Мечињава тешко дека ќе ги сака ние ја користевме кога имаше две недели после некое време не му ја давав па после кога му ја дадов се гадеше види пробај на нук
Купив вакво шишенце од Baby Nova. Дома го отворив - проблем. Нема каучукова или силоконска цуцла туку едно пластично капаче со депче како отвор кое не може да се вшмукува. За што служи тоа жити се? Малава ќе полни 6 месеци па реков да земам мало шише, ама нема шанси со тоа. Друго, од кај ги купувате Авент и Томи Типи шишињата?
Авент имаш по сите поголеми аптеки, јас сум купувала од Еурофарм, Зегин. Томи Типи исто, а има и во Крш нивни производи и повеќе избор, исто и во Беби Центар
Во упатството најчесто пишува на 3 месеци да се менуваат. Ама сѐ зависи колку ги користиш. Ако ти се за повремено, може и подолго да траат. Кога малата почна да вади заби, цуцлите ги менував на помалку од 3 месеци, затоа што ги кинеше, а шишенцата траеа подолго.
Мајки можи е тро повеќе глупо прашањево ама сите ме прашуваат зошто бебево нема цуцла лажачка... И си поставив сама прашање мое мислење гледиште чим не сака бебето нема потреба да бидам упорна за цуцла лажачка нема си велам никаква корист и од тоа.. Ама после си викам да не има па врска да не не сум доволно информирана да не е нешто за рефлексот на јадење да му биди поголем или па за запчињата ко ќе излегуваат да си чеша непцата или што ти ја знам други работи... Е сега моето прашање т дали да бидам упорна да фати цуцла или не.. И ако треба како ?? Пошто жива сила не го тера да ја фати ја фрла секундарно истото и за чајче ко ќе пијаме од шишенцата 3 имаме од авент и обични ниедно не го бендисува едвај со сили за да испија 50мл чајче
Нема потреба со сила да и ставаш цуцла, па уште помалку да и ја нудиш кога не ја бара, нема врска со никаков рефлекс за јадење. Нашиве што се со цуце ќе имаме мака подоцна во одвикнување, ти уживај си Моево со неа заспива и ја држи дур се вози во кола
Еее добро ко така да не му ја думам ама сите што идат ми викаат оти нема цуцле бебево и зато ми падна чудно...
И јас не му дадов цуцла,немам ни купено воопшто. Неможам да замислам по цел ден со силикон да е во уста и да шмука. Една другарка му ставаше цуцла да биде помирно и кога ке му дојдеше за плачење и ја плукаше и пак плачеше. Од шише пие мое измолзено.
Јас имам проблем со моево, не сака да фати шише со цуцла. Има шест месеци и решив да почнам да и давам чај. Досега била на цицање само. Не сака да го фати шишето и крај. Се што и паѓа во уста излигавува, плука. Цуцла лажливка не сме користеле. Проблем. Кажувајте чаре.
Ќе пробаш со чаша со клунче ги има различни. Ние ја користеме на чико 4-6м со силиконско клунче е и е некапечка. Треба да повлече за да и потече.
Ке си пробаш се полека.. пробај со силикон клунче, пробај со пластично клунче, а пробај и дирекно од чашка без цуцла, без клунче, како ние што пиеме. Бидејки знам случај вака бебенце што си почнало да пие директ од обична чашка... а еве имам и другарка со близначки (они пијат и од шише млеко), но вика како големи пијат вода од чашка
Дали некој знае шишињата на чико natural feeding дали имаат цуцла 6+? Имам дома две шишиња 0+, со нив пиеше бебе пиеше ад на почетокот сега пак со нив пробав и пие по малку ама ми е страв да не не му одговара веќе цуцлата и протокот да не е мал па затоа и да одбива да пие. Предлог за шише и цуцла за бебе 8+ со сличен облик како овие на чико? Шишето би сакала да е стаклено.
Не знам дали има во Енци, ама прочачкај на нивната веб страна, сите производи ги има, па ако има ќе видиш