Широки листови на нозете

Дискусија во 'Тело' започната од goldenpearl90mr, 18 јуни 2010.

  1. goldenpearl90mr

    goldenpearl90mr Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Barav i ne najdov vakva tema, dali ima nekoj kako mene sto go ima istiot problem?? Imam siroki listovi odnosti imam golem muskul dolu na nogata.Toa mi e kompleks postojano se gledam vo ogledalo i mi preci..Nozete gore ne mi se slabi ama mi se normalni a poradi goleminata na listovite tie mi izgledaat pogolemi podebeli. aj pls pisete nesto..pozzz :)
    [mod-kirilica:3ujvqp70][/mod-kirilica:3ujvqp70]
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.346
    Пол:
    Женски
    goldenpearl90mr гледам дека си нова, ама три пати истата тема во рок од 10 минути ??? :^)
    Им отвори работа на админките. :)

    А во врска со нозете мислам дека тоа ти е дел од твојата конституција, еве јас на пример имам стомаче, никако неможам да го израмнам стомаков, некои пак природно имаат рамен стомак. Така да не занам што да ти кажам, може да ги масираш листовите, да не возиш ролерки и да не се секираш многу, не е страшно. :)
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.305
    Допаѓања:
    81.975
    Пол:
    Женски
    А зошто не обрнуваш внимание на оние делови од телото кои ти се убави? Истакнувај ги нив, па нема да дојдат до израз твоите листови. Инаку, така си градена, таква ти е конституцијата, и тоа не можеш да го промениш, освен ако направиш пластична операција (за која што сметам дека и нема потреба). И не верувам дека некој друг освен ти самата ги забележува твоите листови. И веројатно ти се сразмерни со ногата. Инаку, и јас имам поизразена мускулатура на нозете, па ајде сега што - ако се отепам од вежбање, изгледам како фудбалер на натпревар |( затоа и не правам некои особени вежби, само масажи и малку кардио вежби кога ќе ми текне, колку да не ми се опуштат мускулите.

    Ние женските си имаме проблем - сликата во огледалото не е онаа што ја имаме во главата. Кога ќе застанеме пред огледало, не го гледаме она што е убаво на нас, туку прво го забележуваме она што мислиме дека не чини. Наместо да гледаме целосна слика, ние се фокусираме на еден дел и нас тој дел ни ги замрачува останатите делови, изгледа поголем и го сфаќаме како проблем. За разлика од нас, мажите ја гледаат целосната слика - целосно, од глава до петици - и верувајте, многу потешко ги забележуваат оние работи што ние мислиме дека не чинат. Треба да се потрудиме да ја гледаме целосната слика во огледалото (ама тешко е пусто :D )
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goldenpearl90mr

    goldenpearl90mr Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Stvarno mi pomogna.. go potvri ona sto go velat site moi bliski deka drugite ne go ni zabelezuvaat toa..A inaku jas nemam svoja slika vo glavata, postojano mi se menuva nemozam da se vidam kakva sum jas vistinskata, nekogas se gledam debela a ponekogas sum si super :).. Preopteretena sum .. No ke probam da go zasakam moeto telo takvo kakvo sto e, pa ne sum do tolku zanikade :) :) Fala ti mnogu vo sekoj slucaj :) :D
     
  5. Marge

    Marge Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    194
    Леле и јас го имам истиот проблем...фудбалерски мускули...наследство од татко ми :) Незнам за тебе,ама моите се доста големи,дури имам и стрии на нив,а на други делови од телото немам,дури ме болат кога трчам,ми тежат :@ ама тоа е што е,незнам како да ги средам,мислам дека нема начин,освен пластична операција,ама за тоа не верувам...како и да е прифати си ги такви какви што се,мене ми сметаа многу порано,ми беше глупо дури и да се облекувам во кратко,мислев дека паѓаат во очи(и паѓаат додуша :D ) ама тоа е што е...сега се зезам на сметка на моите фудбалерски мускули :D
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    Нема што да се пише, таква ти е градбата. Јас имам супер нозе, сестра ми има машки фудбалерски листови. :/
    Како што веќе е пишано пред мене, фокусирај се на дел од тебе кој ти се допаѓа. Сите имаме маани. Јас имам стомак кој никогаш ниту бил рамен, ниту пак ќе биде. :D
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.874
    Пол:
    Женски
    Да се придружам и јас на групава. Широки листови имам, а и тоа што одев едно 8 години на играорна, уште толку ми се зацврстија. |( Не знам, јас стварно се мислам на некој хирургиски зафат, ќе се распрашам зашо многу ме нервираат. А облечам сукња, и цело време си викам како ли изгледам одназад и се ѕверам цело време во огледало. |(
    Стварно, би можело хируршки да се направи нешто? :D
     
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    1.424
    Леле мојот вечен проблем,и јас имам широки листови и мн се нервирам,наместо цевка фармерки секогаш купувам прави,ама мене ми стојат како цевка долу во листовите,а цевка нема шанси да облечам не ме собираат и чизми високи со патент воопшто не ни можам да ги закопчам,ама тоа е, а и плус на играорна што одам толку многу години усште толку ми е оформено и мене топ,уште повеќе се познава :worried:
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    Јас имам такви листови од тенис :@
    На живци ми одат.Лакримоса ако најдеш решение, обавести :D
     
  10. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Јас од од порано тренирав ракомет и нон стоп вежбав и нормално ми се зголемија малку листовите,Но не сум прекокупирана со нив,мислам дека ми се нормални ни мали ни големи АМА КОГА КЕ ГО СТЕГНАМ КАМЕН Е :lol: :lol: :lol:
     
  11. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Јас одев на играорна 6 години, и од тоа ми се толкави. многу ме нервираат...од страна да ги гледаш се убави, ама од напред или позади , подобро ич да не ги гледаш :envy:
    нема спас :(
     
  12. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    а јас сирота сто да кажам... :) број 40-41 помал не, широки листови и јас ги имам и многу ме нервираа порано ама сеа некако не знам, ги осеќам како мој препознатлив знак и мн не се секирам...ама ко ќе дојде време за балетанки или сандали е тогас...срам ми е да се појавам негде..ко гуливер татко да ми е :rofl: :lol:
     
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.594
    Допаѓања:
    3.955
    Јас па имам нозе како стапчиња (од колената па натаму особено) и уште криви :fubar: а истакнати и дебели листови, имам мускул бре ко фудбалерине. А мислам дека знам и зашто, порано одев многу неправилно мада и сега одам така, ама порано ептен беше истакнато, како да кажам.. одев повеќе на прстите и потскокнував при одењето и затоа ми се сега мускулести нозете.. И да, многу ми се допаѓаат нозете кога си ги гледам од страна, ама од назад а уште повеќе од напред.. ауу не!
     
  14. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    678
    Леле што го прочитав ова, одма ми се слоши кога си ги погледнав нозете во огледало :puke: али јбг нема што да се стори во врска со тоа така - цел живот се трудам да се утешам, но штом облечам сукња се враќам во реалноста |(
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    1.286
    Женички ,убаво е да имате цврсти листови.
    Нека се дебели ,па што?
    Јас кога ќе ја превиткам ногата за да згазнам или кога ќе облечам штикла ми се оцртуваат сите Божји и вражји мускули на потколеното ,па што?
    Јас искрено се гордеам со тоа ,ма колку и да делува фудбалерски!
    Сакајте го она што е ваше и бидете задоволни што не ви се виснати и растресени ливчињата ,мускулот во најмала рака изгледа здраво и привлечно.
     
    На machorka и XMaN им се допаѓа ова.
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    2.335
    Широки и добро оформени листови на женска нога се баш убави и непотребно си набивате комплекси. Може баш на вашиот дечко да му бидат омилен дел од телото :).

    Балерините имаат прекрасни нозе а листот е нормално да е поширок од коленото ако девојката вежбала и тоа е нешто за гордост а не за срам :).
     
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.377
    Проблем? Мене не ми е проблем. :?:
    Тие мускулите се последица од пливање, и баш ми е интересно, не ми пречи. Дури еднаш една жена ми даде комплимент, и ми рече дека сакала да има такви нозе. :lol:
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.514
    Јас па обожавам убави, навежбани листови на женска нога. Ми делуваат многу поубаво отколку обични стапчиња. Моите се средни, накај мали, изгледа ни е во пустата женска психа секогаш да го сакаме она што го немаме.

    Како и да е, треба да сте задоволни од мускулчето, барем мене преубаво ми изгледа. :)
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.260
    Будалчиња сте вие, јас сакам кога гледам убаво оформен лист кај девојка и кај момчиња, а и тоа најчесто се девојки кои вежбале, а секогаш почитувам цурки кои се грижат за своето здравје и тело.
    Вие самите се комплексирате мислејки дека листовите не ви изгледаат убаво, мислете позитивно, мислете дека други девојки сакаат да го имаат тоа ноже и покажувајте го, не го сокривајте во фармерки.
     
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.001
    Допаѓања:
    787
    Имам оформен лист, и не само лист, општо нозете. Имам вежбано, а и откако престанав се`уште пешачам до бесвест и одам на штикли половина од времето. Баш си ги сакам нозете, не ми се манекенско-слаби, таман се и прави, и ги обожавам. :) Без комплекси, заљубете се во себе, во секој дел. Завидливоста нема да направи никој да изгледа подобро, само сигурноста во себе и осмех на лице, и нема никој поубав/позгоден. :)