Какво шише да земам за 4месечно бебе? Некогаш сакам да оставам млекце за пиење кога ме нема, или понатаму кога ќе почнам со вода. Па кои се најчесто прифатени. Инаку цуцла лажалка не прифати па затоа се мислам какво шишенце.
Константин не ми фати цуцла, ама се надевам ова дека ќе фати. Инаку "вриштати" без прекин е страшно напорна ситуација. Дајте предлог за убава цуцла, некоја ваљда како брадавица има и плус некое шише го зборевте, мада ја сум од Авент задоволна и тоа она како брадавица, ама не купувам од одма, сакам да цица. Сепак слики сакам да си чувам . Тенкју
Додека не пробаш дали бебуш ке го сака шишето, џабњ ке кажеме дали сме задоволни или не. Јас дома имам авент и чико. Додека беше помал само од авент пиеше (давав молзено кога сум излезена), сега пие од чико. Дури и чико имаат повеќе типови. Породена ли си, прашуваш само за квалитет или сакаш однапред да купиш?
Џабе ставаш, со сила не бива, Константин никогаш не фати. Си имам малце трауми од вриштење , ама па бар заби не искриви и не цуцал никогаш прст. И тоа и тоа си има маани и предности.
Некоја од вас да има ваква чашка? За беба купив минатиот месец ама не можам да разберам зошто не тече вода?
Некапечки чашки се овие, не треба да тече Треба малото само да повлекува. Дај и фора да се привикне малце
Јас земав од томи типи за бебе, 6+. Слично изгледа, не знам дали на ист принцип функционираат. Не капе воопшто додека не стиснеш на горниот дел со горната усна. Едвај јас успеав да ја натерам да капне, а не па син ми. Ќе ја повлечам од употреба сега за сега, кога ќе пркне ке му ја дадам пак, кај има сила тоа бебе да пие од таа чаша.. Еве ја ваква е https://www.bebesupermarket.mk/product/Tommee-Tippee-Cup-360-hm2kS
Девојки грејач за топлење на шишиња, каде има да се купи? Гледав во Сетек, имаше на Авент, околу 3000 ден. Има ли некаде поевтин да се купи?
Мислам дека од Томи Типи се 2500, ѕирни на сајтот на Бебесупермаркет. И на Енци менци ѕирни, имаше и таму гледав, но не ми текнува колку е.
Што и да купиш е ризик. Прво затоа што некои бебиња поради шише се одвикнуваат од цице, значи ако сакаш да доип може да ти направи проблем. Второ може да купиш авент и да не фати иако голем дел од бебињата прифаќаат авент веднаш.