Jas stavam sirok povoj po preporaka od plodnost. Isto napraveno e eho i vo red se kolkcinjata ama sepak mi kazaa da stavam i toa so dve tetri. Jas stavam so edna i voopsto ne mi e problem preslekuvanjeto. Preslekuvam na podloga, povojot si stoi jas samo stam nov pampers. A kaj koj ortoped planiras da go nosis? Ovde kaj nas neznam ni pedijatar koj e, mi kazaa za Dr. Lile od struga pa tamu da ja nosam na kontrola. Vie kaj planirate?
Причина зошто да се става? Кај нас беше ради едното колкче што му било тесно во стомак али највеќе се реши со вежбите. Му земав од пелените од аптека за широк повој ама го нервираа па не му ги ни ставав веќе максимум по 2 часа во ден. https://pharmashop.mk/product/пелени-за-широк-повој/ Вакви стававме
Се породив во Ремедика, јуни 2022. Воопшто не ми се пукаше, бев решена дека нема да ставам широк повој, сопругот ме поддржа и тука заврши било каква дополнителна дискусија од околината Инаку, секоја препорака за на државно е Еразмо, Охрид. Тие што бевме со бебиња имавме предност, стручноста не ја ни спомнувам. Ехото беше направено одлично (пофалено од приватен ортопед).
Ништо нема да му биде, странство немаат појма што е широк повој, па сите се супер. Ни ден не и редев на мојава, плус ехо си покажа дека и се супер колковите. Нити пак ми спомна некој кога се породив, нити знам некој да знае што е широк повој.
Никогаш не сум ставила. Ако нема реална потреба, значи да е кажано од ортопед, не знам зошто би се мачело детето со глупости.
@0ли пак јас ќе те прашам нешто за советите на Антоније. Им пишав на фб кратко прашање за повојот, дали е толку потребен при уреден ехо наод на колкчињата. Чисто како мислење ме интересира. Ми вратија дека при алфа агол над 60 степени не давале повој, ама давале насоки што не треба да се прави со детето. Знаеш за тоа што не треба да се прави? Ако сакаш да споделиш
Колку што се сеќавам од 60 нагоре беше нормално така? На син ми добри му беа колковите и ми рече ништо дека не треба да се прави. Никакви вежби, баш ништо. Во Ремедика педијатрите ми покажуваа вежби ова-она, ама јас го послушав Антоније дека не треба ништо, дека бебето само си вежба. И самата положба на ноџињата им е како да носат повој. Раширени и нагоре нели ги држат. Ни за второво нема шанси да ставам ако ми рече дека сè е во ред.
Call me old fashioned ама јас и ставав широк повој 4 месеци само за спиење со оние пелени за широк повој со лепенка. Бебе ни мука виде ни ништо. Дури мислам дека топличко и правеше на меше за спиење Препорака од Ремедика, решив да видам послушна и никому ништо. Барем не ме јаде јанѕа што би било кога би било
Искрено поима немам. Ехо уредно, препораката беше таа како и сите женски бебиња родени во Ремедика. Јас решив чим доктор така кажа така правиме и тоа е тоа. Не ни читав нит се консултирав.
Во Ремедика требало-не требало, машко-женско, за сите такви муабети тераат. Моето е машко, па иако беше сè во ред, така го тапеа за повој и гаќичките за повој ми ги презентираа.
Одамна не е пишано на темата ама еве чисто да си се изнакажам дека не само во мк кажуваат широк повој. Во странство сум, прво педијатарот направи контрола вика десниот колк не е баш најдобро, може ќе треба ремени ама ќе ви закажам за утре да види и ортопедот за сигурно. Ја замота со две пелени и две тетра на 38 степени, ќе пукнев. Другиот ден ортопедот кажа се си е добро нема потреба од ништо само широк повој. И јас мислев дека не знаат тука што е тоа како да и ставам широк повој на овие жештини стварно не ми е јасно
Majki ako ehoto na kolkcinjata e vo red nema potreba da se maltretira bebeto. Na drzavno se se naucile sirok povoj nebitno dali ima ili nema potreba. Jas licno ne stavam iako mi preporacaa. Ehoto e vo red i jasno go izjasniv mojot stav na doktorkata.
Здраво, бебето има 2 недели и на ехо се' беше во ред, ама сестрите и педијатарот во болницата неколкупати ми нагласија дека мора широк повој. Кај друг педијатар се јавив и таму истото ми го рекоа. Само патронажната сестра беше против. Јас на почетокот мислев да не ставам ама сега, на толку препораки, страв ми е да не биде нешто и планирам да ставам до првиот преглед. Значи, целта е на 2 месеци да бидат развиени јадрата на колковите? Кога ќе ја однесам на преглед ако и' се развиени ќе може да го тргнеме широкиот повој? Што ако не се развиени до 2 месеци?
Наназад страни и страни имаме пишувано мајка дека ако е во ред не го туткај бебе. Тоа е стар метод кој малце запстанува на Балкан, пак ќе кажам, две деца имам ни еден тука странство не ми спомнал за широк повој, нити некое бебе што го знам носело.
најдобро тоа ќе ти каже ортопед дали треба, дали не треба, и кога да се тргне. Ако толку мислиш и ти е страв имаш во ДМ пелена за широк повој или во аптека ставај и и помирна ќе бидеш ти. Но најдобро од ортопед ќе имаш насока за што да правиш