Баш сабајлево истражувам интернетов вика подобро со цевка него со клунче ради положба на јазичето а најдобро од обична чашка ако прифати ама некако мачечка ми стои за месец ипол од сега обична чашка да дигне и да пие ова со чашката за ракија убаво ти текнало
Несакаше никако и само со чашка од ракија давав. Не дека пиеше нешто којзнае колку. 10 пати ќе се закашла, ќе и залетне, ама ќе се навикне со тек на време.
Јас ја научив со цевка од вакво шише затоа што можеш да стиснеш вода да и влезе во уста. Со тој начин да фстиш малку вода во цевката па да и ја дадеш не ни успеа, ми ја зимаше цевката да си игра со неа
@merriel0 ќе те тагнам тебе зашто знам дека имаш искуство и зимаш квалитетни работи за спремање. Мајка ми сака да и земе поклон , вика што ти треба кажувај. Уште е мала ама за 2 ипол месеци би почнале со храна и мислам дека тоа е најкорисно што би можела да побарам. Што ми треба за почеток? Какви тањирчиња? Лажички? Нешто посебно треба ли да спремам и да купам? Кога ќе имаш време ако можеш пиши... Сакам да е нешто ко што треба зашто читав све и свашта на интернет и сега ми е шубе.
Јас менував сега се силиконско што имав и земав овој сет на металац, и овој сет на братство. Лажички, вилушки користам метални, такви детски демек (има и во дм), ама ако ја храниш ти можеш и со најобични. Мислам дека мериел рече дека користи керамички садови како за нас, што исто е добра опција ако тераш со традиционалното јадење со кашички, реално нема потреба кашичката да ја ставаш во "специјална" силиконска или пластична чинија, или ако имаш кејф за специјална може да е најобична керамичка јас земав метални зошто сме блв и и ги ставам пред неа. До сеа нема ништо на земја фрлено, ама знае да ја фати чинијата да го преврти јадењето
Да, убаво ти пишала Мариа, имаш и на братство сет за готвење за дечиња ако несакаш емајлирани од металац, еве линк https://shop.bratstvoinox.com.mk/setovi/set-za-deca-2 ама гравираните се прекјут ^^ јас имам касерола на металац емајлирано во тоа и готвев, ама го изгребав пустото па сега ќе зимам ново.
Ај сеа јас, што е тембало? Иначе во тие од братство што се од инокс не сум готвела и не сум сигурна дали се готви може некој знае, а во тие од металац емајлираните и во чашата сум готвела.
За мене се е чинија, т. е. мисур Не знам иначе, имам само подгревано на рингла во него, ама не сум готвела
Јас овес порано варев во ова како каша пред да одлучам дека киснет преку ноќ е поедноставно, тска да може да се готви ваљда
Корисен ќе ми е сетот од братство? И јас сакав таков да земам. Плус сакав и силиконски чинии пример од twistshake и некоја чашка за пиење вода, ама не знам дали мала чаша обична, дали со клунче или со цевка. Не можам да се одлучам, а веќе треба да почнеме
Чиниите ги користам многу, чашата не за сега. Ама мене дека на мм братучетка ми ги донесе од некоја продавница од Куманово ги земала па имам и едно како здела, тоа ми е најискористено. Пак ќе кажам, зависи што ќе даваш, за кашички тоа длабокото чинивче топ ќе ти биде Јас од старт ја учев со цевка затоа што во животот ќе треба да знае да пие од цевка и од чаша. Шише секако не пие, на доење сме, пс ми немаше поента да ја учам со тоа кога ќе треба после некое време да ја одучувам.