Кој проток користите на Avent philips за месец ипол бебe До сега користивме 0+ проток 2, сега сменивме 1+ проток 3, како да нема разлика. Пиењето ни е цела вечност, влече многу споро, се успива.. Дали ќе има разлика со проток 4 или 5. Или препорака за друго шише, што нема потреба да влече многу, а од друга страна да не истече во две голтки
Малава е 5м скоро па ние уште користиме проток 3 кога треба да пие од шише (на доење сме ексклузивно), дури и многу и тече од 3ката и знам да и го тргам да има паузи. Бебенце од месец ипол се уште нема сила и нормално е споро да влече и да се успива. Ако сте само на АД можеш ти да пробаш со проток 4 ама има голема шанса дека ќе се дави од што многу ќе му тече. Ако сте на комбинирано не менувај проток дека ќе се навикне лесно да му тече и нема да сака да цица. Мојава дури накај 2 и нешто месеци почна да е брза во цицањето (и од цице и од шише)
Мајки сакам да преминам од цуцли Bibs на Frigg од 6 месеци натака, без некоја битна причина. Цуцла користиме само за заспивање (јад и ја држам) и после кога ќе заспие ја плука значи минимално во текот на денот. Ми личат слична форма и материјал, па се мислам дали да земам таква или да не се глупирам без потреба Има некој сменето од Bibs на Frigg или обратно? И на која возраст ги тргавте цуцлите кај бебиња кои што ги користат само за заспивање?
Јас ги имам и Бибс и Фриг. Тие од Фриг што се од латекс имаат премногу слична форма и големина како Бибс. Моево ги користи и двете наизменично без проблем. Исто, цуцла му давам само по потреба, за заспивање ако не заспал на града и ако многу е раскенкан а други работи не помогнале да се смири.
Месец ипол до два. Следи ја цуцлата ако пожолтува, омекнува или прави звук кога ја цуца како да има вода внатре е веќе за во канта
За првото дете користев Авент натурал шишиња. Од раѓање па се до 3 години, само цуцли менував. Сега многу претерале со цените, едно стаклено шише е 930 денари, две цуцли над 400 денари.Сега кај и да е треба да се породам за второ. Земав од ДМ стаклени шишиња на Бејбилав и неколку пакувања цуцли. Ќе пробам со тие, па ќе кажам, некој ако има искуство би ми значело. Цуцли лажливки за првото исто користевме Авент Soothie во форма на мече беа. Сега нема такви, а во аптека ми дадоа пак на Авент, цели силикон само друга форма надворешно (не е мече, како срце) , тврдат дека е истиот облик ортодонтски. Не сум во тек, не знам доколку не ги прифати тие какви да земам ? Сакам ортодонтска да е, Бибс ми беа многу слатки, но обликот не е ортодонтски. Па ќе ги прескокнам.
Малото од 120мл е околу 700 ден. Овие од 240мл се по 930 гледав низ повеќе аптеки. Стаклените зборам. Пластичните се со 150-200 ден поефтини, ама не сакам пластични. Во ДМ од нивните Бејбилв мало е 199 ден, големо 289.
Епа не се. Гледам месеци наназад. Посебно стаклени, по 1-2 ако има на рафт, некогаш ниту едно. И по аптеки гледам, и на Ананас имаше некој си "попуст" за сет шишиња, ама пак не е тоа тоа. Не очекувам 300-400 ден да е Авент, ама за првото дете купив 8 и паметам дека беа по 600-650 и пак беше поприфатливо. Штета што ниту едно не ми остана, ги искршивме оти до поголем пиеше млеко од нив.
Последно од Март дури до Август било големото на акција 759, сега е пластичното тоа не те интересира знам. Во Јануари зедов со -20% во скоро сите аптеки имаше тогаш акција новогодишна, имај на ум и тогаш да провериш.
Моето синче пиеше од стаклено шише на babylove, супер се и со пристапна цена. Цуцла користеше кратко, на philips soothie. Ја купував во аптеката во Ремедика, некогаш ја наоѓав и во Еурофарм. Спојлер: Цуцла
Знае ли некој, дали шишенцата на Кикабу одговараат со електричните пумпи на Кикабу? Дали ќе може да си земам шишенце и да го користам и на пумпата или ќе мора да си го користам шишето од самата пумпа и да претурам
Женски се спремаме активно за јадење од нареден месец денес нарачувам прибор, тањирчиња, лигавчиња итн. Имам прашање за водичката од 6месеци треба да почнеме по малку по оброк што е по препорачливо од клунче или од чашка со цевче? И од што пијат вашите
Почнавме со шише обично, несакаше. И давав од чашка за ракија да пие, да ја осети и проба водата. Да знаеш дека може и да ти одбива. Ќе бараш начини како полека да и воведеш. И земав јас на авент едно, демек некапечко, како па да не. Течеше. Ако се научи од старт со цефка супер си.