Здраво мајки. За почеток зедов само едно шишенце Авент стаклено. Стаклото дали го вриете неколку минути во вода? Може ли да пукне? Исто и цуцлите да ми кажете колку време да ги извријам?
Ставаш во ладна вода и чекаш да зоврие и да врие некои 5 минути. Не пука немај гајле. Исто и цуцлите.
Сега гледам дека во Зегин има резервни цуцли со проток 6, но пишува за бебиња над 6 месеци. Дали се погодни за бебе од 2 месеца? Дома имам цуцли со 2 и 3 проток.
Земи 4 ка проток. Мојава од што е мрзла за влечење, со 4 ка беше. И 3 ка имаме, ама ја мрзи да влече, па цуца по еден саат.
Јас имам близнаци и имам авент 2 и 3 проток и се нервираа ги мрзи да влечат и маж ми ми зема од дм со 5 проток сега пијат убаво и несе нервираат