А зошто широк повој ставате? Има некоја причина поради која ви препорачале? Ние бевме на преглед сега, ми рекоа не, со првото дете исто. На ГАК кажуваат на испуст ставајте, они не ставаат. Ама без да ми каже ортопед секако не би ставала.
На ортопед уште не сум ја однела. Педијатарот ми кажа да почнам да и ставам , имав купено од локо кроко гакички па еве почнавме од денес .
Не знам што да правам на два ума сум со широкиов повој. Патронажната сестра ни рече да ставаме, а педијатарот/неонатолог од Систина ни кажа дека нема потреба широк повој да ставаме. Буквално рече (освен ако нема проблеми бебе) дека не е докажано позитивното влијание од ставање или неставање широк повој. Исто рече ако не ставате широк повој нема потреба ни вежби, а ако ставате, тогаш правете ги и вежбите. Има некоја што не ставала широк повој на бебе и што не сте му шравеле вежби? Навистина не знам што е најдобро…
Со големата ставив слушајќи тетки стринки ,освен што ја спурив сештември беше ,ништо не добив уствари да добив лекција од ортопед дека само на бебе со проблем се става и тоа и тогаш не се тие пелени ние што ги правиме туку си има посебни помагала,само вежби да и правам. Е за второто не ни помислив а за вежби поради тоа што големата се што ќе направам на бебето сака да му направи и таа не смеев пред неа од страв да не ја повреди ако проба сама и поретко и се правени ама педијатарот ми рече ставај и тетра како покриена да е таа ќе пробува да ја оттурне и тие ти се вежби уствари. Така и правев.