Лелее јас колку бев среќна дека пред 2 недели не ми сакаше цуцла. Си реков, готово ги тргнавме, кога во последно време почна да ја фаќа некоја нервоза да не сака да цица, па почнав со цуцла да ја залажувам пред да цица и така фаќа. Камо пак да не ги сака. Ич не ги сакам тие пусти цуцли.
Мајки и ние ги користиме шишињата на Томи Типи. И јас не знаев што им е истото ни се случуваше и плус почна многу бавно да пие и дури да се откажува на сред пиење, се додека не сфатив дека пие од погрешна цуцла Почнав да му ги менувам соодветно за возраста и сега нрмаме проблем, 5+++ сме, а веќе од скоро сме со 6+ цуцлата со најголем проток. Исто внимавајте за соодветото шише да си земете и цуцла, бидејќи тие што се со цевче внатре и тие без, не користат исти цуцли. Кај шишињата со цевче цуцлата е без дополнителен отвор за воздух додека кај другите без цевче е со. Доколку користите несоодветна ќе имате проблем. Најубаво да си купите од бебе супермаркет, најточно ќе ви дадат према вашето шише. Од искуство ви кажхвам бидејќи еднаш во аптека погрешна ми имаа дадено, па ја менував. Btw: цуцлите одат според возраст, над 3 месеци се корсти 3+ цуцла (со две капки проток) цуцла, над 6 месеци 6+ цуцла ( со три капки проток)
Мојов полни 4 уште малку, ќе видиме. Јас сум свесна за негативните ефекти од цуцлата, ама има и доста позитивни. Не инсистирам, ама сметам дека во одредени моменти цуцлата би помогнала многу за смирување.
Хаха и мене ми велеа така, но ми се најде кога ја мачеше стомачето. Сум плачела кога и ја дадов од страв дан ми се одбие од цице, но еве немам проблем. Се изнадавав и јас пари за цуцли, Avent, Nuk, Mam, Esska... ниедна од овие не ја сакаше. Ја фати само на Bibs, плус и најевтина е од сите, околу 50сек за 2 цуцли.
Апсолутно се сложувам, има случаи кога бенефитите се многу поголеми од потенцијални негативни ефекти, кои впрочем се минимални. Се што е умерено е ок. Мојот користеше само во одредени ситуации и еве сме супер дечко ипол
Моево пие од двојка на авент таа што е 1+ и од томи типи 0+ сеуште и мака немаме 5++ е . Пробува. Едно време да му дадам од цуцла со поголем проток се давеше и веќе не ни пробувам си пие нормално не се. Мачи ни се лути цуцла лажлквка само за заспивање користи онака не ја сака ја плука веднаш штом му ја ставам во уста. И ми одговара барем поле сни ќе е за одвикнување се надевам
Верувам дека помага, јас во оние моменти кога ја прифаќаше бев во зен состојба. Многу е фрустрирачки кога не е гладен, а дреме на цицка, а тебе ти се оди во вц, на пример.
Имам шишиња од нук и морам стелиризатор нук да купам или може некој друг па тие ќе ми пасираат внатре?
Здраво мајки, убав ден на сите. Сакав да ве прашам шишенцата после колку време ги сменивте? Ние сме 2 месеци и сакав да ги сменам за исти такви ама нови.. Па ме интересираше ваше мислење. Благодарам однапред на сите
Здраво, ако може совет за почеток колку шишнца ми требаат и колкави (колку мл)? Дали да се двете иста марка или различни за у случај едните да не не ги бендиса- на цуцлата мислам, затоа што колку што сфатив веќе кога ке купис една марка нема мењање цуцла на него од друга?