Јас таа што ја гледав на нуби е ист принцип како онаа погоре на нук. Вашава неможам да видам дали е иста. Како и да е ќе ср пробаме, ако не од обична чаша ќе пие
@emkaemka јас купив лажички од бебе хоум спакувани во кутивче со капаче. Ептен практично ни се виде. Може 4 лажички внатре да собере (бар јас толку набутав ) лажичките на бебе конфорт добро е што имаат мало испакнување кое не дозволува делот за јадење да се допира на маса. Исто менуваат боја на топло/ладно. Јас во стерилизатор тоа тестирав
Ние сме 6+ и бебево мое никако несака да пие од шише.Пробав и со цуцлите на tommee tipee и со baby nova и ништо.Дајте ми некој совет.
Ako vi kazam malata od so pie voda .Od caska za tequila.Ni sise saka,ni caska so klunce.Samo od ovie najmalite caski
Пак јас проблем со шишињава. Купив вчера од ДМ, околу 200 денари беше, 0-6 месеци. Моето бебе има седум месеци, на доење е ама бидејќи ќе тргнам нели на работа за два месеци, морам да почнам да ја заучувам млеко. И дома после гледам на цуцлата има две дупчиња. Значи тотално непрактично, она со нејзината уста го фаќа едното дупче, а другото е многу подоле речиси до отворот на шишето и со устичката не ја фаќа бидејќи не и е толку голема устата. И фактички она цица, а млекото тече од другата дупка. Ауф пукнав. И јас будала ќе експериментирам/
Тоа е мислам антиколик цуцла. Дупчето што е одоздола треба да биде горе свртено, за да излегува воздухот и да не го голта. Иначе, искрено, мислам дека џбе се трудиш, подобро учи го од чаша да пие. Касно ви е веќе за шише со цуцла.
За водичка не ти треба. Сзо вика вода/чај не им треба на бебињата дур не почнат да јадат. Ако се молзиш, гледај да се компатибилни со пумпата.
Имам шишенца од пумпата ама дека ми е купена од али експрес не сакам да ми седи млекото во нив или да цуцаат бебињата . Треба ли да внимавам на нешто кога бирам цуцла за полесно да си пијат бебуши?
Јас од старт му купив ТомиТипи шишенце со цуцла 0+ со Антиколик систем без проблем го фати а на доење сме од старт.Но кога ќе искочев без него се измолзував и пиеше без проблем.Така си е и сега а 6м сме. Цуцла лажливка му дадов на Чико ја фаќаше (само кога ќе заспиваше) и чим заспие си ја плукаше.Но такви станаа грди ко не миени ко не стерилизирани и земав на Авент-Филипс и супер ги прифати.Но еве сега сме 6м и веќе не ја ни сака за заспивање ни па кога плаче сега гуга и заспива Јас лажливките цуцли ги видов подоцна има на МАМ 0+ толку е мала ситна сигурна бев дека ќе ја прифати лесно но подоцна ги видов дека постојат
Фала ти сега барем некаква насока имам иначе уплав да го фати човек во продавнициве избор голем, скапи цуцлиња...
Купив авент и една МАМ антиколик и на крај МАМ и стана поомилена. Не ги сака авент. Не земај многу. Земи колку да имаш, па после ќе гледаш што ќе прифатат.
Шишиња до кога се користат и за што? Нонстоп докупуваме нови ствари за бебето па гледам да тргам што не користам. На почеток му давав и ад па имаме шишиња, некои користени, некои нови. Користениве не планирам да ги кренам, ќе ги оставам за во случај да треба да се измолзам а новите? Ќе требаат за понатака? Туку не знам ни користениве дали се за употреба, пластични шишиња на Медела со калма цуцла. Пиеше месец ипол од нив ама па и калма цуцлава? Да не е голем веќе за неа?!?
Ако се стакло шишињата би ги кренала за наредно бебе можеби, цуцлите во канта. Не го учи вода и чај од цуцла да пие, купи чашка со клунче
Пластични се двете шишиња (само такви имаа Медела) па ќе ги фрлам комплет. Имам и три шишиња резерва што ги купив, само ги стерилизирав, не се користени па нив ќе ги кренам. За вода купив разни чашки (можеш да претпоставиш) не ми е во план од шише, ама за молзено млеко (не дека му давам, ама за секој случај да имам) не знам какво шише да земам , он и така откако ги баталивме силиконските брадавици нејќе ништо такво во уста.
Добре дојде во клубот Јас купив со клунче на томи типи не знае да пие, ја гриза, ама му тече сама, капечка е па пие по нешто. Купив и чашка-некапечка од Мадеркеар, кога-како се снаоѓа со неа.. Од обична, пластична јас да му давам пие најубаво, ама борби е