За да му дадам од одмолзено на пример. Може нешто итно ќе ми испадне ако треба и АД да му дадат. За да му дадам водичка со ким за грчевите. Нема да трчам во последен момент. Поради многу причини ете ова е пример за неколку. Сепак нема зијан, ќе го користиш понатаму за вода за било што.
Дали сте користеле производи од германскиот бренд НИП. Ги продаваат во локо кроко, баш гледав шишиња со гумено клунче, вака добро изгледаа.
Девојки, прва бременост ми е, се спремаме за бебушка и ме интересира што ми треба за почеток : - шише мало или големо - стаклено или пластично - цуцла силиконска или каучук Инаку планирам да земам на Чико или Авент, па после ќе видиме за навикнување. Лажливка не би користела искрено, ама сепак зависи од бебушка, но не знам дали да купам и тоа пред да се породам??
Јас земав каучук стаклени шишиња чико и воопшто не сум задоволна. Многу брзо течеше цуцлата. После тоа земав авент и таа не ми се допадна. На крај земав томи типи и таа беше супер. Ама бебе после 7 дена дома премина на ексклузивно доење и сеа останаа така да стојат. Лажливка исто земав чико една целосна од каучук и две со пластична основа а цуцлата од каучук. Тие што се со пластична основа бебето не ги сака, му мирисаат. Ја прифаќа само оваа целосно со каучук што е. И јас сум против цуцли лажливки, но кога искачавме за прегледи во болница ако почнеше да плаче таа го смируваше. Така да земи со барем една за таа намена.
Колку ми е смешно вака коа ќе прочитам НЕ БИ САКАЛА ДА КОРИСТАМ ЦУЦЛА... Саати од ѕид му вадам за да седи мирен 3 секунди за да му сменам пелена, па за една цуцла...пффф @Мариаа. ела ваму да им кажеш дали мењаш цуцла за една мирна ноќ у период на скок
Мењам две цуцли ако треба, плус шише. The struggle is real, ама немој да си немајка сега бе. Цуцла ќе давала
Мами 4ипол месеци сме почнавме со вкусови пробување и педијатарот ни рече да му давам вода од чаша или со лажиче а никако со шише, па ме интересира какви чашки користите?
Стакло купуваш еднаш и само менуваш цуцли. Ама ке го користиш до кај 9 10 месеци најмногу, потоа ке почне бебето само да сака да го држи шишето и мора пластично да купиш. Стакло ем е потешко ем може да го фрли. Ако е само на доење можеби шише нема ни да ти треба воопшто. Синко пиеше измолзено млеко (кога сум излезена) од авент стаклено шише до кај 6 месеци. Потоа не сакаше никакво шише. Сега вода пие од пластично шише на чико. Имам куп шишиња и чашки дома ама купени се од мерак, нема реална потреба од толку. Ти за мерак можеш да купиш какво сакаш. Авент е најприфатено. Ама има на ум дека некои бебиња се одбиваат од цицка заради шише.
Ако планираш да измолзуваш и да му даваш кога си излезена, види каква пумпа ке купиш. Со секоја пумпа доаѓа и шише, па види и комплетирај. Со медела оди цуцлата калма (иако тврдат дека е исто како бебе да цица од цицка, @Kaetana објасни дека е лага и зошто не е така). Медела имаат и обични цуцли, а шишињата им се стандард. Со авент пумпа оди пластично шише, па ти можеш да си купиш стаклено авент, па да си ги менуваш. Колку за инфо, авент и чико имаат ист отвор.
Томи Типи, Медела или Авент за прва цуцла (шишенце и мамливка)? За почеток си мислам да купам само едно стаклено шишенце и една мамливка па ако ги прифати убаво да докупувам по потреба. Некако цуцлите на Томи Типи најмногу ми ги испофалија во аптека. Рано ми е, ама да си прашам ваши искуства.
Баш пред некоја страна прашував, и женскиве томи типи ми го препорачаа. Земав пластично шишенце со индикатор за температура колку да имам, и цуцлиња. Многу се убави, се надевам ќе ги прифати бебуш. За големиот имав од Нук и не прифати, ама и јас не инсистирав многу тогаш и не купив други.
Јас купив Томи Типи шише и цуцла лажливка,исто купив и на Нук шише и цуцла лажливка. Цуцлите лажливки и двете ги прифати но Томи и е многу поомилена отколку Нук,а додека од шишенцата од Томи несака да пие а Нук го обожава ( со други шишенца и цуцли не сме пробале)
Томи типи мое бебе цуцла не сакаше, авент одма прифати. Шише додека ми дојде млеко пиеше од чико претежно, сега не сака од никое зошто цица.
За тие што сакаат да даваат шише, било кое е ок, само гледајте да е со помал отвор. Тие што сакате да доите и што би давале шише, разгледајте и опција paced bottle feeding. За тие што сакате да доите и сте решени - размислете за лактациски сет. Јас на пример би направила вака - не купувам ништо. Би сакала само да дојам. Ако нешто ептен ми треба, ќе застанам од болница накај дома да земам. Во болница би работела на доењето - бебе нон стоп со мене, стимулирање кога сака колку сака. Млеко сигурно ќе надојде уште во болница ако се работи на тоа. Дома ќе дојам и ако има потреба ќе дохранувам до лактациски сет директно на града. Ем бебето нема да се одбие, ќе се научи да цица, ем ќе стимулира повеќе млеко кај мене (ако нели го дохранувам затоа што немам доволно). Ама сепак - и сетот би го купила отпосле со надеж дека нема да ми треба. Цуцли лажливки се препорачуваат подоцна - после успешно воспоставување на доење. Повторно, за тие што сакаат да дојат.