хахаха ikame во право си и мојата свеки само вели облечи му чорапи, капче и ракавички јас и викам легни ти спи со чорапи, капа и ракавици. А за широк повој никој не применува по европа само ние тука со нашите бабини деветки. ми вели ортопед добро е се ама чисто за привентива.
Јас денеска прв пат му ставив широк повој и ептен ми е чудно, среќа имавме поголеми шпикознички па не собраа некако Надуено ми е многу така во долниот дел, се си велам кога лежи како главчето надоле да му доаѓа малку од што предниот дел му е издигнат. Се мислам дали да продолжам да му ставам широк повој или не, читајќи и слушајќи што велат, секој различно ќе ти каже. За некои 2 недели сме на ортопед па ќе видиме што ќе ни кажат тогаш, дали има или не потреба од широк повој. Него да си потпрашам уште нешто, дали широкиот повој може да се става над бодито? Баш гледав некое видео и шрокиот повој го ставаа над бодито, значи под шпикозничките. Има тоа некаква врска дали е над бодито или дирекно врз пеленката или не? Мислам дека не игра некоја улога тоа ама ај да си прашам
Клиона а зошто да му ставате на бебето широк повој ?`а плус и на врукиниве ПоЧекајте на ортопед да се види , па потоа ако ви се реЧе дека е потребно ставајте ... Ама сепак ваше мислење Ние не стававме широки повои , од болница ни рекоа само пеленка е доволно
Нема врска тоа ставај го како сакаш јас му имам ставано и врз облека дека ништо не го собираше со тој повој и се изнервирав, а и он се нервираше па му го тргнав скроз, а кога бевме на ортопед ми вика ставаш широк повој јас му викам да секако и ми рекоа супер се колкчињата ама ставај пак, ама грев ми е и не ставам, нема потреба на топлово да го мачам
Смрт ми е со тоа широкиот повој едвај чекам да го извадам да не го мачам бебето а и себе, дури да го облечам маки мачам али ајде дури да појдиме на ортопед ќе издржиме некако, што си е сигурно сигурно си е, нема полошо на жешково уште широк повој
Му го извадив синоќа за спиење, ми се нервира бебушко, топло му беше изгледа, неможе да си ги испружи ножињата убаво и го извадив. Си спиеше како јагненце, тој и така како жапче си ги држи ножињата цело време, ќе си се протегне, ќе ги испружи малку и пак како жапче, не гледам причина зошто да го ставам тој широк повој. На ортопед ако ни речат добро, до тогаш нека си ужива вака слободен.
Мене малава не ми сака широк повој и ставив денес гаќички за повој ама ја фака нервоза...не знам како да ја навикнам? Да и ги ставам само преку ден? и кога е многу топло да не ја мачам? и до кога се ставаат? Претпоставувам додека да одиме на контрола на ортопед?сакам штом завршат 40дена да ја однесам..
Ич не го мачи детето и не и ставај. Незнам каде на светот се носи широк повој освен кај нас; Душиче, греота е
Па демек женско било...мене ми беше жал затоа и не и ставав до сега да не беа ова гаќичкиве немаше ни да и ставам ама гледам сафра ја фаќа,,, јас не знам од каде ова излезе аман веќе што нема да им текне..да е зимо ај ама у сред лето бе.
Jas ne i stavam, ne ni probav,ne sakam da ja macam,dusice...gledam pampersot i smeta i ja stega a ne sirok povoj.Samiot pampers dovolno i gi rasiruva nozencata,taka da se drugo e izlisno.
Jas ne i stavam, ne ni probav,ne sakam da ja macam,dusice...gledam pampersot i smeta i ja stega a ne sirok povoj.Samiot pampers dovolno i gi rasiruva nozencata,taka da se drugo e izlisno.
јас му ставав до кај 4 месеци и едвај чекав да престанам да му ставам , не дека на лекар ми рекоа така, кога бевме на ехо на 2 месеци ми рекоа се е во ред, ама продолжи да му ставаш и продолжив оод шубе шо му беше на мажево мое, а јас едвај чекав да му ги извадам,, еххех дури му ставав како здрвено ми беше цело, а од кога му ги извадив душиче збеснато е до мрдање
јас не и ставав широк повој па добри сме 2 пати бевме на контрола и супер е .да,доволен е само памперсот
Девојки а да ве прашам, каде може да се најдат тие гаќичките што се замена за широк повој? Ако не се лажам, фани гаќички се викаа, не?
Клиона во Стружанка ги има гакичкиве... Јас на малата и ставав широк повој до 4 месеци, тогаш бевме на контрола,се беше супер, и го баталив веќе.Па сега и на вруќиниве нема шанси
Мамички јас му го извадов широкиот повој, грев ми беше на жешково да го мачам, а и гледам дека повеќето не го практикуваат само незнам зашто толку докторите инсистираат да се става кога не е морално и може и без него
колку да ти кажат нешто нашиве доктори широк повој нигде не се става и нема што да ви е шубе ако не ставате жива глупост јас сум родена 1980 година и тогаш немало пелени како денешниве па мајкиве ни ставале тетра од што немале избор, а ако недај боже некое бебе има проблем со колкчињата па јас мислам широк повој нема ништо да направи
Потполно се согласувам со тебе ikame. Широкиот повој не се практикува никаде во светот. Само кај нас го има тоа. Докторите се уште ги имаат оние сфаќања дека на бебето треба да му се става широк повој. Според мене, широкиот повој е сосема непотребен. Со тоа само се малтретира бебето. На син ми не му ставав широк повој.
ние денес бевме на ехо за колкчињата и ни рекоа дека е се во ред, ми рекоа дека добро што сум ставала широк повој, ехехе јас одамна му го извадив , и на крај краева точно е тоа дека нема врска широкиот повој со равојот на колкчињата а и за дубак кога ја прашав кога да го ставам ми вика после 10 месеци?? па на толку некои деца веке одат за раче да ги држиш
Што би се рекло - Никад И не може никој да ме убеди дека широкиот повој е по-оправдан и подобар од голо и слободно бебе, кое мрда на начин на кое тоа сака и знае и така си ги формира колковите, исто како што не се ни механичките вежби кои јас би му ги правела дома. Логички, не сум физијатар, следствено на тоа - од каде да знам како треба да ги виткам и притискам ноџињата на бебе од 1 недела? Секогаш ми изгледаше тоа многу крипи, и никогаш не го направив, иако ќерка ми се роди со ноџињата како хелихоптер, зошто карлично ја носев... Проблеми реално не се решаваат со широкиот повој, туку со други медицински помагала, затоа е потребен преглед на ортопед уште во 1от месец, иако тие препорачуваат после 2от.