Да не испадне ги рекламирам томи типи ама моево само од такво пие. Лажливка исто од томи типи користевме, шише со цуцла не прифати никакво. Разни шишиња и чашки купив и само од томи типи пие со клунче. А и ми се допаѓа што не може да истече од него, тече само кога пие. Што е добро бидејќи го фрла каде стигне.
Па да уствари и јас се измачив додека го научам да пие. Му давав од шише со клунче на babylove, му сипнував по малку и тргав бидејќи исто и тој не влечеше а му го давав другово (томи типи) шише стално, после некое време почна да влече.
Мајки дали некоја го има шишево од Babylove? Ме интересира дали е силиконско клунчето и дали е погодно за 5-6 месечно бебе,да не тече премногу? Мали ми појавува желба сам да држи шише, го имаме од Авент стакленото,ама тешко му е, му паѓа. Сакам да му купам вака со рачки за полесно,па и да пробаме со клунче. Сликава едвај ја најдов на нет, денес купував пелени во ДМ,ама не сакав да вадам тел да сликам,со ракавици бев, мислам дека ова е тоа што го видов. Кај нас е 200ден. А во план сум за ваквото шише од Нук (гледав на веб сајтот на ДМ во Германија е 5 евра, кај нас 11 ) И дали е капечка или некапечка? @FreeMind ти живееш во Германија,да не ти е познато
Мајки дали имате совет некаков ,бебчо не ми фати шише никако почнува да трга и кога ќе му потече се гади се трга со устето, ги купив сите шишиња и различни цуцли што постојат,купив и со клунче неќе... а 6 +2 недели сме ,треба нели и друго да пие ,сокче чајче... што да правам? Има ли некоја мајка слично искуство?
Седи и одмори. Ќе пие кога ќе му се пие тоа е негде од 10-13 месеци. На 6+2 сигурно сок не му се пие додека му се развива цревна флора ниту пак чај и вода. Само цицка му треба т.е млеко.
Постојано сум притисната од мајка ми,свекрва ми и баби тетки како детето немало да расти како морало чај и вода и како до сега не сум го научила да пие од шише ,како тоа дека јаде само едвај 1 каша на ден а веќе се наближувало 7ми месец морало по повеќе да јади.. и веќе ке полудам се запрашувам дали правам се како што треба
Мајки наскоро ќе почнеме со воведување вкусови па ако може да ми кажете кои лажички се најдобри за 5+ месеци. Имам на бејбилове од ДМ, ама гледам некои користат силиконски, па да знам дали да купувам нови.
Ох бе со тие специјалсти баби...до кога моето 7+ некогаш не јаде ни 1 каша на ден па како мишелинче е машала, првото дете исто. Ке пројаде, и вода ке пропие, се ке биде во свое време. Гледај нека цица што повеќе ако го доиш. Некои бебиња потешко се навикнуваат на тврда храна, ама сите научиле да јадат. Штом напредува убаво, се си е ок.
Ние ги користиме тие на бејбилов во три бои што се, што менуваат температура ако храната е многу топла, задоволни сме