Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Широки листови на нозете

Дискусија во 'Тело' започната од goldenpearl90mr, 18 јуни 2010.

  1. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Браво девојки дека така размислувате, убаво оформен и развиен лист не само што ја подобрува естетиката на целата нога туку дава стабилност и на целото тело :) .

    Единствен проблем ако девојката се изнервира па те клоцне е тогаш боли повеќе :lol:.
     
    На JovanovskaS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.924
    Допаѓања:
    81.208
    Пол:
    Женски
    Моите листови на нозете се средни, меѓутоа си ја имаат таа фудбалерска жичка кога се качувам на штикли, е тогаш доаѓа до израз мускулчето, ама малце, не е кујзнае колку и не се приметува многу однапред, ами позади и тоа ептен ако му се загледаш :D
    Е сега, нормално дека прво ми беше комплекс, ама се навикнав и еве, кога го прочитав насловот на темата се изнасмеав фино лепо и ми текна на комплексите од 8мо.
    Сакајте се онакви какви што сте, без разлика на вашите недостатоци - некој можеби баш токму тоа што ви создава комплекси го смета за најубавото нешто на вашето тело/лице. ;)
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.426
    Допаѓања:
    91.527
    Пол:
    Женски
    Немам широки имам прешироки листови. Ногата од напред не ми изгледа лошо ама од позади на штикла охохо :lol: огромни се. Немам никогаш вежбано, освен ако влијаело на нив постојаното носење на топуци. Не вежбам, зошто не сакам цело тело да ми стане мускулесто. Доста се нозете. И мене ми се комплекс ама по многу позитивни коментари посебно од девојки сега почнав да ги сакам. :$
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Кога сме веке кај широките листови на нозете се приклучувам и јас на оваа група :lol:

    Си ги мразам што викате, и јас кога сум на високи потпетици се чувствувам како машко на потпетици кога ќе ги погледнам во огледало но не сме правени под калап ние си имаме широки лисови на нозете,некои имаат стомачиња,некои бутчиња и кога гледаш сите имаме маани...

    Да се тешиме можеби во иднина на некој ке му текне да најде лек и за ова наше комплексче :P
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Имам и си ги обожувам! Не ми се комплекс воопшто, и искрено кога ќе видам девојка со убав оформен лист се воодушевувам..
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Од денес па натаму и јас си ги сакам,благодарение на иксмен ;) ...поготово на штикла како убаво доаѓаат до израз!Уште вечер ќе си го облечам најкраткото фустанче и највисоките штикли (15ка)...еее што убаво кога вака ќе ми почне денот уште по сабајле :) :rofl:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Порано многу, ама премногу возев точак секој ден по цел ден што се вика. И на кеј и низ маало, па дури и дома на статичен! И ОП одеднаш ми никнаа позади не мускулчиња туку МУСКУЛИШТА. Прво ги мразев не носев сукњички (негде 7мо-8мо одд беше) па дури и еден копук што го откачив ми рече дека сум имала фудбалерски нозе
    .!.
    признавам тогаш ми наби комплекси уште толку ама од кога потпораснав воопшто не ги ни приметувам. Сега на пример сфаќам дека се можеби поразвиени ама не се енормни ко што ми се гледаа тогаш. А и јаки се, кога ќе стегнам мојот лист е појак од оној на дечко ми 8) :lol: Па нека ме изнервира сега некој ако смее, ќе добие сочна клоца на болно место :muscle:
     
  8. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Имам и ми претставуваа трн у око се додека не се качив на високи потпетици и не видов колку всушност прекрасно изгледаат! Убаво оформени плус на високо,екстра! Си замислувам колку всушност лошо изгледа да се качиш на штикла а да имаш тенок лист! не бива,така да девојки каков комплекс уживајте и гордејте се со вашите нозе!
     
    На Jelena23, EnnieFabulous и XMaN им се допаѓа ова.
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Истото што сакав да го кажам го има веќе кажано Џоја.
    До градбата е. Еве, мајка ми е крупна жена со 90-тина килца, па има потенки листови од мене.
     
  10. capricorn.m.gi

    capricorn.m.gi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    омг...ми се плаче кога ке си ги видам нозете,до колената ми се супер,ама од колената па надоле-одвртна сум,да сум како мајка ми не сум,затоа што таа е обратна од мене.Срам ми е да облечам кратки панталончиња....веке сум изморена,ако некоја феминка знае нешто нека каже....унапред фала
     
  11. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    и јас имам широки листови, :$ порано имав комплекси околу тоа ,сега не ,никако не носев сукњички,сега си носам али не често ,нонстоп сум во џинс поради нив,
     
  12. Eli-.-s

    Eli-.-s Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Го имам истиот проблем ...пробав секакви начини, и да ти кажам успев само со едно нешто..
    Држење диета и со тоа тие стануваат меки и паѓаат надолу кога ја добив посакуваната тежина тие биднаа
    меки многу и бев на фитнес и ги зацврстив и сега е одлично :)
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Немам широки листови.Ама вака кога ќе ги видиш на девојка на штикла привлечно изгледаат. :$
    Треба да си се сакаме такви какви што сме ~
     
  14. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    И јас имам широки листови на нозете, и моментално ми се комплекс многу си ги мразам :@ :@ :@
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    И јас имам широки листови на нозете :) и воопшто не ми сметаат, ги сакам :D Додуша цело тело си го сакам :$ :D
     
  16. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Ај дајте слика што сметате вие за широк лист? :?:
     
  17. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Ми останаа мене големите листови од тенисот на времето долго време тренирав и со здравје да си ги носам...ама па што затоа си имам убаво тело и не ми се комплекс воопшто.. таква е градбата што можеш тука.. :$ Воопшто сега не им обрнувам внимание...мене цели ноѕе ми се крупни и иам често проблем со фармерки купување хахаха :D
     
  18. Simplicity

    Simplicity Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    534
    Еве, и јас да ги пријавам своите фудбалерски нозе :D
    Кога ќе се погледнам во огледало, малку ми бодат очи, ама, што е - тука е :D
     
  19. Jelena23

    Jelena23 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    И јас сум со ист "проблем" ама никогаш не ми сметало тоа, а и мислењета се доста поделени, додека едни ги викаат фудблаерски, на другите многу им се допаѓа, бидејќи немам проблем со тежината, им замижувам на листовите, и си носам фустанчиња и сукњи без проблем. Какви сме такви сме ;)
     
  20. izgubena5555

    izgubena5555 Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    14
    друго е нормално стегнати листови кај женско од вежбање, а друго е големи листови малце се мешат поимите гледам....