Јас имам од 24 bottles, чашка голема е може и за кафе/чај да се користи и за храна има различни капачиња, на подарок ја добив. Цело лето вечераше од таа, му правев сваштарии и со топло млеко, дека по цело попладне меревме улици низ паркови. Препрактично е, мислам може и од истите да нарачаш онлајн ама ако не знам во babycenter имаше на FreeON.
Кажете ми совет за цуцла за бебе од 3 недели што не знае да цица од Philips Avent пробавме и 1 и 2 џабе. Не влече дете. Се уморува заспива и пак е гладна плаче. Овие MAM Anti‑Colic цуцли/шишиња ги гледав добри ли се за бебе што нејќе да влече? Се излудев веќе и грчеви иимаме и шишињава ме побудалеа. Користам едно од baby love ама многу брзо и тече и мислам дека и од него има грчеви.
Моето на почетокот исто не можеше од Авент и користев од Медела со проток С (најобичните, не тие Калма скапите) и кога доби повеќе сила, сменив на Авент.
Ве молам совет, бебе 7 месеци, до пред 2 ипол месеци пиеше од шише измолзено млеко, и наеднаш почна да одбива, пробав повеќе видови на шише, но без успех, инаку е на доење. Пред еден месец почнавме со оброк и кога и нудам вода од шише со цуцла многу ретко пие, повеќе си игра, ја префрла цуцлата лево-десно. Што можам да направам за пак да прифати шише со цуцла? Со какво шише да пробам. Проблем ми е, бидејќи за скоро ќе почнам со работа и сакам да и оставам измолзено млеко.
Добри се тие на мам, ама течат да знаеш, ако сте на комбинирано со доење може да ти направат проблем да не сака да цица зашто од ова ќе му е полесно. Ние откако поминавме скроз на ад тие ги користам паралелно со авент и супер се, со тоа што моето околу пет ипол месеци се одби па од тогаш ги пробавме
Миме да ги чепа непцата со цуцлите од шишето затоа така да ти прави. Моево исто прави кога треба да му ,,пуукне" непце.
Знаете ли каде можам да најдам цуцла за шише philips avent со проток 1? Планирам да користам стаклено од 120мл на почеток, но сите што ги најдов се со проток 2 а се за 0+ месеци.
Проток 2 е уствари најмалиот проток на авент, нема проток 1. 2 значи дека 2 капки капат од цуцлата, што е премалку.
Јас имам купено и користено со прокок 1, од Германија.. е сега во Мк не знам каде да побараш.. види во Зегин јас имав купено ама 2ка. Ако не најдиш слободно пиши ми во Април ќе си идиме за Мк па можам да ти донесам
Немаш потреба од 1, 2ката е претешка и онака. Одвај влечат од нејзе, се мачат буквално. Многу брзо, ако не и одма ќе префрлите на 3ка.
Здраво ме интересира за шишињата philips avent . До колку месеци може да се користи шишето 1+ ? Од еден месец до колку ?