Ај ја и тука да подосаѓам ххахаха. Ја земав цуцли на бејбилав и сега се мерачам за шише на авент ама ве читам, за шише зборите или за цуцли ? Има ли некое океј шише од бејбилав за новороденче?
Хахахаххсахах. Мислам дека се со побрз проток на Бејбилав за новороденче. Јас Томи Типи користев за синко на почеток, на 3 ипол месеци му земав Бејбилав и баш тече само шишето, не е како Томи да мора да влече. Ќерката не пиеше од шише. Мислам дека Авент, Томи Типи ок се за новороденче освен ако нема некое некапечко од Бејбилав ама јас не го знам
Стаклено или пластично? Пишав баш, како што гледам стаклените не се anti colic или јас сум нешто грешка?
Anti colic знам дека е подобро за грчеви, ама не гледам дека стаклените го имаат. Не знам еве некој поискусен нека ни каже
Јас стакло не користам, страв ми е да не ми падне врз бебе. Тоа анти колик врска нема, ако си има бебе грчеви ќе си има. Еве @BellaBibi ќе ви каже.
Јас ги земав,ама ја одбрав оваа форма оти мислам дека тие округлите би сметале на носето за дишење..не знам може грешам,ми изгледаа многу големи
Врска немаат антиколик. Не бидете како јас и не фрлајте пари, мислејќи дека ќе нема грчеви. Убаво ми викаше таа во аптека, не фрлај пари девојче, мора да ги помине, вака или онака. Ама јас екстра потресена на почеток, прво дете, занес потрес бев. Будала.
Бев до ДМ, ама незнаев кои се шишињата. Гледав гледав ама ништо не видов изгледа. Ај сликни ми едно да видам.
Анти колик на авент тука има само пластични, стаклените се Натурал респонс. Цуцлите им се различни, има 0+ и од едните и од другите, нека ме поправи некој ако грешам. Би ти препорачала одма големи да си земеш, не малите од 120 бидејќи ќе треба за кратко да купуваш големи ако сте на ад или измолзено, како ќе расте повеќе ќе пие.
Да, цуцлите се различни. Натурал како вентил им е формата ( така знам да ги објаснам). И дефинитивно 120 мл што е шишето, за макс 2 месеци се користи. Малата е скоро два месеци, пие 120 ка и едвај мешам ад внатре.
Да памтам одвај се мешаше, исто и стаклени големи имам јас тие се по 240мл и дека бебе пред спиење пие 210 одвај се меша да знаев од старт од големиве ќе купев, така да ете плус совет
И уште еден совет, ако зимате Авент. И Натурал и Антиколик шишињата имаат цуцла со иста намена. Дизајнирани да го испуштаат воздухот од шишето, со цел бебе да е голта воздух, кој после ќе предизвика грчеви и нелагодност. Битното е да знаете ( јас троа покасно дознав, може вие знаете) е правилно да ја наместите цуцлата. Т.е. на самата цуцла ќе приметите дека има едно дупче, исто такво има и на пластиката каде се навлекува цуцлата. Тие две треба да бидат една врз друга, да се намести дупката од цуцлата, врз дупката од пластиката. Така се испушта воздухот, при пиење млекце.