Моето бебе го почна 4от месец. И до сега понекогаш се смирувавме со цуцлата на авент до 3 месеци што е но веќе не ја сака. Каква цуцла да му земам сега?
Пробај со поголема... ама може и не сака цуцла. Во фаза на скок во развој е најверојатно, па ќе менува.
Не знам, немам искуство со цуцли, моиве не сакаа, додуша јас не давав. Ама знам дека има различни величини од повеќето фирми, па побарај по аптекиве.
Мислам дека е скок во развој затоа што цуцлите на авент од 6-18 месеци се многу големи во споредба со 0-6. Зборувам за цуцлите што одат по две во комплет. Малата моја е 7 месеци и купив од тие што се 6-18 се дави многу и се големи па и купив пак 0-6.
Мислам дека таков модел се само од 0-3. Сепак побарај по аптеките. Ако не најдиш пробај од овие мислам дека ќе ги прифати.
И ние мака мачиме со цуцла,ќе и дадам она си ја џвака ,и шише не сака па сега сакам да земам на tomme tipee,ако може искуство
Има вакви цуцли од 3-6 м јас му купив на бебуш но не ги сака неможе да го задржи во уста му паѓаат, си ги сака обичните на Авент 0-6 што се.
Тешко дека ќе фати шише со цуцла ако е поголемо од 4 месеци. Веќе му е време да почне од чаша да пие, евентуално чаша со клунче. Моето имаше 8 и пол месеци кога почнав на работа, го доев, уште го дојам, ама не се одмолзувам. Кога не сум дома, јаде кисело млеко. Не пие никакво друго млеко. На почетокот почнав малку со адаптирано, кога пиеше, го пиеше од чаша. Ама и тоа престана да го пие.
Мајки, бебево уште малку ке наполни осум месеци и никако да прифати шише и купував неколку но не сака да повлече само ја гризе цуцлата а вода и давам со лажичка и сега што да правам дали да и купам од тие чашките што ги има по аптеки и која ке ми ја препорачате
Пробај со чашки со клунче. Имаш со меко и тврдо клунче. Ние со меко имаме на Мам купена во DM. Со тврдо имаме од Икеа две и тие ни се супер како обична чашка. на 8+ можеш и magiccup на NUK да ја пробаш. Ако не обична чаша ќе користиш или евентуално чаша со цевка.
Од кој чашки со клунче би ми препорачале. Сакам да почнам да ја учам малата да пие водичка од таква чашка, 7 месеци е или е рано уште ? Бидејќи сме на ад и ми е страв ако се научи да не ми одбие шише после или нема врска. Некој совет
Се трудам да фати цуцла лажливка, и ја ставам во муце секојдневно, пробам со надеж дека ќе фати ама јок. ја ,,цука" неколку секунди и ја плука. Еднаш бев поупорна па дури и поврати. Дајте совет како да ја научам на цуцла. Мислам дека ќе си го олесниме заспивањето така.