Мамички малава моја никако не сака да пие од шише. Од нареден месец ќе земам часови за кола и морам да ја оставам по 2 саати. Планирам убаво да ја нацицам пред излегување, ама не е на одмет и да се одмолзам за ако огладне. Ве молам предлог за шише кое веројатно полесно би го прифатила.
Гледај да не е со каучуковс цуцла само, од нив им е полесно дс тргаат, дане ти се одбие после. Мислам @BirMelek имаше земено некое шише со цуцла како брадавица, ако сум грешка нека ме исправи. А можно е и да не го сака мајчиното од шише. Има и такви деца
Имам да на медела калма. Срце ме боли кога ќе се сетам колку го платив Беба сепак не го прифати. Единствено го сака на авент натурал. А прво го сакаше и чико бенесере мислам беше, ама со каучукова цуцла.
@emkaemka so lesno do krajot Mi skrshi film za cucleto. Vaka epten shtosni ama kinesko ne davam da shmuka ne in veruvam nim
Те сваќам!! А какви користите?? Јас се изначитав декларации (не оние преведените наши, нивните) и разбрав дека се е Кина, конкретно од Чико на дел им пишува Италија, дел Кина, исто и на Авент, Велика Британија-Кина, Дифрахсов Франција-Кина ставаат лажни декларации на жалост, едни цуцли, шишиња се од таму, други од ваму и како може така, по големина, шара се различни производители Ќе ја извријам и нека шмука, ако и ги прифати
@emkaemka едно е кинески производ без фирма зад нив, друго е странска фирма, а производство во Кина, како се што е впрочем сега. Знаеме зошто е така. Исто како еве овде што имаме фабрики странски, не значи дека нема квалитет кога материјалите и обуката е според нивен стандард. Ќе немате гајле.
Штознам мене ми е шубе без разлика што се според стандарди правени. Јас не им верувам, исто ко на играчкиве од Џамбо и на нив има ознаки ама пак колку е тоа веродостојно е прашање. Еве конкретно на тропалца нивни им паднаа штрафови и боја почна да се лупи среќа на време видов и ги тргнав. Свекрва ми ги купила и и ги дала на поголемата. Исто ми е и со нарачкиве од Али се е таму контаминирано којзнае од која рециклажа ги прават и обувките , гардероба, лигавчиња, ја тоа на бебче не би му купувала. Којзнае кој тоа контролира и дали воопшто контролира. Цуцли користиме на Нук, Бејбинова, Бејбилав и тоа ги сака само каучуковите за сега.Мене некако Германциве ми се најсигурни тие барем контролираат квалитет. А дека не се замарам, ќе излажам не претерувам ама гледам да пазам колку-толку, зошто за пари денес се ни подметнуваат.
Нук, Бејбилајв, Нова се Германски бренд ама мајче пак во Кина се прават Али експрес е комплетно непроверено и друга тема е тоа. Џамбо имаш и помал и поголем квалитет на играчките, алиштенцата исто, памукот е солиден, како во сите фирми, Грчки бренд-производство Кина. Еве Крш да купиш играче што мислиш каде е произведено?? Кина. Чико облеката пази да не е правена во Италија.. Чекај ова ми текна од Мадеркеар мислам беше пишува произведено Виетнам е ај пак од таму.. Убаво пиша членката погоре околу стандардите и производството, а ретко што не доаѓа од Кина. Ако платиш повеќе не значи дека не е Кинеско, туку има Кина и Кина, различни брендови, различни стандарди, квалитет
Може да ми кажете што е разлика меѓу цуцлите лажливки авент 0-2м што се како посплескани (микро што се ) и тие класичните 0-6м ? Се мислам која да ја земам за новороденче.
Od site marki IMA soodverni za 0+. Najcesto GI koristat avent natural, tomie tippie, nuk. Sekoe bebe faka razlicno.
Имаш различни мајка оние на кој пишува 0+ тие се за новороденче. Имаш секако и различни цени. Пр. Чико,нук, томи типи, авент, ...
Јас имам авент и едно на мам. Го зедов за проба, ама ок е. Имам и медела калма (одеше со пумпата за измолзување), ама језиво ми е кога и давам од тоа. Ко да се дави имам чувство и не го користам.
Ne znaev kaj da pisam, Vie sto imate cucli avent od mecinjata vo sto gi cuvate? Od kade i kakvo kutivce?