Со постарото уште авент користам си пие сок од нив и вода. Но тој цицаше. Но доста гледам мам ги користат а и што им е фора од доле што се отвараат? И за друго сакам да менувам да не е навикнат само на една форма бодејќи еве освен авент другиот не сака никакво друго шише
Јас на бејби лове едно обично за чај му земав го прифати само лаком е многу тече во тоа млеко не би Ај баш ќе ги пробаб и мам и адвент Мам имам едно ама за од 4мес како мислиш од доле се отвара?
Моето бебе после 4 месеци ја прифати само оваа цуцла https://bebesupermarket.mk/product/Tommee-Tippee---breast-like-0-6m-Xx28g. Имаше членки чии бебиња како моето не сакаа никакви цуцли.
Се отвара доле за да ставиш вода да го поклопиш и се става во микробранова Печка за да се стерилизира самото шише
Мајки, вие што сте на доење и ад и користите/сте користеле медела калма, дали знаете до кога е препорачливо да го користиме тоа шишенце?
На почеток и моето бебе не сакаше од тоа шишенце, бидејќи не им тече без да повлечат и да се створи вакум. Првиот ден кога си дојдовме од болница, се утепа од плачење, гладен ептен, а не знае да повлече, а и во РеМедика пиеше од калмата, ама ете дома не сакаше, па му дадов од авент стаклено (среќа имав земено уште во бременост). Дури и си помислив дека незнам да го наместам ко што треба шишето медела, ама повлеков од него и се уверив дека тече, па после некоја недела, повторно почнав да давам од меделата, бидејќи ме искара педијатарот. Проверувај ги дупчињата, многу често знаат да се затнат, па да не им тече млекце воопшто колку и да влечат. Е сега, ако користите АР, тоа е погусто и уште потешко им е да повлечат. Биди упорна за да не се одвикне од цицање. Кога се затнати дупчињата или кога ќе забележам дека влече, а нема млеко во цуцлата, бидејќи се многу ситни, минимално, само со врв на потенка игла поминувам низ нив, многу внимателно за да не ги раширам.
А имаше млеко? Јас после три - четири недели по пораѓај добив асално и на почетокот само со силиконски брадавици му давав да цица, бидејќи не можеше да фати, не форсирав за без. Еднаш сам ја фати мојата брадавица и така продолжив. Совет од педијатар кога не испуштија од болница ми беше дење ноќе на два часа, макар и да го будам ако спие, и да му ја давам градата, а после тоа млеко да му давам, т.е на 2 часа доење, а на 3 часа млеко. Секако се расте и вака и така, ама еве ако планираш второ дете и сакаш да доиш, може ќе ти послужи моето искуство.
Женски, калма цуцлата на медела, дали е добра? Или да барам друга што има форма на града, и не дозволува да тече млекото лесно.
Прочитај погоре, баш за тоа зборуваме со @Krofna* Јас уште ја користам, дури и поголемо шишенце калма од 250мл земав пред два дена, а сме 3 месеци. Го дојам и плус му давам ад од меделата, за да не се опушти многу, па да го мрзи да влече од града. Ја користам по препорака на педијатар и сум задоволна. Мислам дека вреди да пробаш, само треба упорност, на почеток може да не е многу happy бебето, ама ќе се навикне.
Ми надојде млеко на сите од нервоза им секнува мене ми теќеше ко река само што мојот дечко вриштеше ко ќе го доближев до града доев со силиконски на голо немаше шанси, па почнав да се молзам и да му давам само што ќе го осереше вриштеше нејќеше во уста да стави мајчино и така се намачивме и двајцата 17 дена и реков толку не го мачам има АД и тоа е тоа Може погрена одлука ама негледав решение во тој момент
Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете и ако си сметала дека тоа е правилната одлука во тој момент-паметно си постапила. Битно да си пие млекце и да си напредува. Ко што кажав и погоре, и вака и така растат деца, само да се живи и здрави.
Нас не ни одговараше калма, незнам зошто ептен многу млеко одеднаш влечеше. Ние имаме шишенца на Нук од 0-6 тие што се и сум презадоволна.
Јас не се снајдов баш најдобро со тоа шише, малиот не ја сакаше иако во Ремедика со таква го хранеа. Но не значи дека нема да ти брка тебе работа. Од старт пие од Томи Типи, од цуцлата 0+ не тече многу млеко, кога ќе го свртев шишето обратно, не паѓаше капка. Додека не пробаш, не може да знаеш дали ќе ви е океј. Најдобро е во почетокот додека дојде млеко да се храни со шприц.
Јас се откажувм за цуцли. Се помирив дека јас ќе сум му цуцла. Мислев ќе помогнат за да заспие самостојно, ама не сака ни да чуе. Фрлив над 100 евра за цуцли, секакви видови, форми и материјал, џабе.