Поискусни да кажат. Кога да сменам од стакло на пластика шише? Кога почнуваат да држат сами шише? Ги имам на авент малите, ама поради зголемување доза, треба да земеме поголемко.
Супер е. Ние го користиме од почеток, само што ние сме со поголем проток, зошто мојава е мрза и не влечеше од тоа со проток за 0+.
Мојов сега на 4 мес има обиди за држење шише, кога нејќе веќе го бутка кога сака го носи накај уста. Ама далеку од тоа дека сам пие. Јас од старт сум со пластика, некако ми се страв со стаклено да не ни падне врз бебе. Синко беше на Томи Типи ама зашто и тие ѓавол ипол коштаат, поголеми му земав на Бејби Лав, топ се, одма ги прифати, 220 ден се
И јас се мислам дали да купам стаклени воопшто, од иста причина страв ми е да не ми падне врз некое бебе
И авентов се за машала со цени. А за паѓање, навечер поспана и јас од тоа се плашам. Не ми држат рацеве некогаш. Ќе земам едно од Бејби Лав, да видам дали ќе го прифати. Ако прифати, ќе земам 2-3 и раат глава. Дефинитивно она антиколик шишиња, па ќе нема грчеви е вистина. Убаво ми викаше таа во аптека, не фрлај пари, ќе ги има, јас занес потрес.
Јас пластични користам од почеток . Ми донесоа едно Чико за мекици, претешко беше и решив да терам со пластични. Плус од страв да не ми се скрши. Сеа мрда како лудо додека јаде, се бориме со него . Знам стаклото е поздрава опција ама јас сепак одлучив за пластика.
Јас ваков зедов. На неколку наврати го имам користено до сега (9ти месец сум, не сум породена уште), супер ми изгледа. Го зедов по препорака од неколку другарки кои беа задоволни.
Од кои лажовни цуцли сте задоволни за новороденчиња јас имам бибс ама мојава се дави од нив несака да фати воопшто па сакам да пробам и со друга дали ќе ми успее