува во глава дека сѐ е поради вакцината.
    Дечкото кој што излезе со првата вест "Бидејќи МВР не работи, јас ќе изезам со анализа и ќе ви кажам зошто мора да биде трговија на органи" бил повикан на информативен разговор во МВР вчера. Ептен убаво го обработиле, што ни сам не e свесен за тоа. Му барале да ги покаже сите пораки што му ги пратиле и "заедно заклучиле" дека во нив нема никаква битна информација според која нешто би изгледало сомнително. Се направиле дека го викаат да им помогне во истрагата, дека и тие се загрижени. И псоле му рекле, ништо, не може да ни помогне ништо кога немаш ни една информација, ние баш мислевме дека имаш :( и го пуштиле дома, му рекле друг пат кога некој ти пише речи им да пријават, па не јадеме ние луѓе :D
    Денес сите 3 објави од дечкото се исчезнати. Вчера беше пишал дека според тоа што го видел МВР многу добро работело. Го обработиле ептен, жити се, се прашувам психологија да не имаат тие инспектори завршено :D
     
    На CameliaMiller, dunika, M.B. и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @DAngel, најголемиот проблем со интернетот (секаде, а особено кај нас) е тоа што практично секој може да напише и каже што сака без да сноси никакви последици за истото.

    Без разлика дали кои се мотивите на луѓе што споделуваат непроверени и неточни информации на социјални мрежи, мислам дека секој ќе размисли два пати кога ќе знае дека тоа нема да помине туку-така - макар и да е у прашање информативен разговор, што у случајов е скроз на место реакција.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Многу ми се допадна реакцијата, ептен, алал нека им е.
    Едно е што постираат вести од загриженост, од паника, па не бираат. Рабоатта со дечкото очигледно беше желба за популатност, да се игра детектив и премногу изгледани детективски серии. Влезе во филм дека е некој херој кој ќе реши случај за кон ни полицијата не знае дека го има. Стварно треба матичен психолог да се воведе, со задолжителни посети барем еднаш годишно.
     
    На CameliaMiller, Oxymoron, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Normalno ke sirat strAv na socijalnite mrezi i ke isceznuvaat luge koga mn luge gi snema i gi snemuva i se plasat da izlezat nadvor zs se zatvorija vo ovoj virtuelen svet haha zivotot stana tel kompjuter....... Eeeej sto stana svetot:puke:
     
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ширењето на лажни информации без никаква основа и докажаност, и кои најчесто се пропратени со предизвикување на страв и паника меѓу луѓето од секогаш била доста позната карактеристика.

    Всушност, овој вид на однесување се манифестирал уште во антично време, на пример кога во 13 век п.н.е. Рамзес Велики почнал да шири лажни информации дека ја победиле битката кај Кадеш со Еѓипќаните, а во реалноста битката била договорена да се прогласи за нерешена.

    Како и да е, во модерното време каде социјалните мрежи се доста употребувани од страна на луѓето, се смета дека секој човек има право да го споделува сопственото мислење.

    Меѓутоа, постои разлика кога тоа право станува сериозно кривично дело, и може да предизвика вознемиреност меѓу народот, како што е познато дека лажната вест секогаш се проширува побрзо отколку докажаната и официјална вистина.

    Лажните вести постирани на социјалните мрежи можат да бидат од најразличен карактер (кривичен, политички, научен, медицински...) и факт е дека истите се присутни скоро во сите држави.

    Постојат начини како да се реши овој проблем, но истиот не е толку едноставен бидејќи поради вклученоста на различни аспекти и интереси, не се доаѓа до едногласно решение.

    Што се однесува до предлогот за механизмите да бидат во форма на закон, како што @Bender Rodriguez претходно спомена, всушност веќе постои посебен закон кој се нарекува Cybercrime Law, и истиот регулура и случаи каде се злоупотребуваат социјалните мрежи. Додека овој закон е застапен и во Канада, не сум сигурна дали овој закон се применува и во Р.М.

    Всушност, социјалните мрежи претставуваат само еден елемент за да може лажната вест да се прошири. Тоа е прикажано со триаголникот за лажни вести:

    upload_2019-2-23_15-26-25.png


    Сепак, сметам дека освен одредбите на Cybercrime Law, треба да дејствуваат и основачите на социјалните мрежи (како што е Facebook) преку кои се објавуваат и се шират лажните вести.

    Проблемот е што тоа најчесто не е случајот, како што Марк Цукерберг, на пример, два пати одбил да се појави и да дискутира за случајот кога личните податоци на повеќе од 600.000 канадски Facebook корисници беа изложени.

    https://www.theguardian.com/technol...-news-inquiry-the-countries-demanding-answers

    Што се однесува за случаите кои моментално се актуелни во Македонија, несомнен факт е дека неиформираноста и ширењето на лажни и неосновани вести е многу широко застапена. Без разлика која и да е причината за ваквите постапки, треба да се воведе законот за сајбер-криминал, како и санкционирањето на сајбер-кривичните дела.

    Како што кажав и претходно, знам дека овој закон се применува во Канада, но според горенаведениот пример, дури ни Канадскиот Парламент не можел многу да придонесе. Ова значи дека дури ни овој закон не претставува целосна гаранција, но дефинитивно може да има позитивно влијание за одредени ситуации.

    Доколку македонскиот народ би знаел, односно би бил свесен дека во државата постојат закони и одредби кои го санкционираат ширењето на (вознемирувачки) лажни вести, луѓето сигурно би размислиле два пати пред да напишат или споделат некоја неоснована и недокажана информација.

    Во спротивно, луѓето само се охрабрувани да продолжат да шират лажни информации и со тоа да предизвикуваат вонземиреност меѓу народот бидејќи согледуваат дека не трпат апсолутно никаква штета или последици од нивните нехумани и бесчувствителни дејствија, кои патем и го повредуваат идентитетот, честа и достоинството на жртвите.

    А што се однесува до луѓето кои навистина веруваат во лажните информации кои ќе ги прочитаат на социјалните мрежи, а притоа почнуваат да паничат и да се плашат, би ја оправдала нивната реакција само доколку тоа би било нивниот единствен извор на информации.

    Но како што е факт дека МВР и останатите државни органи и институции објавуваат официјални податоци за настанитете, а народот одбива да верува во нив, или тие извори очигледно не им се доволни, тоа значи дека никој друг не е виновен за стравот и паниката - самиот народ свесно се доведува во таква ситуација.

    Можеби народот и нема доверба во државните органи и институции, но сепак е очигледно дека тие извори се многу повалидни од оние "сигурни информации" кои може било кој да ги објавува, дури и во подбивна намена, а тие во секој случај нема да го препознаат тоа.
     
    На Alisa22, BoneMachine, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Немаат завршено психологија, тие инспектори работат со закани и уцени, од една страна греота дечкото којзнае колку го имаат малтретирано(не мислам физички). И тебе ако те затворат таму и те испрашуваат воедно и ти се закануваат ќе видиш како добро обработуваат и дали имаат завршено психологија.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.924
    Си била таму во конкретниот случај, па знаеш? ;)
    Јас пренесов што кажал лично дечкото, повеќе не знам. Ако е така како што кажува - однесувањето им било многу на место.
    Нити јас ни ти не знаеме повеќе од тоа.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Во случајов не сум била, ниту знам а и не ни знам за ситуацијава воопшто, но лично јас за мои работи што сум била у станица и испрашувана многу добро знам како работат тие инспекторчиња.
    Те заплашуваат со закани и после е лесно.