Филипс авент и бибс. Исто и на тими топи се ептен добри, не сум сигурна дали има стаклени. На чико исто не се лоши но тие што се со крива цуцла за новороденчиња
Никаде ја нема оваа цуцла веќе? Бебка е скоро 4 недели, од старт нудам цуцла на Авент, ама не ја сака. Па ми рекоа оваа зелената да ја земам, ама сега ве читам вас дека ја нема. Која е најслична на оваа цуцла? Фриггс ги гледам, дали да нарачам?
Јас зелената ни во аптеката во Ремедика ни во Еурофарм не ја најдов, па земав од овие на Авент како најслични. Не дека нешто ги сака, ама да ја залаже татко ѝ некоја минута бркаат работа.
Мајки, користиме шишиња пластични и стаклени од раѓање на avent philips, сакам да му земам нови веќе. Ова конкретно, пишува +1 а бебе има 6 месеци, со истото продолжуваме така? Нема гледам за +6
не го знаев ова. Му сменив неколку до сега исти и гледам повеќе сила има за пиење, можеби треба и јас друга цуцла. Од која зема? Значи вакво шише и плус цуцла капаче како и да се вика да земам?
Сега ги гледав тие, natural response се, не видов авент. Убаво пие од ова шише, не знам дали е подобро со поголем проток.
Сте виделе некаде да продаваат Philips Natural Response само цуцли за шише со проток 0+? Гледам на Зегин сите протоци ги има освен овој, а мојава освен града само овој го прифаќа пошо не и капе млекото туку сама влече.
Здраво, дали користи некој греач за шишиња пренослив и каков, го најдов овој дали го има некој дс ми каже искуство )
И земав на малава шише од Twistshake 12+ вака супер ми изгледа, квалитетно. Како сте задоволни од брендов? И има едно делче, додаток е, нешто за овошје пишува, како точно се користи? Еве слика на кое мислам
Дали некој ги користи цуцлите на Frigg , за една недела мн и се смени обликот а пишува 3м .. од левата страна е новата а од десна користената :/