Здраво Дали овој сет се пластични или стаклени шишиња ? Не пишува, а и јас не се разбирам многу,прво дете ќе ми биде, овие едните имаат како зелено под цуцлата, а другите не, што е разликата ?
Зеленото се вади и можеш да го ставаш на сите натурал респонс цуцли. Тоа ти е за да не се прават меури што предизвикуваат гасови и грчеви кај бебе. Кај нас не помогна тоа зеленото ако сум искрена.
Овој сет се пластични, ама има и сет со стаклени, исто на Ананас. Побарај, видов денес на инста реклама.
Мене шишињата ми се добри и цуцлите дека немаат слободен пад. Само шише нема да помогне за грчеви, какво сака нека е
Се мислам дали пластични или стаклени да земам, некои мајки ми велат стаклените биле тешки,па недајбоже да ми падне врз бебето да не го повредам. А овие пластичните па ми е страв да не замирисаат, незнам навистина сум во дилема
Индивидуален избор е. Стаклото е секако многу поздрава опција ама јас се одлучив за пластични. Не замирисале, 6 месеци тераме. Јас ги мијам со Фрош сјај за бебиња и користам стерилизатор.
Стаклени две имав од почеток. Ама сега сменив на големо пластично. Веќе како ќе растат, ќе дојде фаза да ги фаќаат, држат и стакло не е добра опција. Неможе така лесно да ти падне стакленото. Не е до толку тешко. А пластичните, ќе ги менуваш. Нема едно шише со месеци да користиш.
Овие ли се тие медицински цуцли? https://zegin.com.mk/mk/avent-natural-soothie-cucla-lazhalka-0-6-meseci-2-cucli
И јас земав вакви, па сега читам за некои, медицински ги викале по аптеки, во болниците што ги давале. Ама изгледа се овие, некој поискусен нека потврди
Во приватните даваат , ама еве конкретно Гак не даваат. Девојката до мене си носеше и му даде на бебето, баш и сестрата и искоментира зошто одма му дала.
Вакви се на изглед само малку помали и зелени се. Ги нема во сите аптеки, па доколку ги скине може и да нема од кај да ја купиш. На почетокот и јас давав исто таква медицинска но само во една аптека во мојот крај ја имаше, после се префрлив на овие.
Јас лично неможам да ви кажам искуство ама со секоја мајка што комуницирам ми ги има препорачано бибс, исто така и авентот на филипс. Јас мислам со бибс да почнам па ќе видеме како ќе ги сака бебуш.