Ние така се мачевме 2 месеца со 2ка проток и после ми светна дека има други и треба да се менува. Имав 3ка и полесно одеше, ама сепак хранењето траеше повеќе од 20 минути и купив 5ка. Кога е многу гладен влече многу и му тече, пробај со 4ка.
Сакам да купам однапред 2 шишиња , дајте ми препорака за бренд и дали сите може да се стерилизираат во стерилизатор?
Авент стаклено мало шише 120мл купив за да имаме дома за секој случај иначе да се стерилизираат во стерилизатор
Ми треба совет за шише и цуцла. Планирам да земам шише од Авент да имам дома не знам дали ќе биде на цицање или не. Од колку мл да земам и каква цуцла да земам? Исто за лажливка цуцла искрено не планирам да и давам ама сакам да имам дома за секој случај. Секој совет е добредојден прва бременост ми е и немам појма што да земам
Земи си авент лажливи од 0-6 месеци и едно шише авент стаклено од 120мл доста ти е како за почеток за да имаш дома после ако треба ќе си купиш ако ти треба јас така направив и искрено бевме на цицање и не ми требаше многу шишиња 7мес сме имам 120мл стакленото од старт и после 3мес купив пластично од 240мл за кога ќе оставев бебо со одмолзено да го чуваат да имат две
Ти благодарам за советот. Ако може да ми кажете кој проток на цуцла да земам, читав дека има различни но дека со помалите протоци им е потешко да цицаат дали да земам 3 или 4 прото. За со помалите протоци читав дека тешко влечаат па за брзо ги менуваат
На стакленото шише е 0+ месеци има цуцла проток 2 искрено ние со тој проток сме уште а сме 7ипол месеца гледам дека не ни пречи и не го менувам протокот сеуште исто и шишето за вода што е беше цуцлата со проток 3 или 5 кога го земав исто на авент со рачки е тоа шише јас си ставив цуцла проток 2
Не знам дали смеат, јас без да се информирам почнав да ги ставам секој ден и досега се е океј. Не знам дали има врска каков е стерилизаторот, мојот е авент за микро.
Мислам дека само во микро не треба да се стерилизираат, јас во стерилизатор ги ставав секој ден првата година.
Chicco обичен имам,значи може супер. Ми беше страв да ги ставам да не се изобличат од топло ама чим сте пробале добро
Леле како пие.. мојава шанси нема од прв ден не сакаше да помисли со тој проток. Ништо не тече. Со 4ка сме… сеа веќе цица ама со тој проток 1 саат пиеше..
Мојава со проток 2 цоца како да не видела млеко. За 10 минути максимум пие 100 мл. Не знам од кај таа сила, лакома ептен да не ја урочам, нека пие.