Читав уште пред да се породам и бев против ама сега ми е страв на толку препораки да се противам. Објаснувањето беше дека на Балканов сме подрачје што е генетски посклоно кон такви проблеми и затоа се препорачува на сите.
Не, можеш на втора контрола. Сега за сега мислам дека вежбите ако ги правиш на дневна основа се доволни
Вежбите со свиткани колена и кружни движења нанадвор? Прашав и во друга тема за нив, правиме 2-3 пати во текот на денот, 30-40 во серија. Доволно е?
Зошто? Објасни ни, ова што го напишав е кажано од педијатри и тоа се консултирав со повеќе (напишав погоре).
Konsultiraj se so ortoped a ne pedijatar. A koga sme veke kaj pedijatrite mojot mi kaza deka nema potreba od airok povoj ako ehoto e vo red. Preporacuvaat samo ovie od majcin dom sto nisto ne razbiraat i ne gi ni pregleduvaat kako sto treba posto nema koj da pie kafe i da pusi cigari pa za svaki slucaj stavaj
За широк повој ортопед одлучува. Нас педијатрите ни кажаа не мора веќе а ортопедот одреди до јуни да ставам до следна контрола
Широк повој се става ако има потреба, ако бе се оформуваат јадрата на колковите како треба а за тоа ортопед треба да му направи ехо на колкови. Поголема глупост од тоа генетиката ни била таква немам слушнато искрена да бидам, туку тие се замрзнале во време на дедо ноа и даваат застарени препораки. Ставај за секој случај работава, а за машко дете посебно не убаво да му се заспуруваат гениталиите.
Де нека го пратат истражувањето, да видиме. Одамна никој не прави истражувања на Балканов, посебно не истражувања кои носат до национални препораки, за жал. Како што пиша некој погоре, препораката е останата од минатиот век, за секој случај.
Очигледно сите различно .. Мене во Ремедика ми кажаа откако ќе и падне папочето да и ставам . На ортопед на 2ипол мес исто таму и покрај доброто ехо на колкови ми рекоа да и ставам до 4мес, дури и ме "искараа" зашто до тогаш не сум ставала... На другарка на дежурен била во Систина и рекле да става иако има машко бебе...
Ги замолувам членките што велат дека објаснувањата на докторите што препорачуваат широк повој се глупост да објаснат зошто го мислат тоа. За се' што ви кажуваат докторите барате научно истражување? Нели е потценувачки некој што учел минимум 12 години да го доведуваш во прашање? Сите го сакаме најдоброто за своите деца, мислите дека јас или некоја друга мајка сакаме да се малтретираме со широк повој? Пишувам овде затоа што се надевам дека некој ќе објасни, ќе знае, или ќе сподели искуство за/против.
Ортопедот каде што бев со бебе не препорачуваше широк повој. Други ортопеди препорачуваат. Не знам дали некој ќе ти го даде одговорот што го бараш. Јас ставив неколку пати широк повој и толку беше. Посебно последниот пат почна многу да плаче кога ја облеков така, лето спурно, кога го тргнав се смири, тогаш одлучив веќе да не и ставам. На 6 месеци бевме на преглед кај ортопед и се' беше во најдобар ред. Е сега ова е мое искуство, не е препорака за тебе ниту за било која друга мајка. За жал каде што потфрлуваат препораките кај нас, мора ние како мајки да носиме одлуки и да преземаме ризици...
Јас ти објаснив зошто се става широк повој. Ако не се оформуваат правилно јадрата на колковите. Така мене ми објасни ортопед. Но ако вас ви е мисла одете на ортопед нека го видат детето дали е за широк повој. За таа работа педијатар не е меродавен да кажува. А ако успеам во четврток кога ќе го носам синко на физијатар баш ќе ја прашам докторката за ширикоиот повој да видам таа што ќе ми каже.
Широк повој не помага за ништо. Ако не дај боже има проблем ,за тоа има соодветни помагала (каиши и сл.) Тоа ставање за секој случај само кај нас го има. Тотално безвезе и непотребно.
За мене потценувачки е кога доктор со 30+ години искуство заглавил со знаењето во минатиот век, не е во тек со нови препораки на светско ниво, семинарите ги користи како можност за прошетка, а не за да биде во чекор со медицината, и уште има став ( прилично дрзок ) кога пациентите се со доза резерва кон препораките што ги дава. Познавам доктори ( специјалисти ) кои сеуште се гласни поборници за дубаците, иако во голем број земји веќе не ни може да купиш дубак за здраво дете. Најбитно е да му верувате на докторот кој сте го одбрале. Ако сте 100% сигурни во неговата стручност, тогаш слободно ставајте широк повој и не барајте мислења на форум.