Тоа е ограничување на слобода на говор. Што за нив претставува невистина? Прво нека го дефинираат тоа. Истовремено нека дознаат како исчезнатите лица после неколку месеци се најдени мртви на различни локации па после нека брмчат по тв.
Јас мислам дека во најголемиот дел, треба да се влијае на едукација на населението. Многу неписмен народ сме. Да знаат како функционираат некои работи (дека изваден орган мора ВЕДНАШ да се пресади), да знаат да препознаат лажна/сензационалистичка вест, па дури и да знаат како да се заштитат во случај на напад, итн. Сето ова во обид да се крене довербата во институциите. Дефинитивно не помага тоа што постојано имаш чувство дека државата и сите органи те оставаат на цедило но нејсе, друга тема е тоа. Блиска личност работи на кампањи за медиумска писменост и податоците што ги добиваат за обработување се благо кажано, страшни. Не знаат да препознаат лажна/вистинска содржина на Интернет, не знаат што е медиумска писменост, не знаат како да проверат веродостојност на факти, не знаат како да користат пребарувач за да дојдат до вистинската вест. Дури имаше едно прашање, како препознавате лажна вест и одговорот беше - ако многу луѓе на социјалните мрежи зборуваат за тоа, вистина е. И ова не би ме зачудило ако станува збор за повозрасни особи но зборуваме за млади лица, средношколци и студенти, генерација З што веќе пораснаа со мобилен во рака. Можете да замислите како сето тоа му изгледа на просечниот Македонец што не е дигитално образуван.
Секој орган, што може да се пресади од едно на друго човечко тело, со најблизок генетски состав, може да биде и до неколку дена во специјални преносни комори кои органот го чуваат замрзнат. За тоа со рекла казала друг пат но за органи и трансплантација, постојат милиони објаснувања на интернет како оди цел процес. Плус тоа дека веднаш мора да се пресади, не баш. Еве нешто во полза на твоите тврдења, донаторот и примателот треба да земаат некои терапии и лекови подолго време за сето тоа да биде во ред што претпоставувам дека сепак (ретко грешам во овие претпоставки) поголеми се шансите да станува збор за сатанистички ритуал отколку за вадење органи. Не се исклучува можноста и од самоубиство. Господ и институциите знаат најдобро. Кога сме кај лажните вести, тоа стана добар бизнис. На запад. А кај нас, добар извор на глупаштини.
Ако е поврзанп со секташи и сатанисти, ќе беше многу поексплицитно ко со мачето во Драчево. Тие луѓе го прават тоа за да се види не за да го фрлат после телото негде без трага.
Ова е многу битен дел. Не знам врз кои параметри може да биде одредено, дали е нешто казниво, а нешто не.
Просветли нѐ со факт и знаење а не со навреди! Дај некое објаснување со кое би докажала дека ja nishto ne znaem. Најлесно е човек да прдне или да рече "тресиш глупости" за нечие мислење произлезено од разговор со професионалец во одредена област!
Кој е тој професионалец, интернет? Пресадувањето на органи е комплексна процедура, факт. Со тоа што се работи за рандом луѓе, од каде знаеме дека си одговараат генетски примателот и донорот? Дури и во тие специјални преносни транспортери органот не може да живее повеќе од неколку часа. Така што, паѓа во вода целата теорија на заговор дека пронајдените тела се жртви на трговија со органи.
Сето ова што се случуваше факт е дека се крена голема паника, но и дека позади се има нешто тоа е сигурно, барем од моја гледна точка. Луѓе сме, едно ќе слушнеме 3 ќе додадеме и приказни колку сакаш. Но јас би сакала да прашам нешто, гледам погоре сте пишувале за пресадување органи. Па ме интересира за ова што сте го пишале, пред трансплатацијата примателот и давателот требало да примаат некоја терапија. Како тоа тогаш некој што потпишал дека по неговата смрт сака да ги донира своите органи, тие органи може и се пресадуваат на 3 лице? Не ме напаѓајте, само прашувам ако сака некој да ми одговори кој знае.
Тогаш како по светов се апсени стотици мафии кои тргувале со органи вадени на киднапирани луѓе? Еве чичо ќе ти каже. Ме собираат рандом, поим немаат за крвна група, вадат сѐ, складираат и ги споредуваат составот и крвната група со нивните меѓународни партнери (пример жута куча на Косово) и за ден два наоѓаат примател на одредени органи. Тоа со антителата и терапиите ти е познато, јас neznaem medicina е сега, пола сум убеден дека не им се вадени органи, пола не сум. Значи 50-50 за исчезнатите. Очекувам некој смрдеж од МВР да излезе и да рече еј, тоа и тоа се случило, еве докази.
Мене пак баш ми се добри овие со лажните информации и теории на заговор..Ама луѓево никако да сфатат дека се е лага, никако да сфатат дека се овци и да се освестат! Дозволуваат интернетот и телевизијата да раководат со нивните животи. А мене главата ме боли објаснувајќи им, па уште ме прават будала. Ако можеби им е полесно да се луѓе без никакво мислење. Ама засекогаш ќе бидат овци-луѓе! А во многу мал број не има нас црните овци кои исклучуваме на ваквите работи. И се гордеам со себеси што никој не ми го води животот туки самата јас!
Како дојде до тоа дека немаат завршено ништо? И тие инспектори што не се со факултет, имаат премногу работи научено од ИСКУСТВО. Веројатноста некој да се заканува е мала, а всушност и не е закана да ти каже со какви правни последици може да се соочиш ако не соработуваш со нив. Секое повишување тон, секое прашање си има своја намена.
Професијата и терминот „инспектор“ стана синоним за корумпирано, алчно ѓубре кое е спремно да направи сѐ, по секоја цена, за кеш плус. И тука веќе не е важно ништо останато, не важат закони на системот, закони на природата, ништо. Нивното т.н. искуство нека си го набутаат, луѓе испострадаа а нив баш ги брига боле.
Страшно е ова што се случува. Прво мислев дека се лажни објави, ама не било така. Кај мене во маало веќе извесно време се движи сомнително возило. Внимавајте каде се движите и со кого комуницирате.
И јас сум била во станица, и кон мене беа 100% коректни, млад инспектор го водеше конкретниот случај, можам да кажам само секоја му чест, успеа да затвори улични мафијаши и силеџии што си години "амин" им викаа. Да не испадне одма сдс бранам, настанов и апсењето беше х години и опозицијата денешна тогаш беше на власт.
Денес се враќам од работа, сопира кола, двајца напред жена назад, викам еве сценариото. Жената убрзана, јас и еден стар човек на улицата, јас си продолжив напред кога почна да застанува. Вика жената: "извинете, извинете, само нешто да ве прашам, каде е тука тоа и тоа." Слушам дедото се мачи да разбере, се завртев и и подвикнав "таму и таму". "Леле девојче, фала ти најмногу" и си продолжија. Викам, толку заблагодарување, кој знае колку избегале кога застанале да прашаат за насоки.