Сите мајки кои сте пред пораѓај ви посакувам да поминете со лесно и пред се здрави бебиња да раѓате Патем овде некако сеуште мислам дека припаѓам, во мајчински никако да се осмелам да пишам или да прашам нешто, еднаш пишав и никаков одговор Зошто мојава неќе цуцла да земе а пробав и со latex која има иста форма како градата Секогаш кога и е време да спие плаче за да ја ставам на града па ја користи како цуцла и спие
Повеќето што цицаат не фаќаат цуцла..Јас со првото така си цицаше супер,си напредуваше убаво,ама цуцла не фати.А заплаче на цицеДобро е што бар шише фаќаше,си пиеше без проблем се и после 7 месеци кога престанав со доење,одма се навикна и на сокчиња и на друго млеко.
Биди поупорна. И моето до 3 месеци не ја сакаше, но со малку напор од моја страна се научи да ја сака. После пак одвај ја откажа. Две истовремено цуцаше . Сепак раат е со цуцла, така и заспиваше.
И моето никако нејќи цуцла, само цицка нејќи ништо само на доење сме и напредува надпросечно, пиши во темата совети за бебиња од 0-6 месеци таму ќе ти одговорат
И мојот цица и цуцла никако не сака. Прво мислев дека е до обликот на цуцлата, ама не. Од шише на авент има пиено измолзено млеко, ама цуцла не сака. И кај мене за заспивање 2 сата седи на цицка, кога сака да има нешто во уста, а некогаш и ја пушти и само така си заспива. Само еднаш ми фати цуцла,ама кога беше ептен гладен. Вака кога му ја ставам му се гади, ја плука, дури еднаш и почна да се дави. Па така јас се откажав од цуцла, ми ја треба за да се залажува, а кога е гладен треба да јаде, а не да држи цуцла.
Од нук сум многу задоволна, посебно од шишињата. Како нови се уште, на сето вриење ни ознаките не се избришани.
Го користам за малиот, сега за второто сакам да земам, па се мислев дали Нук повторно или Чико(нив ги немам пробано) А инфо за цуцлите лажачки од Нук? Таква немам пробано зошто првото не сакаше цуцла воопшто.
Имавме и цуцла на нук ама не ја сакаше. Од baby nova користевме цуцла. На нук некако поголеми беа во надворешниот дел, не знам дали тоа му сметаше.
И мојава е на цицање и не сака цуцла. Ама не верувам дека е до тоа пошо на почеток давав измолзено од шише. Малце знае да ја поцица кога се возиме во кола и само тогаш. Имам два различни вида на авент.
Мајки јас земав пластично шише на чико и сега земав исто пластично на томи но еден аптекар ми рече дека пластичните шишиња требало да се менуваат на 2 месеци? Ги менувате ли вие ?
Јас од локална аптека ја земав. Зегин мислам не држат Нук,за Еурофарм не знам. Спојлер: Чашка И Нуби имам иста ама не е од тука. Можеби во Зегин има.
Јас после 5-6 месеци ги сменив зошто 4 месеци само чајчиња му давав да пие и само 2 пати млеко инаку викаат да се менуваат ако даваш ад зошто упива пластиката Инаку ние веќе сме 8 и од сите цуцли највеќе ја сака онаа гумената од 0-3. Има ли за негова возраст некои гуми слични? Знам дека има на авент околу 600 2цуцли ама има ли само една да си купам? Ми е страв да не му наораам проблем со вилицата зошто му е мала иако не сме нонстоп со цуцла
Мајки како сте задоволни од некапечките чашки на Нуби? Ние купивме ваква се надевам дека ке фати да пие од нејзе бидејќи до сега ниту цуцла фати, а од обична чаша се дави, само цице сака Инаку сме 7ипол месеци