Ти? Нема да спиеш Јас спиев навечер, само тогаш заспиваше поцврсто и успевав да се извлечам. Чекав кога ќе ја пушти цицката и нема да ја бара и тогаш станував. После почнав да го префрлам во креветче. Убаво да заспие, па се извлекував, па ќе почекав и после во креветче го префрлав за да можам да поспијам, иако и тогаш раат се нема Сè додека не е цврсто заспан, дотогаш ќе ја бара назад во уста. Дење вакво извлекување беше тешко, многу полесен сон имаше и со саати сум лежела до него за да отспие. Проблем беше што јас не можев да спијам во тоа време, веднаш се будеше. Те сфаќам, но ќе помине и тоа, нема засекогаш да бара цице за да спие. Те фаќа нервоза и сакаш да станеш, да се протегнеш, да мочаш, да се напиеш течност, а бе да мрднеш едноставно, но не можеш бидејќи ќе се разбуди. Но ќе помине, ела да те погалам по глава за утеха
Многу ме утеши  . Умрев за спиење подочњаци до уста имам . Едвај заспие цврсто во 1 по полноќ и сабајле нај касно до 8 спие. И на секои 2 часа за јадење се буди
Мачно е, сосема те сфаќам. Рано заспива откако е роден, летото до 20 часот беше заспан, а сега до 19 откако се смена саатот. И кога се будеше во скок, пак сврзуваше барем 3-4 часа до кај 11-12. Имало периоди и на два часа да се буди, но тогаш уште спиеше меѓу нас и само ќе му пикнев цице, па му требаше да зацврсти и пак продолжував да спијам до следното будење за цицање. Како што растеше, така сè повеќе сврзуваше сон. Ќе биде подобро, издржи
Мене не ми е толку тешко станувањето на 2 часа за јадење колку што ми е тешко тоа што заспива касно. До 12,1 вечер не можам да ја успијам. И иако доцна заспие сабајле рано стане. Во текот на денот има 1,2 дремки од 15мин и толку т.е ич не спие
Зезнато е тоа. Моево барем во 8 ќе заспиеше, па ќе се избањав и ќе си легнев до 10. Е денски спиеше малку бидејќи го будеше секое мое минимално мрдање. Па ајде пак призаспивај. Мачно, навистина. И си велев алал да им е на тие со бебе и со мало дете. Но можеби ова е тренингот
Леле Оли/Марек алал да ви е ви симнувам капа Оли како си издржала така да сум му цуцла ќе шизнев жими се Ама до човекот е мора да си смирен е ја сум живец. Ја ненаспана во раце не можам да го држам ќе паднам мислам. Он врзува по 4-5 ч од 19ч до 23ч па од 23 до 4 сабајле сигурно спие Ич ќутам не смеам лош збор да кажам Мајки со лесно нека ви е ви пуштаме сила
@0ли де и мене погали ме,моментално лежам до неа а таа си спие со цицка во уста Иначе спанка е,од вчера од 20:30 до 9 утрово спиеше,со неколку цицања и кратки паузи да ме види Сега во фаза на вадење заби сака да е со цицка во уста по неколку саати навечер,кичмава не знам дали е моја,се искривив. Ај,за некоја год ке тргне во школо
@Milkiway Не знам ни јас како издржав. Ме фаќаше нервоза, но кога ќе легнев до него и кога ќе ме допреше и погледнеше, готово, сè поминуваше и имав нерви да издржам, си велев најважно е тој да отспие, му треба сон на мозочето. Башка се измачив додека добив млеко, желба ми беше да го дојам и си велев пукни, издржи, ова му треба сега, подоцна ќе те откачи. И така испадна @dunika Ела си Ќе издржиш, ќе помине, тоа и' треба сега
Здраво мајки, ме интересира вашето мислење за овие цуцли и шишенца? Уште тоа ни остана па не знаеме какви да земеме.. Благодарам однапред
Јас ги користам шишињата од кога е родена и супер се. Што е нај важно и си цица, шишето не ја одвикна од цицка
Мајки дакте предлог за цуцла Сега користам томи типи и болничкара од ремедика Гледав по аптекиве ама мислите ли дека ќе ги прифати обичните цуцли? Овие две ми се во форма на града не знам дали со таква да терам. Сакам некоја на изглед да е убава...
Ќе мора да пробаш за да видиш која би ја прифатило, зависи од детето. Јас какви не пробав, џабе. Пробај со една, па ако не ја сака, одиш на друга.