1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Широк повој

Дискусија во 'Бебе' започната од flowergarden, 26 мај 2012.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Дали практикувате и дали вашите ортопеди/педијатри го препорачуваат?
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    За малата, значи пред 6 год., користевме широк повој и тоа по препорака на ортопед.
    Ја носев на ортопед во Ремедика (има ортопеди и во поликлиниката Јане Сандански, ама тогаш имаше многу гужва и многу се чекаше на ред и покрај тоа што имаш закажано, па затоа ја носевме во Ремедика), една д-р беше тогаш искрено не се сеќавам на името, и таа ми препорача да и` ставам прво нели памперс пелена, потоа една т.н. шведска пелена свиткана на 3 пати и една 8-ца пелена.
    Мислам дека одевме еднаш месечно за преглед на развојот на колковите и широк повој и` ставав на малата заклучно со 5-от месец. Потоа самата д-рка ми рече дека немало повеќе потреба од широк повој и бевме само на памперс пелена.
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мојот син кој сега има 7,5 години носеше широк повој ,ама Фани гаќички до 5 месеци. Прво го носев во мајчин дом до 4тиот месец ,а на петтиот и потоа кај Видоевски и тој уште одма ми рече да го тргнам повојот затоа што нема потреба од него. Сега ќерка ми која за некој ден ќе прави 6 месеци уште одма(првиот месец) ја однесов кај Видоевски и откако ја виде на ехо ми рече дека нема потреба од широк повој затоа што колкчињата се во ред и дека само памперсот е доволен.
    Во принцип ако го носиш детето во мајчин дом таму препорака од сите доктори е широк повој до 5 месеци ,а ако има потреба и повеќе,а кај Видоевски/Аневска нема широк повој. Искрено не знам што е добро,а што не ,но јас сум од оние типови кои го слушаат советот од доктор бидејќи верувам дека знае што прави .
     
  4. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Во мојот град сите ортопеди препорачуваат широк повој, и тоа памперс, три тетра пелени, и шведска пелена (осумка, претпоставувам, некои овде на форумов ја викаат). Двете мои деца многу малку носеа широк повој. На првото му ставав, памперс, една тетра и шведска, и тоа само месец дена. Потоа фатија жештини и повеќе не му ставав. А на ортопед ми велеше докторот, супер сте, само така продолжете. Се разбира нему му велев дека носи широк повој за да не ме кара. :D Е сега и со второво иста песна, само што тоа носеше два месеци широк повој со една тетра и шведска, пак додека не се стопли времево. Досега сме биле на две контроли и се е во ред. Некаде имам прочитано дека широкиот повој е само превенција до првата контрола на ортопед, додека не се утврди дали е се во ред со колкчињата. Тоа ми има логика, а инаку шест месеци за широк повој не сум. Оти ако има проблеми бебето, тогаш други се постапките. Детето со широк повој не може слободно да си претка со ножињата и да си прави самото вежби, а и после кога ќе пропаткаат им треба време да не ги држат нозете расчекорено, барем така сум слушала од мајки. :)
     
    На bertold му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Широкиот повој се препорачува најмногу за женски бебиња, од причина правилно да се развијат колкчињата, додека не зацврсне бебето. Додека на запад, широк повој не постои, фани гаќички се случува да носи бебенце, ама мноооогу ретко. Јас имам 4 внучиња, 3 момченца и една сега веќе девојка, само она носеше широк повој, додека батковциве ниту еден месец, па фала Богу супер си се.
    Мислам дека е чисто за превенција, а јас не би ги повивала децата со широк повој.
     
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.676
    Пол:
    Женски
    Керка ми не носеше широк повој. Прво се чудев зашто не ми кажаа ама потоа кога прашав педијатар ми рече дека оддамна децата веќе не носат широк повој овде. И така ќерка ми помина без тоа. И ниту на ортопед да одам не ми кажаа.. :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Користев широк повој за син ми, некаде до 5 месец кога фати ептен жешко. Му ставав, покрај еднократните пелени, една тетра и една шведска пелена. Не сум против широк повој, ама не сум ни за, знаејќи дека широкиот повој не ги лекува аномалиите доколку ги има. Широкиот повој е само можност нозете да се држат исто како во матката, со што се овозможува оптимална циркулација за правилен развој и оформување на јадрата. Мене лично, со широкиот повој ми беше полесно да го држам син ми :) за второто како ќе биде, ќе видиме.
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас да бидам искрена појма си немам што е широк повој :?: Можеби овде во Германија не користат :)
    За керками кога бевме на преглед се си беше во ред и ништо не ни рекоа дали треба или не ..
    Сами и облакам Пеленка и толку :)
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Еве како изгледа широк повој. Не сум стручно лице, но ова повеќе ми изгледа како малтретирање за бебето, посебно во топлиот период, отколку дека е од помош.
     

    Прикачени фајлови:

    • sirok.jpg
      sirok.jpg
      Големина на фајлот:
      28,4 KB
      Прегледи:
      1.621
    На eli25 и zalosna им се допаѓа ова.
  10. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Само што слушав еден доктор ортопед на МТВ говореше за широкиот повој. Не загледав од почеток, па не знам од која приватна ординација беше и како се викаше, но ќе се обидам да го пренесам нејзиното објанување, кое ми изгледа сосем реално и логично и кое јас го прифаќам. Бебињата кога се во стомакот на мајката се со раширени ножиња и во таа положба, како на буквата О им остануваат и одреден период откако ќе се родат. Порано се мислело дека за да им се исправат дека треба ножињата да им се стегнуваат. Но подоцна се утврдило дека и без да се стегнуваат ножињата тие сами се исправаат, а стегањето може да има само негативни последици на развојот на колкот. Па потоа се препорачувало наместо пеленки стегнати околу нозете, да им се ставаат пеленки помеѓу нозете. Во денешно време бидејќи ги имаме пелените за еднократна употреба, тие се доволни за да бебето ги држи ножињата во пораширена полошба која е нормална за новороденче. Иако сме подрачје каде се јавуваат почести аномалии на колковите кај бебињата, дополнителните тетра пелени не играат никаква улога во развојот на колкот, тие само ја ограничуваат моториката на бебињата. Ако нешто не е во ред, тогаш бебињата треба да носат апаратче, а од широкиот повој нема никаква корист.
    Се надевам дека со мислењево ќе им ја разрешам дилемата кои ја имаат некои мајки. :)
     
    На bertold, tulip-K, Meckicja и 5 други им се допаѓа ова.
  11. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Не знам како ќе биде ама сега за сега сум со намера да ставам широк повој зашто прво планирам да не употребувам памперс додека сме дома туку само за шетање па кога веќе ќе ставам тетра ќ е направами широк повој а после 5 ти -6 ти месец ќе се префрлам само на памперс кога ќе се породам ќе биде декември така да мислам нема да му смета :)
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек со тој широк повој , зашто да не употрбуваш памперс :^)
    Јас со моето од прв ден сум со памперс ни лекари во болница , ни патронажна сестра не ми рекоа за широк повој
    :?:
     
  13. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    И мене не ми е јасно зошто од почеток да не употребуваш пелени за еднократна употреба? Ако е од финансиска страна во ред тогаш, ама велиш после шести месец ќе му ставаш, ама од постов не заклучив дека е тоа. А мислам дека многу повеќе се иритира кожичката на бебето со тетра пелена, оти со памперсот газето на бебето му е баш суво колку и да е помочкана пелената, а со тетрата не е така.
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Јас дефинитивно одлучив во однос на широкиот повој. По се што имам слушнато и прочитано , не планирам и немам намера да ставам широк повој. Сега со Господ напред, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред со колковите, а овој повој не верувам дека нешто ќе допринесе да биде или не.
    Ќе си бидеме само со пелена од прв ден, зошто колку што знам веќе ни во болница не им ставаат широк повој.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во врска со широкиот повој не ставаме, мислам апсурдно е детето да го мачиме со тетра пелени на овие +50, моето синче само со беникча жива кисла се прави кога спие, па уште тоа да му ставам, пред неколку месеци му имав ставено 2-3 пати не можеше ни да заспие.
    Од медицински апсект герданче убаво кажа, јас не гледам некоја голема логика во ставањето на широк повој.Како во Америка и цела Западна Европа нигде не практикуваат па сите дечина се здрави и прави.



    Тетрата пелени не се ефтина веаријанта ако мислите на тоа,ние не ги користиме но сум разговалала со познаинчка која ја пробала таа варијанта.Треба да се менуваат да речемее едно 5 пати во денот(некогаш и повеке нормално) значи неделно ви требаат едно 100 пелени, кога ке се стави на тоа перење , струја, прашак и омекшивач, па и често тие флеки од каките не се вадат..А да го заборавив и пеглањето, па мислам дека е стварно премногу непотребно губење на време, наместо да му го посветите на вашето најмило, но и на одмор, кој навистина ке ви биде потребен.
    А исто и од аспект на мекост на газето сигурно дека со овие не може да ја добиете впивачката мок која имаат еднократните пелени.
    Тоа е барем мое размислување.
    Поздрав верувам вие си знате како е надобро за вас и вашето малечко, се надевам ке го направите правиот избор. :)
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Еве објаснување од др. Видоевски (специјалист ортопед) на оваа тема

    Широкиот повој е воведен пред околу 40 години во цел свет, како замена за класичниот тесен повој (како векна леб). Во тоа време немало пелени за еднократна употреба, туку само тетра-пелени. Во модерно време со пелените за еднократна употреба (Pampers и сл.) нема потреба од додатно ставање на терта пелени. Дуплиот повој со тетра пелените беше само за да не промокрува бебето на облеката. Запаметете: широк повој=пелена помеѓу нозе (а не околу нозе). Точно е дека ние сме ендемско подрачје со поголема појава на пореметувањата на колковите, па затоа се редовните ехо контроли. Децата со такви проблеми не се лекуваат со "широк повој", туку со разни помагала. Што се однесува до јадрата, нивната појава зависи од количината на витаминот Д3, а не од состојбата на колковите. И ишчашен колк има јадра, па не е добар[/i].“


    Не ги малтретирајте децата на ова топло со дополнителни пелени доколку нема потреба од тоа. Како што кажува самиот доктор доколку има детето проблеми со колковите, нема да ги решите со широкиот повој. Тој е само претходник на денешните пелени за еднократна употреба
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123

    Јас треба да се породам во Ноември и сега разгледував по форумиве и по интернет за тоа кои пелени се најдобри за бебињата и најдов едни платнени пелени еве го линкот подолу ако сакаш да ги видиш и мислам дека за таа варијанта ќе се одлучиме. Многу поекономично а пред се и многу биле подобри за бебето (барем така кажува искуството од некои мајки кои ги користеле), па така да планираме здравје Боже со такви пелени а нормално и некои од еднократните пелени за кога ќе сме излезени.

    https://sites.google.com/site/platnenep ... eritedezen
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Немам намера да користам широк повој за моето бебе затоа што не ја гледам поентата.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Исто и јас не ја разборам поентава на тие платнени пелени . После секое мочкање , какање да ги перам преперувам ... нема некако поента
    Времето безпотребно да го трошам . Како што кажа ДеМело не е некоја ефтина варијанта
    Кога Памперсот што ги користиме за една употреба се најфини , ни мокро газе ни ништо :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Според цените што ги видов на сајтот.. воопшто не се ефтини, баш напротив сметам дека се поскапи од еднократните, а плус треба да го додадеш и трошокот за перење и најбитно времето. Мене дури не ми се ни симпатични на изглед. Ама за вкусови не се дебатира..