Jas stavam, naviknav i epten mi e lesno iubavo i gi pravam.I si uziva,ja topli na meseto.Ama ne od kako se rodi.Tuku pred mesec dena koga bevme na pregled vo Filip Vtori.Levoto kolkce ne i e ubavo centrirano.Pisav pogore,prasa mm za tie ko gakicki,dr kaza ne.Samo tetra i svedska.Sega zakazav vo Remedika.Na 30ti doaga Dr od Sk vo Str,pa ke vidime so ke kaze
И мене во ремедика ми препорачаа широк повој. Пробав со тетра и шведска, ама ме се снајдов баш и баталив. Ги купив после и гаќичките ама само си наоѓав причина да не му ставам и се на се дали 10 пати ги имав ставено. На два месеци го однесов кај Видоевски и дете си беше супер. @mariz ако си решена за широк повој ич не се мисли и купи си ги гакичките. Јас ги имам тие од бебе хоме киддо и добри се, а и поефтини се од виола.
Левиот колк кај повеќето бебиња не е доволно развиен. Така ни кажа ортопедот во понеделникот. И на мојата не ѝ е. Ама ќе се среди со вежби и со тек на време. Широк повив не ставам, а докторката ништо не спомна за него.
Se nadevam mila deka e taka i ke se sredi.Ke vidime na 30ti so ke kaze dr vo Remedika.Toj vo Filip Vtori od pamet ne izvadi.Kao ako ne stavam povoj ke treba kaisi da i stavat.Sega neznam dali da kazam na Dr vo Remedika deka sum bila veke,ili da s epraam ko bisto da ne znam pa da vidam so ke kaze
Ако одиш кај Иванка во РемедикА исто ќе ти каже за широк повој. Ние само што влеговме на преглед одма рече да ставаме, а колковите и беа супер развиени. Јас и ставав само седум дена зашто беше многу топло и од многу пелени се вцрви долу и и го извадив.
На првата ќерка широк повој само еднаш ставив кога ја носев на преглед за колковите. Инаку носеше од тие гаќички (мислам Фани гаќички ги викаа) купени од аптека за отприлика 300 денари. Гаќите беа на величини и како растеше бебе така купував поголемки. Шарени и сунѓерести беа гаќите и можеше да се носат врз облеката или врз оние долни панталонки (ѕиври). Мене ми беа практикчни, во план ми е да ги користам и за втората ќерка. Никогаш немавме проблем со колкови, а не носеше широк повој. Јас широк повој дури и не знам да наместам
дали користите широк повој кај женските...сега беше патронажната ми рече да почнам да користам од кога ке и падне папчето, па се до прва посета на ортопед
Дупла пелена ставам јас. Едната ставена регуларно, бодито, па врз него уште една пелена обратно ставена.
Исто. Колкчињата и беа добро развиени. Сега пак треба да ја носиме на ортопед. Тоа со повојот ми е застарено и треба да се искорени.
има ортопеди уште што препорачуваат. мислам само Видоевски не препорачува. не изнасмеа за приказната за широк повој ( демек оти немало памперси затоа се ставале по 2,3 тетра да не пропуштаат и ете ти широк повој). Мојов роден во август уште тоа ни фалеше. плус, рече дека им се ограничува движењето и развивањето на мускулите. треба да си биде слободно. оди сопри ги кога ќе им извадиш пелена. мојов се скренува незнае што да изводи
И ние треба на почетокот на јануари да ја носеме. На првиот преглед ортопедот ни кажа дека левиот колк нѐ и бил убаво развиен но кај повеќето бебиња е така и со вежби ќе се среде. Мислам дека стручно лице треба да каже дали да се користе широк повој или не.
Мила, мене во Ремедика Иванка ми препорача повој не знам ни јас зошто, а колковите убаво и беа развиени. Малата се роди летово и почнав со повој и кога се вцрве долу многу дека многу беше топло летово нели прекинав да ставам.
Јас не и ставав и кога ја однесов на пртопед ми рече имаш едно големо благодарам од твоето бебе што не си му ставала. Памперсот е сосема доволен.
Па и докторите сите се со различни размислувања. Ако се било во ред со колкчињата зошто да се стега детето со широк повој. Нема потреба.
И на нас Каличанин во систина кога не отпуштаа од болница ни рече да ставам широк повој ,ама со оглед на тоа дека моево се роди на крај на јули и беше пекол јас не му ставив ниту еднаш .Кога го однесов кај Антоније на ортопед после 40дена ми рече дека нема потреба да се става широк повој ,и дека доктор пред да препорача на бебе да му се стави широк повој треба прво да му направи ехо на колкчињата .