Исто и јас на Авент стаклената колекција која што е нула воздух внесување ја земав. Тоа е сет на две мали и две големи шишенца и цуцла лажалка 0+. Јас земав и стерилизатор на авент, сјај на фрош и четка за миење. Две лажички за секој случај и едно пластично за вода|чај за 6+. Со ова се планирам да минам една година
Супер се и Нук. Од нук земав и две цуцли за +6 со мики маус едноставно се неодоливи ( ги заборавив) Нук на изглед се далеку со подобар дизајн. Адвент се сепак први во класата за air free. Инаку се од нук би земала.
И со вриење и со стерилизација(постигнување висока температура на водената пареа) се уништуваат сите бактерии, така да слободно стерилизирај се од бебешка опрема,цуцли,лажливки,шишиња. А тоа дека се случува хемиска реакција... @FreeMind можеби мислиш на bpa-да, се ослободува при високи температури, но само кај шишиња кои го содржат истиот. За други брендови не знам, но Philips Avent се безбедни дури и за користење во машина за садови.
Малиот од старт пие од исти шишиња Бејби нова. Првин беше со мало S дупче, сега е со М. Во последно време чудно пие, ќе се залета да пие, па воздух изгледа повеќе му оди па се закашлува и престанува, после моли колку сакаш, не продолжува. А воздух од самото шише не доаѓа, баш гледам, убаво си тера млекото. Да не треба да сменам со поголема цуцла и/или поголемо дупче? Има од Канпул цуцли што одговараат на овие шишиња исто се со М дупче ама самата цуцла е поголема. Вие како менувавте?
Мамички пластичните шишенца во кои им давате млекце со што ги миете? Јас ги вријам еднаш во денот а после само ги попарувам со топла вода од чешмата, се мислам да не не е доволно.
Јас ги стерилизирам пред секоја употреба во стерилизатор. Иначе стерилизирање дали во стерилизатор дали со вриење во тенџере е истиот процес.
Девојки какви шишенца користите за новороденче? Сите ми викаат да не земам од сега, може ке цица, ама барем да имам едно две
Земиси 1 филипс авент или томи типи од 0+. Дај боже да не притреба, ама 1 за секој случај имај си. Ако не можеби потака ќе се искористи.
Мајки, се мислам за нови цуцли за бебуш и неможам да се одлучам,кажете ми вие од кои сте задоволни philips Avent, Dc Brown's или на Mam