Овие се од 6 месеци нагоре, кога ќе може самостално да ја држи На моето две различни му купив но не пропи од ваква, се што е со силикон не сака да смисли. Со лајче давам најчесто вода.Најдобро е да купиш некоја поефтина да видиш дали ќе ти фати. Оваа од мам што ја имаш постирано не е скапа мислам можеш да ја пробаш за почеток.
А има некои за помали? 4+ сме и сега некое време почна ние ако оиеме кафе да посига по филџанот па му давам вода со чаша обична зинува посига со раце и пие..ама многу ми се водени па да му земам некоја можи ќе сака од ваква ко ќе почниме со дохрана
Сите деца прават така. Сакаат да видат што правите вие, љубопитни се. Рано е уште да пие само од чаша. За почеток пробај со чашки со дршки, има убави со вакуум. Јас имам на мам и на бејби лов, едната е 300, другата 180 200.
Е па затоа дека е мал и јас сакам да земам од овие..мам и нук во зегин ги има?? Бејби лов во дм знам ама немам дм овде во прилеп..
Има мислам на Томи Типи за 4+ и на Мам како што кажа @Ceculka . Може да му купиш да се вежба, само стави му водоотпорно лигавче или тетра кај вратчето, и остави го само нека си пробува. Нека се вежба одсега подобро. Ако не сака од тоа, чашата тука е.
Па се надевам ќе сака а и попрактични се дека со рачки се..тој дека ад пие и навикнат е од шише и сега ко ќе му давам посига и сам го оставам да го држи..некогаш го додржува додека го допие а некогаш па му паѓа и пак му го давам..
На почеток додека давав ад пиеше од медела шише со калма цуцла, задоволна сум, ми се одби од шишето, а не од градата. Имам и авент неколку шишиња ама сега не сака никакво, прави фаци како да се гади. Цуцла каква да му купам некоја поубава и голема? Овие од енци менци на Чико ич не ги сака и мали му се некако,исто и на авент не ги сака.
Една познаничка од ваква чаша за 8+ месеци што е даваше. Малото беше тогаш околу 5+. Никако не сакаше да прифати од тие со клунче или било какво шише. Па му го тргна тој горниот дел на чашкава и тетра под вратчето, и така му даваше, секако со нејзина помош, инаку ако даде само да пие жива вода ќе се направи Ова исклучиво за деца што не прифаќаат цуцла или клунче, но некој деца немаат проблем со прифаќање.
Грешка си. Има рок на траење на пластичните шишиња. На нук сигурно сум видела пишува одреден период од дата на производство, за други не сум загледала. Пластика после некое време се оштетува, особено ако се врие и стерилизира.
Гадни стануваат цуцлите пoсле 1 месец кoристење мoра да се менува. Jас личнo имам виденo на бебе штo има 9 месеци цуцла oд раѓање не сменета ми се згади.
@Ano @Larahappy ниедно бебе не пие од една цуцла само, верувам дека имате минимум 10тина, како и јас. И таа цуцла не се користи ексклузивно нон стоп па да стане батал, па уште и после месец дена. Ако само од една цуцла ги храните, па ја миете, тоа е друга работа. Баш ние кога сме биле бебиња, ни мењале цуцли на месец дена. Нема што да ти се гади, ако не знаеш да му ја измиеш цуцлата и после 5 употреби ќе изгледа засвињето. Не ја разбирам потребава на денешните мајки да фрлаат како луди и премиваат се по сто пати, а тие што не го прават тоа да ги сметаат за прљави. На тоа дете што не му е дадено можност да дојде во допир со бактерии, не може да изгради имунитет, тоа е факт.
Скроз точно за имунитетот, се согласувам. И мене докторот сега кога ми рече да го оставам на под да лежи ми напомена нестерилна околина. Но, мислам дека мајките погоре сакаа да кажат дека ја менуваат пластиката заради материјалот зашто знаеме дека има рок на траење, испушта токсини после подолго време. Затоа и флашираните води имаат рок на траење. И јас имам повеќе цуцли и шишиња и не ги фрлам зашто ги користам сите, а многу ретко пиеше малиот од шише,сега веќе не.
Да. Одамна го имам. И го користев кога требаше да го дохранувам бебето. Затоа и го препорачувам. Има и варијанти DIY, не мора да е бренд.
Јас сум бремена со близнаци па сакав да пробам со повеќе доење зошто со првото дете не ми успеа многу не фаќаше за ништо живо само со пумпата бев. Тука во Грција на Медела се околу 35 евра па може да пробам. Фала ти
Малиов има секој ден два оброка ад и имам две шишиња и две цуцли, не знам што ќе ми се повеќе, ги користам тие што ги имам и затоа ги менувам. Но мене не ми се потребни повеќе, на друга можеби и' се. Некој наеднаш ќе има 10, друг постепено ќе има вкупно исто толку. Избор е во прашање и секако е океј. На земја ни лежат децата, кај може стерилна да е средината, си добиваат можност за стекнување имунитет. Пикаат раце и нозе в уста, нè допираат нас, далеку од стерилно е сè и не се заштитени од бактерии. И не е муабетот кој бил гнасен, а кој чист. Бог да чува, секој си е за себе и си прави како што сака. Никаде не видов некој да пише дека се гнасни тие што не менуваат шишиња.