Не знам што цуцла имаш пробај од авент. На другарка 3 други и ги плукашр од авент од прва ја прифати. И мојата исто од прв ден си ја прифати.
Нук, Чико и една друга (не запазив фирма) силиконски и засечени ( форма града) Ај и Авент ќе земам. А да не ни е касно веќе за учење на цуцла, неполн месец сме...
Моето првиот месец едвај фаќаше цуцла, вториот така-така, а сега во трети знае дека цуце значи заспивање. Така да не е касно Имав и јас од Чико малечки баш како за него, ама не беше воодушевен од нив никогаш, имав и од Авент кои му беа огромни од 0-6 ама со нив се научи, сега ги сменивме ама на Авент е сеуште, дадов пред скоро и од Дифрахс ама не се намири со неа. Инаку кога ти ја одбива не и ја пикај упорно ќе ти створи аверзија кон неа. И моево еве цуца па некогаш ја плука со гадење.
Мојата на почеток убаво си ја цуцаше цуцлата (Како Меги од симпсонови). Јас не и давам веќе и сум пробала неколку пати да и ја ставам сега, ама прави фаци како на гадење и мислам секој момент ќе поврати.
И мојава исто ко малата Кукличка. На почеток ја обожаваше цуцлата на авент. Некое време не и ја нудев (заспива на цице), сега ја плука. што вика Снегулка за заспивање ќе заврши работа, зашто најголемиот проблем е заспана на цице да ја ставиш во креветче. 99% од случаите се буди, вришти и се враќаме на цице.
Моето бебе цуцла фати после месец може и повеќе, на почетокот не сакаше, Авент фати и потоа беше многу полесно за заспивање а и кога плачеше се смируваше со цуцлата. Еве го сега 6 м е и без цуцла неможе.
Му давам ад и чајче од шишиња од Медела, (само не ми се допаѓа што се пластични) ама некогаш се случува да ги измешаме шишињата и/или цуцлите бидејќи се исти па ме интересира дали е страшно. И за колку време треба да ги смениме?
Мојава ги сака само цуцлите на мам, инаку иаме и на нук и на чико. Шишиње иаме куп, авент, томи типи, едно америчко(јас така си го викам за ад е), едно на true, ама само си игра со нив. Си ги држи гризе ама не пие, ни вода, ни чај, ни млекце(измолзено). Може дека прво мам и ја дадов, ама гледам и уште една слична па ја сака, само да не се засечени кај делот за јазикот.
Кога ми беше малата бебе и имав купено само една единствена цуцла лажливка на Чико и не сакаше да ја фати, имаше нагони на повраќање, друга не купив. Ми беше многу тешко за презаспивање без цуцла, зошто мојата многу често се будеше ноќе ама за среќа цицаше и така повеќето пати се презаспивавме. За водичка (сок не пиеше) до една година користев шише со силиконско клунче и после и тоа и го тргнав и преминав дирекно на чаша. Во меѓувреме ја читав @Annath како ги советува другите мајки да не користат шишиња и цуцли за бебињата/децата (тие што се само на доење нормално) туку да им даваат од мала чашка да се учат да пијат. Од денешна гледна точка многу сум и багодарна на советите, иако не беа дирекно на мене дадени, за да не се користат шииња и цуцли, нормално за бебиња што се на доење. Во моментот е многу тешко признавам ама верувајте подоцна се исплати целата мака. Кога гледам како мајки не можат да ги одвикнат децата од шишиња и цуцли дури ни на 5 години, си викам уште еднаш фала и многу на Анатх
Пробав со цуцла на Chico не сака па зедов една друга калчук и силиконска и тие не ги сака сега се мислам да земам на Avent да пробам зошто многу тешко ми заспива и цицето си го прави цуцла а и од шише не сака едвај вода се напиваме па се велам и шише од авент да земам ми велат дека лесно ѓи прифаќале,секое дете е различно па си велам ај да пробам Мајки од која сте позадоволни инаку сме 7 м па незнам од која да земам
Која е цената на чашка со клунче и шише со рачки од Авент? Гледав на излог 690 денари ама не знам од која фирма беа..
Јас би ти препорачала подобро да земеш некапечка чаша, има на Нук и Авент, 600-700 ден се, ама вредат за секој денар
Јас навистина не знам што да земам а сакам да го научам да пие од чаша и само да пие од шише. Уште малку 10+ сме па би требало да е време за тоа...
Чашкиве се од 8+, моето ништо живо не сакаше шише, па реков директно со чашава да пробам... Два три дена се чудеше што е, па после се навикна...Сега има година и 8 месеци и веќе и од обична чаша може сам да пие, стабилно ја држи
Малово е 3 месеци и од прошлата недела нешто ми ја плука лажливката цуцла а само ја смукаше кога сака да заспие или на цице дрме или кога заплакува па да го заќуткам и чим заспие ја плика...а сега на моменти ја сака на моменти не Еве кога се мачи да заспие ја сакаше и заспиваше сега се противи и не затвара очи а ја лапне затвара очи и заспан е веќе...Чаре за ова нема нели? (а на авент се и одма ги фати тогаш) Дали да купам на друга фирма или?
Кај мене и синчето и девојчево сега најубаво ги прифатија цуцлите на авент, но не овие силиконски скроз, туку обичниве, убава права цуцла имаат и многу лесно ја фаќаа моиве. Ми се свиѓаат и што имаат и капаче за да ја затвориш.. инаку ако до 7м не фатило никаква цуцла, ни лажливка, ни од шише.. тешко да фати..
Значи тешко мене се мачи и таа за заспивање се држиме во раце па се поти,а така мислам со цуцла полесно ќе е,ќе пробам од таа што ми ја имаш сликнато па ќе видам ако не ќе си тераме така
Ние имаме како цуцлите на @mariz . Не сакав цуцла но кога ќе заспиеше не се одлепуваше од цицка па на 3-4 месеци прифати од прва.