Кога не испуштаа од болница ни рекоа чим падне папочето да му ставам широк повој до прва контрола на ортопед на 2 месеци. Синко е роден во јуни и беше пеколно топло. Падна папочето и викам ај ќе му ставам пошто ми кажале. Дете здиве и се откорна од плачење. Го оставив само 10 минути и ми беше жал го тргнав. Во меѓувреме дојде мајка ми и ме прашува зошто плачел. И кажувам дека ставив широк повој по препорака на доктор и го извадив. Првото што ми го кажа мајка ми (56 години има) е да не си малтретирам дете на пеколно време и да не ставам широк повој. Инаку мајка ми ставала широк повој и на мене и на брат ми. Но свесна е дека сега е друго време, памперсите се еден вид широк повој и знае дека медицината оди напред а широкиот повој го користиме само во Македонија. Небаре ако има некој проблем (скраја да е) со колковите, широкиот повој ќе му помогне. Според мене греота е бебче да носи памперс и уште 3 пелени. Тоа е исто ко ние ко ќе имаме добиено некој да ни стави уште три пелени и тоа на +42 степени Инаку на прва контрола кога бевме и кажавме дека не сме користеле повој докторот рече дека паметно сме постапиле. Подобро ќе се развијат колкови без повој и да си мрда детето отколку да биде стегнато ко робот. Но секој со своја одлука, мислење и искуство.
Незнам дали ми е точна информацијата, но сум слушнала дека оние бебиња на кои им ставале широк повој се со пошироки колкови, за разлика од оние кои не носеле широк повој.
Majki dali po bolnicive uste praktikuvaat sirok povoj i dali voopsto seuste se preporacuva. Slucnav deka veke ne praktikuvale otkako ke se porodi bebeto? Blagodaram!
Пред две години кога ме испуштија од болица ми рекоа широк повој со една тетра пелена. На првата контрола (по два месеци) ми рекоа да продолжам, ама јас тука застанав. Дојде лето и жал ми беше. По државниве клиники се со ставот широк повој до 6 месеци, ортопедиве пак што работат приватно се со поинаков став, бебето уште од прв ден само со памперс да биде. И за дубакот имаат различни ставови, првите не препорачуваат, вториве да. Со син ми сите ортопеди ги имам поминато, на крај се се сведува на тоа родителот сам да одлучи како ќе постапи.
Јагода, што ќе правиш за второво, планираш да ставаш? Те прашувам затоа што ако не се лажам девојче носиш, а викаат особено девојчиња требале да носат. Истиот случај сум и јас како тебе, на син ми му ставав до три месеци, а на малава сега не ѝ ставам ич.
Да, девојче носам. Искрена да бидам не знам, уште размислувам. Бевте ли вие на првата контрола? Што ве советуваше ортопедот?
Ништо не спомна за тоа, јас ја прашав. Рече само навечер оти жешко било. За син ми не беше жешко пред две години... Да не ја прашав тешко дека ќе ми кажеше. Само за вежбите советуваше. Инаку рече сѐ е одлично.
Диги, лошо е што едните викаат не, другите да. Не знаеш кого да слушаш. Кај бебиња родени на есен, до пролет секако би го тргнале широкиот повој. Ама летно време на +40 мене жално ми беше да му ставам на син ми. Неполни два месеци му ставав и толку беше, фала Богу сите контроли на ортопед до сега ни се со уреден наод. Ако сака нешто да тргне наопаку, ќе тргне па што да направиме. Јас уште не ги сфатив различните ставови на ортопедиве, ниту пак некој од нив до сега ми дал логично објаснување зошто "да" и зошто "не"
Na Vidoevski muabetot mu bese deka ekstra peleni porano stavale zosto nemalo pampers za mockanje. Samo takva funkcija imal sirok povoj. Plus veli: i kako fiseci gi pravele nasite babi pa ragale, i kako rascekoreni so poveke peleni pa pak ragale. Veli ako ima problem ima pomagala kako kaivcinja, aparatcinja ili operacija, bo sirok povoj ne si ja vrsi funkcijata koja nie i ja prepisuvame.
nashite kje se esenski, losho od. povoj nema da vidime. zatoa mislam da mu turam ) p. s. sakam. chokolado. od shvajc
Јас на син ми му ставав широк повој до 3 месеци, после жешко фати, па жал ми беше. А на близнациве ќе им ставам зошто ќе бидат зимски бебуши, па да им биде потопло. Не од други причини.
И полесни се за држење... Ама лошо е што не можат да преткаат така слободно со нозете. И јас не можам да му најдам логика на тој широк повој сѐ уште.
И јас се чудам зошто е потребен тој широк повој. Имам напишано дека и на двајцата не им ставав широк повој. На поголемиот син пробав еднаш, ама детето не можеше да прета со нозете. Оттогаш го баталив повојот. Во другите држави не се практикува ова. Само кај нас и на Балканов.
Бидејќи не сум многу запознаета со широкиот повој, да прашам дали фани гаќичките ја вршат истата работа што ја врши широкиот повој ? И дали ги ставате на сопствена волја фани гаќичките или по препорака на ортопед? Јас за прв пат слушнав за фани гаќички па да прашам и каде се продаваат, ако има потреба да купувам, во продавници за детска облека, аптека....?