Можеби има тема не најдов па тука да ми пишете како сте опремени за од 6+ со која фирма на силиконски или пластични лажичиња,тањирчиња гледам на томи типи интересни но не го разбирам тој дел какви да барам. Не ми е за брзање но чисто секое одење во продавница да си купувам да се опремам.
Имаме насоберено се и сешто. Секакви тањирчиња, лажички и ред други работи. Најмногу ги користиме лажичките од бејбилав а тањирчиња не бирам, оние длабоки обични пластични користиме сега за кашички. Битно е само да јаде .
Имаме тањирчиња Софи и од ДМ, плитки и длабоки. Лажичките од ДМ на бејбилав најмногу ги сака, а на почеток ги користев лажичките на бебе конфорт со индикатор за топлина.
Да ве прашам , земав две цуцли од Tommee Tippee пластични се , дали може да ги стерилизирам во стерилизатор за цуцли? Зошто се пластични па викам да прашам. Се надевам дека нема да испушта штетни материи пластиката..
Шишето за новороденче на philips во рамстор е на акција од 715 на 500 ден, во случај да и е потребно на некоја мајка
На Авент сите ја фаќаат Предизвик е друга да фати. Инаку @Мариаа. зависи до бебето, мојата сите ги фаќаше на почеток, така да можиш да пробаш и со друга.
Моето у болница не ја фати Авент, сестрите му ја бутаа со сила и неќеше. Дома малку ја прифати на Чико Физио софт и после 6 месец неќе да види цуцла. И ќерка ми исто не сакаше цуцли, сама им откажа љубов пред да наполни годинка.
На почеток многу ми бркаше работа цуцлата, сега веќе сакам да и ја отфрлам, само тешко ќе оди посебно за заспивање.
Дали знаете каде има производи на baby ono освен во бебе супермаркет, таму бев се што сакав им беше завршено
Ова излезе успешно и практично? Го имам готвачот па ако не мора да не купувам и стерилизатор сега... Мојот е на три нивоа. За шишиња ми е главно и за пумпата за одмолзување